Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Паушали од 2.000 евра за членовите на АЕК

Со примања повисоки од оние на претседателот, членовите на АЕК ќе бидат најплатени функционери во државата

Оливера Војновска


Со месечни примања од околу 2.000 евра членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации ќе бидат најплатените јавни функционери, со значително повисоки примања од претседателот, премиерот и од спикерот, кои з�� извршување на највисоките државни функции добиваат по 90.000 денари, околу 1.500 евра. Ваквиот месечен паушал за петтемина членови на регулаторното тело е предвиден со измените на Законот за електронски комуникации и, според потпретседателот на Собранието Јани Макрадули од СДСМ, ќе претставува награда за сервилност кон премиерот Никола Груевски. Особено, како што вели Макрадули, за тројцата членови од Комисијата што биле во Кабинетот на Груевски, во периодот кога тој бил министер за финансии.

„Сумата од 120.000 денари што овие членови ќе ја добиваат секој месец, со обврска да имаат само четири седници во годината, не може да биде ништо друго освен награда за нивниот молк за тоа што се случувало во Министерството во 2001 година“, е уверен Макрадули. Тој на вчерашната седница на Комисијата за транспорт и врски ги критикуваше предложените измени на Законот за електронски комуникации, уверен дека Владата врши упад во АЕК и истовремено прави законска основа за масовно прислушување на граѓаните.

На вчерашното второ читање на спомнатите законски измени Комисијата за транспорт и врски не прифати по��еќе амандмани предложени од СДСМ. Меѓу нив беше и барањето за бришење на одредбата што предвидува Министерството за транспорт и врски да има можност да регулира неправилности во работењето на АЕК, а Владата да дава мислење за планот за намена на радиофреквенцискиот опсег.

„Доколку законот остане во ваква форма, Владата ќе врши упад во работата на АЕК, што е спротивно на европските директиви“, рече Макрадули образложувајќи го амандманот.

Законот го бранеше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, која е убедена дека опозицијата сака да ја политизира целата постапка. „Не смее на Владата да и' го ускратиме правото да сугерира во случај на незаконитости. Законските измени се во интерес и на граѓаните и на операторите“, смета таа.

Но, на Макрадули не му е јасно како Димеска тврди дека законот е во интерес на операторите, ако од 47 забелешки што тие ги доставиле за текстот, им се прифатени само три. „Тие добиваат обврска да набават опрема за прислушување и линк до МВР. За тоа ќе потрошат над 150.000 евра, а тие трошоци ќе ги наплатат од џебот на граѓаните, преку зголемување на цените“, рече Макрадули.

Министерот Миле Јанакиески негираше дека се прекршуваат европските директиви, појаснувајќи дека станува збор само за усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Според овој Закон, Министерството за транспорт е овластен орган на државната управа врши надзор над законитоста на работењето на АЕК како правно лице. Јанакиески уште кажа дека законот бил подготвуван седум месеци, а минатата година за него имало и јавна расправа. „Овој закон уште минатата година беше доставен до Европската комисија, од каде што добивме цела матрица со забелешки, што беше доставена до пратениците. Одговорно тврдам дека не е спротивен на ниту една европска директива, а особено на Рамковната директива со која се уредува работењето на независниот регулатор“, рече Јанакиески. Сепак, министерот не кажа ниту збор за обвинувањата дека со законот се создаваат услови МВР да ги прислушува граѓаните кога ќе посака.


#
Статијата е прочитана 1999 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 27.05.2010 00:58:38
Site komisii,upravni odbori, i slicni parazitski duvla treba da se procistat. Da se vidi koj se tamu clenuva(sinovi i kerki na poznati politicari koj se i na poveke mesta)i kolku ja kosta drzavata/narodot ova "reketiranje".
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.05.2010 07:49:35
Вакви криминали а озаконети со одлуки и закони има премногу во државава.Срамота за лезилебовичи да земаат плата за еден месец колку работниците во текстилот за повеќе од една година.Дали дел од парите одат во партиските централи?Потоа се прашуваме зошто се задолжувањата а народецов - нели многу ум,ен - ни збор да каже за озаконетиот грабеж на секој чекор. Долно и крајно срамно. Не знаат од каде се нема да се полнат со пари. И за овие гадости комуњарите се виновни? Арамии дојдоа на власт. Ѓукановиќ ќе го надминат во богатство.
Од: девичанецот
Датум: 27.05.2010 08:47:50
Јани, Јани... Многу брзо заборави Вашата Пробиштипјанка од истата таа комисија во АЕК како работеше и како си ја наградувавте. Потполно ќе беше во право ако и Вашите претставници коректно, чесно и достоинствено работеа во тие комисии и тела. И секако ќе беше подржан не само од мене, туку и пошироко. А на овој начин само отвораш стари рани и партиски си го намалувате угледот.
Од: eu
Датум: 27.05.2010 10:14:04
ako ova clenuvanje za 2000evra mesecno i 4 sednici vo god nee organiziran kriminal jas togas neznam sto e organiziraN KRIMINAL pa vo maked mnostvo ziveat so 4-5ilj mesecno i toa familii pa nee ni cudo sto vmro se pravi da ve zaplasuva so identitetot da ne vlezete vo eu pa eu se znae kade odat parite abe prosti makedonci ve zalam trpite i cutite za 1% da zivee i rasipuvat.
Од: odgovor na devicanecot
Датум: 27.05.2010 15:28:55
Pa dobro be zar slepi ste ovie vo AEK se povazni od premierov i od pretasedatelov za drzavava , TAKA LI !! e pa ce se zaprasa li nekoj zosto ???? , Jani kakov takov edini kreva glas , pa nekoj mora be .. drzavata otide jabana, a vie mislite na 45 -ta deka nekoj nesto na strana rekol .. da gledame malku napred , do kaj ce trerame vaka !!!!!!!! ni penzii ni zdravstvo ni nisto nema da ostane ako bbez rabota se zemaat 2000 eura se prasuva li nekoj OD KADE SE TOE PARI !

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Името не одведе до поларизација место компромис
Животот веќе не вреди ни пет пари
Гангстерски сцени по нашите улици
Незаштитени шуми
Буџетот да се скуси најмалку за 150 милиони евра
Ѓоко Танески се лизна во полуфиналето
За три години збогум на здравствените книшки
Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга
Крсти ме мајко, карај ме
Фискална децентрализација и локални демократии
Се преполовува инвестицијата на ТАВ во Македонија?
Експертска поддршка за кинеските автобуси
Струмица фудбалска мека на Македонија