Хороскоп
ОВЕН
Се' е во знак на прераните акции, вложување голема енергија и нервози. Кога ќе се освестите, ќе сфатите дека можело и поедноставно, но што да се прави кога не можете да избегате од својата природа. Поведете поголема сметка за своите нерви.
БИК
Благодарение на смислата за систематичност ќе успеете да го решите проблемот кој долго време ве измачува. Не ви пречи големиот напор, како ни бавноста со која се одвиваат настаните. Стабилни сте, знаете што сакате и доаѓате до целта.
БЛИЗНАЦИ
Работите се одвиваат бавно, а тоа ве доведува до лудило. Доколку имате можност да се занимавате со работи кои не бараат добри рефлекси, туку бистар ум и длабока концентрација - ќе остварите резултати. Планирате некое патување од кое очекувате многу.
РАК
Вашиот живот се врти околу љубовта. Добро се чувствувате и ја разменувате позитивната енергија со партнерот. Кога нешто ќе наумите умеете и да бидете агресивни, па и на емотивен план. На крајот ќе сфатите дека џабе сте биле љубоморни.
ЛАВ
Доколку не се обидете да се одбраните од околината, ќе се разболите. Светот ве оптоварува и енергетски ве исцрпува до таа мера што ве загрозува. Обидете се да се дистанцирате, зашто само така ќе ги одбегнете опасностите кои ве демнат.
ДЕВИЦА
Деловниот успех, финансиската сигурност и желба за доминација се само одраз на денешните случувања. Уживате во докажување на сопствените вредности, но обидете се да не претерате. Можни се проблеми со крвната слика. Бидете внимателни.
ТЕРЕЗИЈА
Богатиот друштвен живот ќе придонесе да имате незаборавен ден. Осцилациите во расположението се карактеристични за вас во овој период. Обидете се да научите правилно да ракувате со пари. Не претерувајте со инвестиции.
СКОРПИЈА
Кон сите работи се однесувате сериозно и одговорно. Уште кога би успеале да се дистанцирате од луѓето кои ве оптоваруваат. Но, бидејќи сакате да одите по потешкиот пат, ќе истраете до крај. Можни се проблеми со слухот или коските кои се реакција на стресот.
СТРЕЛЕЦ
Ослушнете го својот внатрешен глас, кој јасно ви кажува што треба да направите за да ги олесните проблемите и да функционирате на најдобар начин. Не грижите се без потреба. Обидете се да направите правилен распоред на обврските според приоритетот.
ЈАРЕЦ
Не нервирајте се без потреба зашто само ќе си натоварите повеќе проблеми и ќе го предизвикате непријателството на околината. Обидете се да ги намалите физичките активности и да го елиминирате преморот придружен со лоша концентрација.
ВОДОЛИЈА
Чувствувате потреба да остварите некоја животна цел. Бидејќи е евидентен големиот бран на креативна енергија, обидете се да најдете начин да ја изразите соодветно. Продолжуваат проблемите кои ве мачеа во изминатиов период. Ве очекува голема промена.
РИБИ
Успешен ден во секој поглед. Најважно е дека добро се чувствувате и знаете што сакате. Бидејќи таквите моменти се реткост, истрајте во намерата да реализирате што повеќе работи. Ситуацијата бара од вас одговорна работа со пари и поголема одговорноста спрема здравјето.
|