Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга

Поетот вчера беше погребан во селото Кожле, а во МАНУ се одржа комеморативна седница

Невена Поповска

Селото Кожле во околината на Скопје, родното село на неговите предци, од вчера е вечниот дом на поетот Гане Тодоровски. Во малата селска црквата „Св. Спас“ вчера се собраа академици, писатели, политичари, пријатели, соселани... сите да се простат од професорот, академик, книжевен критичар, историчар, научник, есеист, преведувач и пред се поет со највисоки вредности во македонската поезија. Со литургијата во црквата во Кожле чиноначалствуваше Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Заветот на поетот ги донесе сите тука. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на закопот. И желбата му беше исполнета. Кожле имаше посебно место во неговиот живот. Во песната „Запис за слегувањето на Андрија Кожланец преку скрките катлановски кон Скопје“, посветена на неговиот предок кој заминал од предочкото Кожле за да се задоми во Скопје, вели: „ времето е пустина што треба/ и да се изоди и да се издржи Пустина/ во која ние се донесуваме себе/ и ние донесуваме се...“

Со поетот се збогуваше, претседателот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски, кој рече: „Во македонската културна и национална меморија Гане Тодоровски останува каков што беше и во животот и во творештвото: силна компонента која остави длабоко врежани, неизбришливи траги во нашиот книжевен живот со толку впечатливиот, и толку препознатливиот, и толку незаобиколивиот многуречит печат ганетодоровски. Нам ни е јасно, продолжи Смилевски, дека со заминувањето на Гане Тодоровски завршува едно поглавје во книжевниот живот кај нас. Тоа е огромна празнина која допрва ќе ја почувствуваме“. Смилевски потсети дека „со физичкото заминување на Тодоровски Друштвото на писателите на Македонија губи еден од неговите осмислувачи и соподвижници, еден од неуморните творечки генератори на идеи, атмосфера и енергија“.

Зад себе, академик Тодоровски остави десетици и десетици книги, ракописи, архивски материјал, не само негово творештво, туку и архивски материјал за текот и развојот на современата македонска литература, за речиси сите автори. Гане Тодоровски остави зад себе постојано отворена книга, жива, бесмртна книга, пишувана и допишувана повеќе од шест децении, период рамен на една цела епоха во развојот на македонската литература. Податок сам по себе импресивен и достоен за почит.

Во Македонската академија на науките и уметностите, заедничка комеморативна седница одржаа МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Друштвото на писателите на Македонија, на која присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот претседател Киро Глигоров, академици, професори од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје,членови на ДПМ, почитувачи на делото на Гане Тодоровски.


#
Статијата е прочитана 605 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Името не одведе до поларизација место компромис
Животот веќе не вреди ни пет пари
Гангстерски сцени по нашите улици
Незашт��тени шуми
Буџетот да се скуси најмалку за 150 милиони евра
Ѓоко Танески се лизна во полуфиналето
За три години збогум на здравствените книшки
Паушали од 2.000 евра за членовите на АЕК
Крсти ме мајко, карај ме
Фискална децентрализација и локални демократии
Се преполовува инвестицијата на ТАВ во Македонија?
Експертска поддршка за кинеските автобуси
Струмица фудбалска мека на Македонија