Кога со денови првите десетина минути од телевизиските вести и насловните страници се резервирани со вести од црна хроника во која доминираат убиства, грабежи, насилство, крвави пресметки и кога се бројат жртвите, тогаш секој нормален човек би се запрашал каква е безбедноста на граѓаните во земјава? Работата е дојдена дотаму што нема ден, а тој да не помине крваво и кобно за нечиј живот. Речиси нема претпладне, а да не се слушне дека разбојници со невидена дрскост, сред бел ден влегуваат со качулки на глава и до заби вооружени, комотно пљачкосуваат банки, штедилници, менувачници, обложувалници или комбиња полни со и од патарини или неисплатени пензии. Со невидена леснотија се посега по ножеви, се пука од пиштоли, па дури и се распалува со калашњикови без притоа да се помисли дека толку лесно се одзема нечиј живот. Па нели животот беше скапоцен!? Кога ли толку брзо опадна неговата цена до степен да стане безвреден!?
Веќе не е прашање и дали денеска некој ќе биде убиен, туку прашањето на денот е колкав е бројот на убиените и ранетите, кои потоа по некаков автоматизам преминуваат само во обична статистика. Се чини дека телевизиските прилози од убиствата во кои задолжително се снимаат локви крв и безживотни тела поминуваат како најобични слики. Можеби треба сериозно да се размисли пред секој ТВ-дневник да стои предупредувањето дека емисиите не се препорачливи за деца под 18 години, затоа што емитуваат вознемирувачки содржини.
Зошто секој ден се' повеќе се посега по оружје и по нечиј живот? Како да се објасни убиството што се случи на обичен фудбалски натпревар на селската полјана кај скопско Коњаре? Какви мисли го натераа докторот безмилосно да ја искасапи директорката на Заводот за рехабилитација или должникот, кој во еден ден убиваше од Бутел до Кисела Вода? Што се случи со капетанот на АРМ, што излезот од долгови сакаше да го реши ограбувајќи банки? Или пак, што да се каже за завчерашната крвава драма кога во оружен грабеж кај Автокоманда еден загина и еден е ранет.
Дали општата фрустрираност на граѓаните поради нивната секојдневна беспоштедна борба по минимална егзистенција ги натера да бидат толку сурови еден кон друг. Или тоа е поради големото присуство на оружјето во државава поради кое владее општ страв, хаос и безредие? Дали општата несигурност, апатичност и падот на моралните вредности се главната причина поради која дури и за најмала ситница и караница се крева рака по другиот?
Состојбата, сепак, е премногу сериозна за да може толку лесно да се објасни и да се дефинира зошто се случува тоа и зошто ништо не се презема. Уште понаивно е да се оправда дека секаде се случува криминал, па еве има и кај нас и дека во инцидентите има и понекоја „колатерална штета“. Загрижува и тоа што се говори дека стравот што владее кај граѓаните за индивидуалната безбедност некому одговара, поради тоа што државата потклекна во решавањето на сите важни прашања.
Стасавме да личиме на некаков лош гангстерски филм, каде што по улици се пука и не се прашува во кого и зошто. Но, уште позагрижувачко е отрпнувањето на настаните од црната хроника, пролеаната крв, убиените луѓе, кои веќе почнаа никого да не го потресуваат. Во информативните гласила е вистинска реткост да се сретне некоја убава вест, културен настан, какво било достигнување. Тоа веќе никого не го интересира. Настани на денот се кој кого убил, што е денеска ограбено. Тоа ни стана вообичаеност и дел од нашето секојдневје.
А, каде е тука полицијата, која е најодговорна за зачувување на редот и безбедноста во државава. Не се доволни коментарите на министерката за полицијата дека „се' е под контрола“. Крајно време е да се прочисти и во сопствениот двор и некој да ја преземе одговорноста затоа што стануваме една од најнесигурните земји во регионов. Работа на полицијата не е само да евидентира лешеви и да ги собира чаурите од местото на настанот. Вака излегува дека безбедноста како да не и' е приоритет, бидејќи е презафатена со пишување казни.
Изгледа дека е ова само почеток на уште поголемо насилие и криминал на кој не му се гледа крајот.Можеби министерката е зафатена со подготовката за нејзината свадба,оди на фризер,па на депилација и кутрата нема време да се занимава со ,,ситни,, криминалци кои се на пат да ни ја расцепкаат државата.Цехот го плаќаат недолжните граѓани на Македонија.До кога ? А,нешто и Бициклистички занеме.Рејтингот им е приоритет а не безбедноста.За несреќа на ДПМНЕ рејтингот на криминалците е поголем и изнесува 100 %.
Од: Сергеј
Датум: 27.05.2010 00:29:45
Одговорот на прашањата е многу едноставен - затоа што со голема леснотија ги отфрливме „искривените вредности“ од претходниот систем (оние по кои толку многу оваа влада плука) и без размислување ги прифативме „вистинските вредности“ на капитализмот, во кој се’ е за продажба и за на пазар: и човечките души и човечките тела и човечкиот живот. Искривени вредности?! Се гордеам што уште верувам во нив. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Starosedelec
Датум: 27.05.2010 01:36:59
Pa neli e toa kapitalizam za koj sto se glasase?
Vo "komunjarskiot" socijalizam takvi vozboduvanja nemase. Mozebi sistemot bese dosaden pa nekomu mu trebaa povekje vozbuduvanja.
Од: Koki
Датум: 27.05.2010 06:50:56
Se soglasuvam so komentarite i mozam da napravam sporedba bidejki ziveam vo Avstralija kapitalisticka zemja. Ovde parata doagja na prvo mesto pa posle se ostanato dodeka vo socijalizmot mozese da legnes na ulica i nikoj nema da te zgazi tuku ke izleze od kola da ti pomogne zatoa sto prvo doagja covekot na prvo mesto pa posle se drugo.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.05.2010 07:42:50
Добивме див капитализам и што е најважно без да се праша народот.Се изврши всушност контраревплуција за среќе без крв.Затоа новопечени политиканти - аутсајдери во средините и губитници дојдоа да ги лечат фрустрациите и да го искривоколчуваат системот.Затоа не изградија систем со вистински вредности и институции туку држава со племеноиден карактер каде на племенскиот старешина - вождот требе сите да му се потчинети и да му се клањаат. Така држава не се гради во 21 век.Затоа ќе биде и полошо и пострашно.
Живи да сме - ќе видиме.
Од: Milky way
Датум: 27.05.2010 09:12:03
Не ја гледам нешто министерката да излезе да каже некој пофален збор за полицијата, во врска со акциите на криминалните групи (кои патем тие ги контролираат).Го нема Радникот(најголемиот Балкански експерт за дроги и психотропни супстанци), да излезе да каже зошто немаат никакви сознанија во врска со можните сторители на гнасниот чин.Или пак излегува само кога ке фати некој ситен дилер на дрога кој или му навлегол во територија или пак не платил доволно?!?Зошто?Па нели лани во МВР купија 300 нови ВОЗИЛА (кои патем сеуште не се платени) демек за да се зголемела безбедноста во сообраќајот по патиштата!Или полицајците откако ке ја сработат нормата ги запоседнуваат кафаните, незаинтересира��и за ништо!Не ми се излегува од дома, на секој чекор комбиња полициски, како да живеам во Уганда,а не во Македонија.Го сменија начинот на живеење на обичнио Македонец.Страв да ти е улица да преминеш дане те прегази некое службено возило.Почнаа и на количките во Тинекс ротација и сирени да ставаат.БАГРА...
Од: kaktus
Датум: 27.05.2010 10:39:37
Како да е заборавена елементарната логика:
Колку повеќе криминал- толку поголема потреба од држава и нејзините органи за борба против криминалот-полиција, обвинителстава,судови етц. Власта токму со криминалот ја потврдува својата општетствена оправданост своите позиции, привилегии етц. Инаку, ако нема криминал, кој би ги фермал. Вака државата добива на значење и цена.
Од: mleko
Датум: 27.05.2010 14:58:52
SDSM dodeka bea na vlast tolku iskradoa go opustosija narodot sto sega i Regan da se povampiri i da dojde da opravuva ke nema sansi ... narodot makedonski si e samiot kriv za sve dava otpor so ednoglasen molk i suskanje megu niv samite a nikoj nema hrabrost da izleze i da se bori za svojata zemja.
Од: valerija
Датум: 27.05.2010 15:58:59
se plasam deka postrasno doprva doaga sto se ocekuva od luge koj zivejat na rabot na osnovna egzistencija nekoj nemaat pari ni za leb a za drugo da ne zboruvame vaka zatvoreni bez perspektiva sami ke se ispoubieme