Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Промоција на Собрани дела од Васил Куноски

Издавачкиот центар „Три“ денеска во 14 часот во ресторанот „Воденица“ организира свеченост по повод промоцијата на Собраните дела на доајенот на современата македонска литература за деца, Васил Куноски.

Во своето долгогодишно творештво, поетот и писател Васил Куноски остави зад себе завиден книжевен опус, што за првпат се објавува во целост во ова тритомно издание.

Објавувањето на „Собрани дела“ е проект кој пред се има едукативен карактер и сите отпечатени книги ќе бидат подарени на училиштата и библиотеките ширум Македонија со цел да се збогати нивниот книжевен донд.

Тритомното издание ќе го промовира Весна Мојсова-Чепишевска, а предвидено е да учествуваат и претставници од хорот на „Златно славејче“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Авантури без трошка милост
Берлиналето ќе биде посветено на независниот филм
Четири нови книги на митрополит Методиј Златанов
Интимни графити од Јасна Петков-Стојановиќ
Фотографии на Матеј Богдановски во ЦК
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Деведесет дела конкурирале за наградите на ДПМ
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks