Интимни графити од Јасна Петков-Стојановиќ

„Не допирај, интимно е!“ - интимни графити е прва книга од Јасна Петков-Стојановиќ, која вчера книгоиздателството „Култура“ го претстави во јавноста. Станува збор за прво поглавје од она што креативниот ум на Јасна сака да му го подари на светот, кој се базира исклучително на хуманистичка, естетска, идеалистичка, оптимистичка и духовна ориентација кон животот.
„Ова е моја прва колекција на најмодерната книга во светот, која ќе ја вклопите во гардеробата и чевлите и со стил ќе зачекорите во најчовечките животни трендови!“ вели авторката.
Таа го пишува своето следно дело, прави нова колекција на „интимни графити“... (Н.П.) |