22.03.2012, 17:29 Ќе се ловат и бизнисмени во мрежата на лустрација
Чекајќи ја одлуката на Уставниот суд, стигна предлог за сосема нов закон за лустрација
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нуди комплетно нов закон за лустрација, со кој се предлага да се лустрираат и лица кои стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, според Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал.
Со предлогот се предвидува јавно објавување на имињата на соработниците и можност физички лица да имаат пристап до информациите собрани за нив, на нивно барање, на барање на нивни роднини по прва линија до втор степен, вклучително и на лица овластени од нив со полномошно заверено на нотар. Комисијата за верификување на фактите, меѓу другото, ќе има надлежност и да покренува постапка по иницијатива на трети лица.
Временскиот опфат на лустрацијата ќе биде до 2006 година, односно, според Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, до носењето на законот за слободен пристап на информации од јавен карактер.
Во однос на опсегот кој беше спорен за Уставниот суд, а се однесуваше на новинарите, радиодифузните претпријатија, верските заедници, политичките партии, лицата од невладините организации и фондации, Бонева рече дека во овој закон се предвидува дека Комисијата на нивно барање може да изврши процес на лустрација.
„Не е обврска да се лустрираат ниту невладините организации, ниту политичките партии, верските заедници, медиумите и радиодифузните друштва“, вели Бонева. Таа појаснува дека тоа може да го направи Комисијата за верификација на факти врз основа на барање на раководството или работодавецот. „Оцена е на раководството на политичката партија, на радиодифузниот сервис, поединечно на секој оној што сака да се лустрира, да даде писмена изјава до неговиот одговорен раководител и тој да ги достави документите до Комисијата за лустрација“, рече Бонева.
Документот е насловен како текст на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. Текстот е изготвен во соработка со ДУИ и парламентарните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Текстот вчера им е поделен на сите пратенички групи и независни пратеници во Собранието. Законот ќе биде официјално поднесен откако до пратеничката група ќе пристигнат забелешките од сите претставници во Собранието.
Новиот закон за лустрација се предлага во време кога се чека на одлуката на Уставниот суд, кој на 25 јануари оваа година поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на повеќе спорни одредби од постојниот закон, но и од направените измени во два наврата. Поради привремената мерка што ја изрече Судот, во моментот сите дејства поврзани со лустрацијата се стопирани. Комисијата за верифицирање факти не прима нови изјави и се занимава со технички работи. (П.Р.) |
|
Статијата е прочитана 2648 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.03.2012 00:02:05 | Vaka kako sto e predlozeno e OK, no kako ke ispadbne vo prajsa, ke vidime. |
| Babura, 23.03.2012 05:00:08 | Dzingo, Stojmenov, (K)Latas, Gazdta na Ohridska Vinarija (onoj sto ja kupi vinarijata so pari od tajvanskite krediti a ne gi vrati) i dr bliski do vlasta ke gi ceslaat li?!
Ili ova e samo legaliziran reket?!
|
| jimmy1, 23.03.2012 05:57:38 | A zosto da ne bidat opfateni do denes, tuku da bidele opfateni do 2006. Sigurno e toa za da se zastitat VMRO-ovcite zosto vie ste na vlast za celo toa vreme. Vo sekoe nesto samo e matite vodata. Prvo treba da pocnite od vas pa ponataka so site.
Boneva ako nee tajna, sto si po nacija, egipcanka ili palestinka???? |
| Sydney Australia, 23.03.2012 06:46:04 | E vaka se pravi lustracija ako odite do kraj,
Makedonija ja ispokradija Ekonomski Teroristi i Aramii, toa sekoj go znae.
Koj gi ispuste makedonskite drzavni kompanii i stppanstva.. ???? Koj gi kupi za $ 1.00 i sega broi Milioni dolari,, ???
Toa e Lustracija Cestito, ova go ceka cel makedonski narod, ve molam Odete Do Kraj i sto e moxno pobrzo |
| dragoljub, 23.03.2012 07:00:02 | Bravo taka treba graganite ke bidat zadovolni i ke glasaat povtorno ami toa sto se kaze i da se sprovede ,Blagodarim za ovoja predlog.Neopredelen partiski citatel. |
| Alek, 23.03.2012 07:35:59 | Ova trebase da go napravi ljubco pred pred 15 god, ama i toj si pretpocitase da si stane oligarh, samo so vakov u.s. teshko deka ce moze da se raskrsti so kodoshkite strukturi. |
| Istocna Makedonija, 23.03.2012 08:21:55 | Samo da nema selektivnost!Da ne bide krajnata
rezultanta,JAS sega ke gi lustriram tajkunite od
sprotivniot tabor,a utre...?,,!Utre e nov den! |
| Вознемирена!, 23.03.2012 08:49:18 | Ова ке биде лов на вештерки (кои не се ВМР Овци). Страшна работа. Македонија прави селективна лустрација. Ако некого криво го погледнеш, ако не му се свиѓа твојата фризура и стајлинг може веднаш да те лустрира...
|
| Bogomil(ec), 23.03.2012 08:49:48 | Г-ѓа Бонева имаше мошне конструктивен настап вчера во Парламентот, образложувајќи го новиот закон за лустрација. Посебно импресионира делот кога го апострофираше она вр��ме кога во општеството владееше, според неа, идеолошката чума, што таа го нарече комунистичко. Кога на ВМРОвците безмалку по улиците им биле симнувани главите од рамениците, како што тоа го правеше своеввремено главосечата Ванчо Михајлов со цутот на македонската емиграција во Бугарија. Ама некои денешни ,,патриоти,, со портокалови наметки, не забораваат да му отпслужат панахида. Новиот закон за лустрација, ако сакате, не е ништо друго туку уште еден излив на фрустрација, поради фактот што беше запрен процесот на сеча на главите на неистомислениците. Посебно на оние што со своите ставови покажуваат дека не се босоумни мислители, туку зрелорезонски суштества. |
| Pero Trajkov, 23.03.2012 10:05:02 | Javno, na internet, -KODOSI- so fotografija i kade rabotel i kade sega raboti. Istoto treba da se sprovede i za site kriminalci. So fotografii, za kakvo delo, javno, na udarni vesti, a ne so inicijali i zamatena slika. Taka ke se namali i stapkata na kriminalot. Toa e stara proverena metoda, koja bese primenuvana so javno setanje na lopovite po ulici, so tabla aramija na vratot - pa da vidime dali ke se resat pak za istoto. Javniot sram ke gi natera da se podzamislat. Sega se zastiteni, skrieni i se im e (i bese) dozvoleno, pa zatoa dojdovme na ova deredze, so olos i kriminalci da rakovodat so drzavata . |
| aleksandar, 23.03.2012 11:02:46 | Ова е најлошата верзија на овој закон Зошто?
1.На кој начин ке се докаже дека некој се збогатил од транзицијата ако нема судска пресуда за тоа, не може само од рекла казала некој да се оцрни дека се збогатил и ајде на лустрација.(ова е рекет и закана)
2.И како секој може за секого да побара да биде лустриран како ке му текне, значи сите да се кодошат мегу себе ?
3.Препораките на ЕУ се да се расчисти со ,,југословенските тајни служби,, а такви нема од 1991. |
| Читател од Скопје, 23.03.2012 11:32:03 | Добро е и фер е, што дечкиве не се откажуваат од борбата против олигарсите и криминалците од минатото. Подршка и од мене. |
| citatel, 23.03.2012 12:02:06 | Gluposti nevideni.A i komentarive se koj od koj: site sakaat samo seir da gledaat .Namesto da se izborime podobro da ziveeme vo idnina, kje se zabavljame so koj koga komu kako zosto. |
| Таен Агент, 23.03.2012 16:19:26 | Така треба да се откријат сите карти! Кој си ја има мувата на капата ќе мафта! Нека се откријат сите кодоши и агенти кои газеја живи луѓе и уништуваа животи и семејства! Господ касни ама не заборава! |
| Risto Andova, 23.03.2012 17:54:43 | За жал, новиот закон за лустрација ќе значи нов бесмислен почеток, нови лаги и измами на наридот, но нова надеж на Антикомунистите за конечна пресметка со Комунистите и комунистчкото минато на нашава земја! На времето, покојниот претседател на бившата Чехословачка република Вцлав Хавел има речено: Полоши од комунистите се антикомунистите! Се добива впечаток дека фамилијата на Грујо, со сите сили настојува тоа да го дкаже. Еве според новиот закон, ако биде усвоен, ќе биле лустрирани сите до 2006 г. Значи сите, освен спомнатата фамилија каја била иделна!!! |
| bitolchanec za Makedonija, 23.03.2012 18:33:43 | Taka e cece Silvanche. Na videlina so kriminalot na oligarshchinata i so aramiishtata. Prvo da gi vratat parite sho gi ukrale. Site, do Evro. Posle, mislam najdobro e VMRO-to da gi vlozi tie pari vo proektot Skopje 2014. Za da se doizgradat ushte edno dva-triestina eptem vazni objekti od skopsko znachenie, no i od poshiroko. Toa poshirokoto da mu se prepushti na specialna skopska komisija i specialni skopski avtori. Samo edno te molam ko Gospot, ziti mene cece Silvanche, ne ja zaboravajte Bitola sega so ovie boluk pari na videlina. Neka puknat prilepchani od maka, oti tie ja viknaa Ceca na PivoFest, znaesh. Od kaj najdoa be pari za PivoFest. Pak chorka od narodot. Zato nishto za prilepchani. A i so godini ne tepaa vo fudbalot. Cece, samo za Skopje i za Bitola ovaj pat, ziti majka cece.
Imaj si dobar den. Bonne journée. Have a nice day. |
| patriot, 23.03.2012 20:42:01 | konecno mora da se zavrsi ova ne se malku 42 000 makedonci koj od razni pricini zavrsija na goli otok i nikogas ne se vratija doma |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|