|
|
|
|
|
|
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
1. „Утрин��ки весник“ доделува единствена годишна награда „Роман на годината“ , за која можат да конкурираат сите романи напишани и објавени на македонски јазик во периодот од 15 декември минатата година до 15 декември тековната година.
2. Наградата ја доделува „Утрински весник” на предлог на петчлено жири составено од реномирани книжевни дејци и еден претставник на редакцијата на „Утрински весник”.
3. Книгите што влегуваат во конкуренција за наградата „Роман на годината“ можат да ги предлагаат издавачите, самите автори, како и сите физички и правни лица кои имаат интерес тоа да го сторат.
4. Предлагачите се должни најдоцна до 15 јануари следната година да ги достават предложените книги за наградата „Роман на годината“ и тоа во пет примероци .
5. „Утрински весник” е должен да ја објави одлуката за добитникот на наградата најдоцна до 15 март следната година.
6. Наградата „Роман на годината“ мора да биде доделена.
7. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари. |
#
|
Статијата е прочитана 174 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Добре Тодоровски |
Датум: 21.12.2010 12:17:46 |
|
На која адреса треба да се доставуваат книгите за конкурсот и со каква назнака? |
|
|
|
|
|
|
|
|