Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Провизиите ги разгневија граѓаните

Навидум ситно, ама не е баш така, 10, 20, 50, па и над 100 денари се движат провизиите што ги наплаќаат банките

Соња Маџовска

Навидум ситно, ама не е баш така, 10, 20, 50, па и над 100 денари се движат провизиите што им ги наплаќаат банките на граѓаните и на фирмите за различни услуги. Огромни се тарифниците што ги имаат банките за што се наплаќаат провизии. Вчера една од банките ни го испрати последниот тарифник што го усвоиле за наплата на провизии и верувале или не, тој има над 50 страници на кои се испишани еден куп дополнителни давачки што ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите. Банките, всушност, ги објавуваат овие тарифници и на нивните веб-страници, но ретко некој ги гледа, а потоа кога плаќаме, сите се чудиме. Трошоци за одобрување кредити и кредитни картички, еднократна провизија при исплата, еднаш годишно провизија за обработка, надоместок за пречекорување, надоместоци за промет поголем од одредена сума, трошок за вадење пари од благајна, членарини. Постои провизија за предвремена отплата на кредитот, ��о на трошок на клиентот е и промената на договорот за користење. Списокот е долг.

Највисоки провизии има кога уплатите се вршат од една кон друга банка, каде што, на пример, ако се плаќа над 5.000 денари, банката зема провизија околу 100 денари. За помали суми провизијата е 30 денари, а 20 денари ако уплатата е кон самата банка. Иако порано и кога се плаќаа режиските трошоци банките наплаќаа провизија, сега тој систем се промени поради големите поплаки од граѓаните. Најголем број домашни банки имаат склучено посебни договори со овие компании за бесплатна наплата на струја, вода, парно и за нив не се наплаќа провизија. Не се наплаќа дополнителен надомест ниту за издавање нова сметка.

Големи се провизиите кога се подигнуваат пари од странство или за испраќање средства надвор од земјава. Висината на надоместот зависи од сумата што ја подигнувате или ја уплаќате. Банките наплаќаат трошоци и надоместоци при кредитирање, за услуги во платен промет во земјава и со странство, за девизно работење, за тргување со хартии од вредност.

Дека овие суми што ги заработуваат банките од провизии не се мали покажува фактот што банките по основа на провизии и надоместоци во 2009 заработиле вкупно 60 милиони евра, а лани заклучно со септември 40,7 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 1573 пати.

Испрати коментар

Од: Потенцијален гласач
Датум: 23.02.2011 12:24:16
Да се донесе закон со кој ќе се укине можноста банките при користењето на кредити да наплаќаат било какви провизии, надоместоци или слично. Единствено нешто кое ќе го плаќа корисникот на кредитот да биде каматата, а банката нека ги калкулира во каматата сите трошоци. Така ќе биде појасно колкави се трошоците за кредитот кај сите банки и каде кредитите се најповолни (условно речено). Еве, ќе гласам за партијата која ќе го предвиди ова во својата програма (а се надевам и ќе исполни).
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.02.2011 12:25:42
Банкоматот пред влезот на банката не "работеше", па плакањето го извршив со подигање готовина /13.000,00ден./ од шалтер, а за што ми беше наплатена провизија /10,00ден./, макар симболична, но сепак не коректно, бидејки по нивна вина бев принуден парите да ги подигнам на шалтер.
Од: ne zacuden
Датум: 23.02.2011 12:34:59
I normalno so vakvi provizii vo bankite da imaat najgolemi plati a direktorite da imaat i po 10.000 evra plata da 10.000 evra .
Од: Stavre
Датум: 23.02.2011 12:47:15
Koja glupost: "Најголем број домашни банки имаат склучено посебни договори со овие компании за бесплатна наплата на струја, вода, парно и за нив не се наплаќа провизија." Ne e taka. Firmite imaat skluceno dogovori so bankata za da provizijata se naplati od fiirmata, ne od uplakjacot. Istrazete malku, prasajte gi bankite. Isto taka i MTV treba da si sklopi dogovor, od niv da se zeme provizijata a ne od uplakjacot.
Од: zachuden
Датум: 23.02.2011 19:17:12
pred nekolku meseci od uprava za prihodi dobiv reshenie za da platam godishen danok po osnov na plata od eden denar. najprvin se zachudiv kako li samo im se isplateshe da troshat hartija i poshtarina za samo eden denar,nema nikakva logika neli. no moeto chudenje beshe ushte pogolemo koga vo banka mi naplatija provizija od 20 denari za toj eden denar. Ako ne go platish toj denar ke ti stigne kazna za neplakanje na danok ,moze i da te tuzat a ne e za chudenje ako i izvrshitel po osnov na presuda za toj eden denar da ti zeme 6000,00 denari. Gospod da chuva od ovoj ajdukluk ,kaj i da se svrtish te derat.ovoa go nemalo nitu vo vreme tursko, i togash na narodot mu ostavale da moze da prezivee za da moze pak drugata godina da dade. ovie nemaat milost ,daj sega se a za dogodina moze bi i ke umresh .
Од: Економичен
Датум: 23.02.2011 20:50:04
Луѓе од кога знам се наплајќаат банкарски провизии со симболична цена. До сега не сум плајќал провизија за сметки, РДТ... и најголемата глупавост за Таксена Марка. Ни една банка мислам дека не зема провизија за да извадеш пари од шалтер, освен ако не вадиш пари од трансакциска, а да вадиш од кредитна сметка, е тоа вејќе не се наши пари туку пари што ни ги одобрила банката па сега нека си наплаќа провизија!

Најди! во Утрински
Економија
Кочани ќе има централно греење
Навалица на пензионери во бањите
Нетарифните бариери пречка во соработката
Владата собра 10 млн. евра со записи
Старата чаршија осветлена со фенери
Различни давачки за радиодифузна такса
Црногорските министри нема да летаат за џабе
„Газпром“ и ОМВ ќе учествуваат во Јужен тек