Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Четири нови книги на митрополит Методиј Златанов

Во просториите на Музејот на град Скопје вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промотивна презентација на зборникот есеи под наслов „Безбојни патокази“ и трите поетски книги: „Осмиот ден - безгласница“, „Импромпту“ и „Двопис“, кои под етикетата на Издавачкиот центар „Три“, оваа година ги објави отец Методиј Златанов. Воведниот збор на презентацијата ќе го има издавачот Винка Саздова, а за книгите ќе зборува самиот автор, митрополитот Методиј.

Во зборникот „Безбојни патокази“ повторно се среќаваме со полемичкиот дискурс на отец Методиј Златанов, веќе препознатлив во претходните негови зборници „Вавилон и Ерусалим“ и „Време“. На теми што ја третираат актуелната проблематика од духовноста, етиката и културата на нашето секојдневје, авторот ни ги открива своите лични опсервации од перспектива на црковната мисија во Америка и во Канада, во споредба со она што се случува на стариот континент.

Поетската книга „Осмиот ден - безгласница“ содржи осум циклуси дадаистичка поезија, што ги презентираше отец Методиј Златанов на изложбата во Кабаре Волтер во Цирих, Швајцарија, во мај оваа година, заедно со словенечкиот сликарски колектив Ирвин. Поезијата во оваа книга е омаж на творештвото на Хуго Бал, еден од родоначалниците на европската авангарда уметност.

Како што сугерира и самиот наслов, поетската збирка „Импромпту“ претставува колекција од лирски импровизации сместени во четири циклуси минималистичка поезија. Таа е плод на најновите поетички истражувања на авторот во сферите на визуелната поезија во корелација со естетиката на минимал-арт.

Најновата поетска книга „Двопис“ има монолитна структура образувана од песни-парови во херметичка симетрија. Секоја песна еманира на страниците од книгата, најпрвин во кодиран облик, според најновата техника на пакување на алфанумеричкиот материјал со помош на брзочитачките код-генератори, а потоа и во конвенционален текстуален облик. На овој начин и самиот формален аспект на песната претставува глобална метафора на единството на душата и телото, невидливиот и видливиот аспект на нашето постоење, што е тематска окосница на целата поетска книга. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар

Од: Aman
Датум: 22.12.2010 02:14:52
Ljubitel sum na pisaniot zbor, se' pomalku gi ima takvite, megjutoa ne mi e jasno zosto se objavuvaat ovie knigi i koi kriteriumi gi ispolnuvaat. Zaludno trosenje na hartija i pari. Koj go plakja objavuvanjeto na duri 4 knigi, avtorot? Milsam deka kreativnata misla vo Makedonija e zabegana vo epten sporedni ulicki. Dajte im sansa na onie sto zasluzuvaat a ne na onie sto se vo pozicija da objavuvaat, amin!

Најди! во Утрински
Култура
Авантури без трошка милост
Берлиналето ќе биде посветено на независниот филм
Интимни графити од Јасна Петков-Стојановиќ
Фотографии на Матеј Богдановски во ЦК
Промоција на Собрани дела од Васил Куноски
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Деведесет дела конкурирале за наградите на ДПМ
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks