Владата собра 10 млн. евра со записи
Министерството за финансии вчера одржа уште една аукција на државни записи, втора овој месец, на која собра 10 милиони евра од банките. Овој пат беа емитувани тримесечни записи со камата од 4,2 отсто.
На веб-страницата на Министерството за финансии може да се види дека Владата планира и натаму да продолжи со нови задолжувања на домашниот пазар. Две нови аукции се закажани и за наредниот месец. Владата веќе го озакони и заемот од ММФ со кој на Македонија и' беа ставени на располагање околу 480 милиони евра за оваа година и за наредната, а се' уште е неизвесно и дали и кога ќе се издава нова еврообврзница. (Ек.Р.) |