На парцелата има обележано две дозволени висини, од 29 метри (за црквата) и од 50 метри (за камбанаријата)
Деспина Трајковска
Во последната верзија на урбанистичкиот план „Мал ринг“ нема маркичка за црквата ниту, пак, за Бурмали-џамијата. Парцелата предвидена за храмот „Свети Константин и Елена“ е обележана со зелена линија, а на местото на некогашниот Офицерски дом, локација на која инсистираа од ИВЗ за џамија, со последните измени на планот се потврдува повеќегодишната идеја за изградба на комплекс на Градска куќа.
Парцелата предвидена за црквата освен што е обележана со зелена линија, всушност, нема истакнато намена за градба, иако сите параметри на графичкиот приказ на ДУП-от укажуваат дека локацијата е резервирана за изградба на храм. На парцелата има обележано две дозволени висини, една од 29 метри и друга од 50 метри, што е идентично со идејното решение за црквата, кое предвидува таа да биде висока 29, а камбанаријата 50 метри. Сепак, иако во графичкиот приказ на парцелата има карактеристичен симбол, во легендата на планот не постои никакво објаснување за видот на објектот, иако во досегашните ДУП-ови ��о таквиот симбол се означувани верски објекти.
Сите овие факти отвораат простор за сомневање во и онака контроверзниот проект за изградба на храм „Свети Константин и Елена“. Дали последните измени на ДУП „Мал ринг“, за кој Советот на Центар допрва ќе треба да одлучува, воопшто, предвидуваат изградба на црква и ако е така, зошто не е вцртана маркичка, останува нејасно. Во дилема е и архитект Милка Кировска, една од деветтемина кои до вчера учествуваа на јавниот увид на планот кој завршува денеска. Во забелешката Кировска потенцирала оти не е дефинирано што ќе се гради на локацијата за црквата на плоштадот. Според неа, врз основа на приложениот план не може да се констатираат намените на дел од парцелите и поради тоа таа смета оти изложувањето на планот не ја постигнува целта. Во својата забелешка, Кировска упатува апел до неговите автори со молба нивната „професионалност да биде над притисокот од кого било“.
Авторите на измените на ДУП „Мал ринг“ од ИНПУМА вчера не беа во можност да дадат објаснување за дилемите околу парцелата на плоштадот планирана за изградба на црквата. Едниот од нив е на годишен одмор, додека другиот автор не беше расположен да коментира со образложение дека директно повикани за планот се од Општина Центар.
Инаку, со последната верзија на планот за централното градско подрачје не се согласуваат и од ЈП „Водовод и канализација“, кои конкретно забележуваат оти решенијата за хидротехничката инфраструктура се несоодветни. „Во овој ДУП не се предвидени коридори каде што ќе можат да се сместат трасите на многубројните потребни дислокации, иако Законот за просторно и урбанистичко планирање го налага тоа“. Според надлежните од ова ЈП, постојната водоводна инфраструктура на голем број места, односно локации на планот останува под маркичките на новопредвидените објекти и под габаритите на новопроектираните подземни сообраќајници.
Ova blada samata klin vo noga si zabiva.Inaet li e ova ili panagur.Rabotat se kako na son ke i se soni.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.09.2009 08:03:50
Па ова е навистина срамно! Само 29 метри за црквата и 50 метри височина за камбанеријата!? Навистина Ниско од Нивна страна!!!
Од: bobi
Датум: 01.09.2009 08:35:13
izgleda vasiov vesnik kako da ima arhitekti vraboteni i mudzahedini, pa im smeta crkva pa zosto ne se napravi dzamija, dzamii imate kolku sakate makedonija se praplavi od niv a 80 % od niv se divogradbi i izgradeni poslednite 20 godini
Од: архитетка
Датум: 01.09.2009 09:00:49
зарем е потребен коментар, најдобар коментар за целата оваа работа го дава фотографијата објавена над текстот
Од: jesus
Датум: 01.09.2009 10:01:05
ee da dzamiite se divogradbi bidejki ne gi gradi drzavata. tuka si vo pravo
Од: mkd
Датум: 01.09.2009 10:37:39
Da vi se cudi covek.Sto imate tolku protiv CRKVA?? za dzamijata eden los zbor ne napisavte.Sramota.Prodadeni dusi.
Samo napred crkva mora da ima
Од: jonce
Датум: 01.09.2009 11:49:35
So Grujo i se e mozno! Po ona taa dupka ne e dupka, izleguva i deka taa crkva ne e crkva. Sramota!
Од: caci
Датум: 01.09.2009 12:34:13
Bobi, ti kako da si od Mars padnat.Ni crkva, no gamija, ni spomenik. I jas kako tebe davam od mojata plata za drzavata, i ne sakam moite pari da odat za toa, sakam da se otvorat fabriki, instituicii kade sto ke se vrtabotat mladite luge i ke imaat leb da jadat i da sozdavaat semejstva, ednostavno da go ziveat zivotot.Nitu crkvata, nitu gamijata ke im pomogne vo toa.Zatoa davajte pari za idninata, za razvoj na nasata napatena drzavickai za mladite, zatoa sto "na mladite ostanuva svetot"
Од: Ози
Датум: 01.09.2009 13:29:54
До Архитетка. Добро приметено. Средниот прст е навистина монументален.
Од: zuzu
Датум: 01.09.2009 16:02:19
So vakvi perfidni igri bez lice i obraz kje se sluci samo povtoren konflikt, ama ovoj pat po verska osnova. Provociranje i turkanje na lugjeto vo revolt e cel na ova se sto go pravi DPMNE (ne zasluzuvaat da go nosat imeto na VMRO). Se nadevam deka nekoj belezi sto se pravi, a ne posle da vikaat deka Albancite eve ucenuvaat nesto ili sto ti ne. Ako nekoj ocigledno na perfiden nacin saka da zafrkava, togas treba da znae deka eden ubav den na se kje mu dojde krajot, pa posle pak od pocetok kje se pocnuva.