|
|
|
|
|
|
Старата чаршија осветлена со фенери
ПРИЛЕП - Старата прилепска чаршија, споменик на културата, осветлена е со фенери што се вклопуваат во изгледот на овој урбан дел од градот. Со проект на локалната самоуправа, а по претходно одобрение од Управата за заштита на културното наследство, поставени се 24 сијалични места. Искористена е постојната подземна инсталација за да не се нарушува изгледот на Старата чаршија.
„Опфатени се шест улици, кои се поврзуваат со Градскиот саат и со малите попречни сокаци“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.
Со проектот за осветлување на Старата прилепска чаршија по 20 години, заменети се 16 канделабри околу Саат-кулата и околу фонтаната.
„Старата чаршија со Градскиот саат е гордост на Прилеп. Наша должност е да ја зачуваме нејзината автентичност зашто е дел од историјата“, додава Ристески.
Од Здружението на занаетчии уверуваат дека и тие ќе се грижат за зачувување на чаршијата.
Вкупната инвестиција за проектот е еден милион денари, од кои 400.000 денари се наменети за осветлување на Старата чаршија, а 600.000 за паркот околу Саат-кулата. (Д.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1077 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: zdrave |
Датум: 23.02.2011 14:36:58 |
|
sega Starata carsija izgleda odlicno,kako i celiot grad.Pokraj toa Prilep e najcist grad vo RM,i edistve koj ima separiran otpad. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 23.02.2011 16:46:03 |
|
zdrave ај не кини нездрави !!! Прилеп бил најчист град , а отпадоци и растурени кон тејнери на ској чекор!! Улиците калливи и со кратери како од втора св.војна.Ама битно е дека се перат парички , пардон , се ставаат некакви си канделабри во Старата прилепска чаршија од 400 евра парче, јапонските цреши и по неколку стотини евра/парче.. А тоа што околу саатот и остатокот од џамијата , веднаш до него , е јавно веце, малку битно.. |
|
|
|
|
|
|
|
|