Дали партиската припадност стана главно мерило меѓу дипломатите? Како многумина, преку ноќ, стануваат амбасадори?
МАЛЕСКИ: Размислувајќи како да формулирам што е можно пообјективен одговор на зададената тема/прашање се потсетив на еден неодамна прочитан афоризам, кој гласи: „Треба објективно убаво да се пишува за нас“. Се разбира, контраочекувањето е да се пишува „објективно лошо“. Меѓу тие две крајности - „објективно добро“ и „објективно лошо“ - всушност, се наоѓа и вистината за тоа каде моментно се наоѓа македонската дипломатија и колку таа е способна да се справи со надворешно-политичките предизвици што пред неа се исправени.
Иако недостасува еден од клучните фактори, неопходната поголема временска дистанца, сепак, може да констатираме дека македонската дипломатија успеа да реализира голем дел од првично поставени цели. Во услови на сериозни безбедносни закани, сложени односи со непосредните соседи, отсуство на влијателни лобисти меѓу земјите-членки на ЕУ и на НАТО, Македонија со својата мирољубива политика успеа да стане рамноправен член на меѓународната заедница, членка на ОН и на бројни релевантни регионални организации (ОБСЕ, СЕ), процеси и иницијативи, земја со јасно нагласена европска (ЕУ) и евроатлантска (НАТО) аспирација, со (донекаде) подобрени односи со соседите и (финансиски и бројчено) зајакната дипломатска служба.
За жал, изминатиов транзиционен период е исполнет и со многу дипломатски гафови и афери, сериозни пропусти, погрешни процени и нереализирани стратешки цели. Дел од причините се објективни, односно се резултат на надворешни фактори, но тие не се и не смеат да бидат изговор за нашите домашни грешки, за кои исклучително сами сме виновни. Клучниот (стартен) проблем е отсуството на заедничка, со консензус меѓу водечките политички фактори договорена надворешно-политичка стратегија, на која би се надоврзале конкретни планови и програми, чиј краен резултат би бил конзистентна и препознатлива надворешна политика. Всушност, особено во годините до настаните во 2001 година (кои резултираа со Охридскиот договор и со формирање на широката коалиција), Македонија имаше една „официјална“ и неколку паралелни, неофицијални (партиски) надворешни политики, од кои особено настојчиви во презентирањето на своите критички согледувања на актуелните состојби во земјата беа албанските партии (во и надвор од власта). Состојбите денес не се толку драматични, но отсуството на јасна стратегија и на консензус по важни надворешно-политички прашања, како што е, на пример, она што е поврзано со преговорите во Њујорк, и натаму претставува сопирачка за реализација на нашите аспирации.
Секоја посериозна современа студија или анализа на одделен надворешно-политички проблем/прашање неизоставно има дел кој во слободен превод од англиски гласи „научени лекции“. Дека како ученици сме „тврди на уши“ и оти без тутор тешко го совладуваме предметното градиво говори и фактот дека наместо создавање современа и ефикасна професионална дипломатска служба во која основниот критериум за напредување, вклучувајќи ги и најделикатните места во Министерството, како и во ДКП ќе бидат стручноста и дипломатското искуство, работите од Влада до Влада, од година до година, се движат во спротивна насока! Револуционерниот пристап, секои четири години, од корен да се менуваат кадрите, како и партизацијата на дипломатијата, која партиската припадност денес ја промовира како клучен критериум за прием и напредување во службата, е сличен на некој нов, мутиран облик на партизанска дипломатија.
Иако не верувам во најавите за катастрофични сценарија, сосема е легитимна загриженоста на познавачите на приликите, но и на пошироката јавност дека вака поставената македонска дипломатија е дисфункционална и тешко ќе се справува со идните предизвици.
Јовановска: Македонија добива квази дипломатија, и тоа не важи само за амбасадорската функција, туку за другите нивоа, со тенденција таквиот тренд да се забетонира во регулативата. Последната брана, Законот за надворешни работи што се носеше дури 15 години, последните три години практично е укинат, а со цел да се приспособи на амбасадорските апетити на партиските членови, и што е потрагично на нивните партиски квалификации, бидејќи кариерата не им се мери низ постигнувањата туку партиската книшка.
Па, така, амбасадор сега може да стане некој што нема шанси да стане државен секретар, веќе не мора да зборува ниту два странски јазика иако многу деца во Македонија веќе имаат такво знаење, место од редот на највисоките како што стоеше претходно сега да биде само висок раководител, за него да не важи принципот на непрескокнување скалила и да не важат правилата за јавната администрација што сега се во процедура, така што недостасува уште да се напише дека не треба да ги исполнува условите, за да се знае каде оди македонската дипломатија.
Дека амбасадите станаа партиски дуќанчиња покажува тенденцијата нивниот број постојано да се зголемува, па споредено со бројот на амбасади што го имаат многу побогати земји, станува очигледна амбасадорската мегаломанија произлезена од потребата да се задоволат нараснатите апетити за оваа функција. Моментно Македонија има 44 амбасади и мисии, плус десетина конзулати, иако уште пред седум-осум години еден од министрите тврдеше дека нивниот број е преголем, а резултатите од нивната работа од година во година се се' попоразителни, иако би требало да е обратно. Всушност, амбасадорската функција почнува да станува цел сама за себе, а не за остварување на интересите на државата надвор, а и не може да биде друго ако се гледа лефтерноста со која се испраќаат амбасадорите и свесно не се прави професионален кадар. Партизацијата на дипломатијата сега станува и поперфидна, па не се добива само функцијата со партиска асистенција, туку им се прави и квазидипломатска биографија, па откако ќе се вработат во МНР додека нивните се на власт, експресно добиваат раководна функција, протрчуваат неколку скалила и со таков список на функции за една година добиваат амбасадорска фотелја. Само така еден Љубен Тевдовски добива прво вработување во МНР раководител на сектор, кој е создаден само за да има со што да раководи, глуми експерт во надворешно-политичко списание каде што сам си објавува текстови, работи како советник на претседател во време кога тој прави куп гафови, и за околу една година станува амбасадор во една од најбитните земји. Само така еден партиски член, како Агрон Буџаку, може да оди амбасадор во Франција, која упорно бара професионалец место партиски војник, и кој додека не е на партиска функција ги мери улиците во Белгија. Само така во Рим оди амбасадор што не зборува англиски, а во Швајцарија повторно се испраќа кадар на ДУИ, иако од таму отворено порачуваат дека не сакаат повеќе да им испраќаме албански кадри. За волја на вистината, и професионалните дипломати го изгубија компасот и не се на височина на задачите, па меѓу нив има и такви кои константно се пијани, бркаат приватни бизниси, се враќаат без научени јазици и повеќе гледаат да и' се додворат или да ја опструираат власта отколку да завршат суштинска работа.
Nasekade vo politikata, pa i vo diplomatijata neprofesionalnosta i balkanskiot mentalitet se ochigledni. Amerikanskiot istorichar Kaplan go narekuva Balkanot, "kulturno najmalku obrabotenoto parche zemja vo Evropa". A toa shto vodime miroljubiva politika, kako shto veli avtorot, neznam dali e oti sme mnogu miroljubivi ili pak sme mnogu slabi. Kako naslednici na Aleksandar Veliki naprotiv bi trebalo da sme voinstveni.
Од: Kosta Stoimenovski
Датум: 05.09.2009 00:44:47
Во принцип се согласувам со ставовите и мислењата на авторите, меѓутоа, морам да нагласам дека квази-дипломатијата и партизанската дипломатија постои од самиот почеток, односно од осамостојувањето на Македонија и не е „специфика“ само на актуелната власт! Значи, дипломатскиот замаец стартираше со големи дефекти, попрецизно аматерски! Актуелната влада стартираше со полн буџет и пристапи кон реализација на една крајно погрешна, ступидна концепција за „развој“ на дипломатијата, со приоритетна цел да ги задоволи интересите на партиските војници од владејачките партии. Ефекти од ваквата концепција се никакви!
Од: maja
Датум: 05.09.2009 02:04:42
g-go Jovanovska pred da napisete nesto ve molam procitajte go Zakonot za nadvopresni rabot. Clenot 36 od Zakonot za nadvoresni raboti koi gi utvrduva uslovite za edno lice da bide ambasador ne se promeneti kako sto pisuvate. I vo osnovniot tekst stoese daima steknato visoko diplomatsko znaenje i seuste stoi deka tmora da vladee dva stranski jazika. Megutoa od tekstot veke sfativ deka vie ne sakate realno da gi prikazzete rabotite,komentirate pausalno kolku samo da imate nesto da napisete.
Од: TEGY
Датум: 05.09.2009 03:57:23
Dalim partiskata pripadnost stana glavno merilo na diplomatite ? odgovorot e DA tova i mojata pudlica TEGI go znae. pozdrav!!!
Од: Eli
Датум: 05.09.2009 06:12:41
Ma kakov komentar s ebara na ovaa sramota!!!!!
Од: до кога вака
Датум: 05.09.2009 09:03:04
Дипломатијата и МНР е подредена на двете досега владеачки партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, се што е примено по 1996 година е без конкурси, односно со тнр префрлање од другите државни органи. Напредувањето е исклучиво по партиска или роднинска линија. Има полно непотизам, таткото амбасадор, ќерката или синот во други амбасади дипломати. Платите на дипломатите надвор се поголеми од оние на многу земји околу нас и амбасадите се одлична прилика за добро заработување. Амбасадорите се неприкосновени, секоја чест на исклучоци, но се што трошат го подведуваат под службено, многумина немаат приватни коли и службените им се и за лични потреби. Со едно одење надвор се станува советник. А погледајте ги составот и биографиите на амбасадорите и дипломатите во нашата земја, како се движеле во своите мнистерства до амбасадори. Дали во Скопје имаме амбасадори под 35 години, Во секоја европска земја 10 г искуство е за советник, а мандатот е 3 или 4 , а кај нас 5 г. Тој диломат ќе ја заборави Македонија.
Од: od Paris
Датум: 05.09.2009 09:47:48
Temata ne vi e dobro obrabotena. Ne kazuvate sto e toa diplomat, sto e toa "profesionalec"(!), i dali ako nekojsi, samo so toa sto bil vraboten vo MNR e navistina najkompetenten da ja pretstavuva drzavata vo druga drzava. Taa funkcija bara multidisciplinarna naklonetost, sakanje na svojata zemja i komunikaciski vestini, kade sto ne spagja samo poznavanjeto na jazik, koe samo po sebe se podrazbira. Vo Paris dosega imavme diplomat od MNR i profesionalec, pa sto? A koja pak politika moze da sproveduva eden ambasador? Se znae deka toj raboti samo po instrukcii, inaku ke bide otpovikan. Pa g-dinot Malevski toa go znae belkim.
Од: CVETKO
Датум: 05.09.2009 10:02:59
Nashite Diplomati ne se sposobni ni "sami" da se prestavuvaat a kamoli drzava i nacija da prestavuvaat - nadvor.Pa znaete li dragi citateli deka nashite Ambasadori ,se ziv sram ,za Makedonija,pa tie ne se sposobni ni peshacki premin da pominat-Vladata treba da im isprati nekoi koj ke gi preveduvaat.Od takvi tikvari ochekuvate da se izborat za nesto vo ovoj sofisticiran svet.Kade odish Makedonijo?
Од: Skopje
Датум: 05.09.2009 10:52:06
G-go Jovanovska pred da pocnete da kritikuvate za nesto iscistetego dvorot vo vasata fela. Kolku novinari go zboruvaat angliskiot jazik, ili kolku od niv pravat intervjua bez da gi citaat prasanjata i sto e uste povazno kolku od niv se nepartiski luge koi plasiraat netocni i neprovereni informacii?Nasite ambasadori so isklucok na nekoi se dobri i rabotat tolku kolku im dozvoluvaat birokratite od ministerstvoto.Ve sovetuvam vo idnina da ja istrazuvate organizacionata postavenost, ekipiranost , funkcionalnost i odgovornost na vrabotenite vo ministerstvoto koe e na mnogu nisko nivo.
Од: ODNADVOR
Датум: 05.09.2009 16:06:32
Kako nekogasen diplomat Malevski ni go dade svoeto mslenje, vo diplomatski rakavici, dodeka Jovanovska, onaka "apla" kako sto dolikuva na novinar. I edniot i drugiot se vo pravo,iako smetam deka nekogasnite "partizanski ambasadori", tuka mislam na pravite patrioti, naivnite bezplatni patrioti, imaat golemi zaslugi za zapozbnavanje na svetot so "bukvata M"tesko izgovorliva na vremeto i go "skrshija ledot". Za zal, diplomatite od "zanaet", niti izrazija nekoja zelba za sorabotrka so nim. Poradi "partiskiot izbor" na novite ambasadori, sme tamu kade sme. Ne vikam deka tie se mnogu plateni ne, samo sakam da znaat deka ne se NA PECALBA, tuku da ja prstavuvaat SO KLASA svojata zemja. Barem pred da pojdat nadvor od Mk. neka se naucat, kako se oblekuva kako se odnesuva koga si diplomat, ako veke ne znaes niti eden jazik dobro, dur ni MAKEDONSKIOT!I, I, neka ambasadoruvanjeto ne im sluzi da si obezbedat mesto za POSLE i na toa da IGRAAT i vo Mk. i nadvor od nea. A nie da crvenime koga se zb
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 05.09.2009 16:31:10
СВЕ ШТО ПИШУВАТЕ ДРЖИ И ИМА ВО ОСНОВА ВИСТИНА. ДПМНЕ-ОВЦИТЕ не вратија во новата „партизанска ера„ со нивниот начин на владеенје?
Друго и не можат , бидејки нивните корени немаат никаква врска со ВМРО, туку тие влечат корени од УДБ КОС, елементи кои ја преплавија партијата и владеат по истите аршини и правила што ги применуваа реал соц. и реал комунистите, само прашајте ги како и на каков начин се пресметаа со оние членови кои не мислеа исто како и„ ГОЛЕМИОТ БРАТ„!??
крсте поп-стефанија
Од: cvetko
Датум: 05.09.2009 20:48:30
ima i takvi ambasadori koi nemaata den staz vo rm a ke odat vo stranstvo da ja prestavuvaat makedonija i da gi stitat interesite na makedoncite vo strazbur
Од: a
Датум: 06.09.2009 09:02:06
makedonija e vo ogromna kriza...so godini nanazat.. nemozam da svatam zasto ne se skratat ambasadite vo svetot na pola sekoja ambasada ja kosta makedonija 200 000evra od kaj gi ima narodot tie pari da gi plaka koga pola nemaat sto d a jadatt za makedonski uslovi.. da se namalat na pola platite na pratenicite.