СОНК го нема никаде, наставниците се чувствуваат незаштитени
Билјана Јовановска
Најмалку илјада наставници овој септември ќе го запомнат по бранот ненајавени откази, што им ги приреди локалната власт. Не станува збор за никаква рестриктивна политика во образованието, туку, едноставно, актуелната власт најде формула да ги вработи своите партиски војници.
На црната листа за отпуштање од работа се најдоа наставници со искуство меѓу една и пет години и главна мана им била партиската обоеност, односно непокажувањето лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ. Кој ја измерил и ја проценил нивната лева ориентираност, никој не кажува, но факт е дека во образованието проработе партиската метла. Овие наставници ќе бидат заменети, главно, со несоодветни кадри, без положен стручен испит, без искуство. Добар дел од нив буквално се заскитани во образованието и сега на децата ќе им предаваат дури и лица со завршени курсеви!
Стравот од откази владее секаде, бидејќи никој не е сигурен за своето работно место. Министерот за образование, Никола Тодоров, елегантно се обиде вината да ја префрли врз локалната власт и со тоа како да им даде нов поттик на вмровските градоначалници да ја засилат чистката. Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, како в земја да пропаднал. Не кажа ниту збор за отказите на оние што, според функцијата што ја има, мора да ги заштитува. Деновиве тој е мета на напади на револтираните наставници, кои отворено прашуваат зошто Цветановски не го покаже текстот на спогодбата потпишана со Владата, со која, барем така тврдеше, на наставниците со ангажман на определено време им се гарантираше вработување на подолг рок.
Загрижени се и наставниците во Струмичко откако 28 нивни колеги во општините Василево и Босилево од 1 септември останаа без работа. Револтот е уште поголем затоа што се заменети со некомпетентни лица, со ниту ден работно искуство.
Катерина Тимова, одделенски наставник во ОУ "Св. Кирил и Методиј" во с. Иловица, општина Босилово, има работен стаж од четири години и шест месеци, а од 1 септември е на улица. "Работев како одделенски наставник до оваа недела и сега сум оставена на улица. На моето работно место е пристигнат нов вработен, без ниту ден работен стаж и искуство, ниту, пак, положен стручен испит. Одјавена сум од Агенцијата за вработување без никакво објаснување", вели Тимова.
Работното место како наставник по македонски јазик во училиштето во Василево го изгуби и Јане Циев. "По четири години работен стаж останав без работа. Кога на 1 септември отидов во училиштето на моето работно место имаше друг вработен. Ја прашав директорката зошто сум избркан, а таа ми одговори дека тоа не е нејзина работа, оти таа не одлучува, тоа не е по нејзин избор, туку зад сето тоа стои политиката и други фактори", појаснува Циев.
Без работа останаа и 12 наставници во Гевгелија. Тие тврдат дека договорот за работа им престанал од политички причини. "Првиот ден од учебнат�� година ми рекоа дека нема да ми го продолжат договорот. Единствена причина беше мојата политичка неподобност. Сите наставници се избркани врз политичка основа. Сите мои колеги кои се избркани од работа најавија дека ќе се жалат до надлежните институции во земјата", тврди Тања Трајковска, наставник во ОУ "Крсте Мисирков" во Гевгелија. Мултиетничкиот синдикат за образование и ССМ завчера од Струмица ја почнаа турнејата низ општините каде што има наставници, кои одненадеж се најдоа на улица.
"Со тоа сакаме да ги охрабриме отпуштените да го кренат својот глас и да ги повикаме на протести доколку до крајот на месецот не се реши овој проблем", порачува Коле Најденов, генерален секретар на МЕСО. Сите избркани наставници се од општините каде што локалната власт ја има ВМРО-ДПМНЕ.
Нашите дописници јавуваат дека иста е состојбата и во Гостивар. Новата учебна година им ја загорчи егзистенцијата на педесетина наставници, кои работеа со договор на дело. Своето незадоволство вчера го изразија со протест и со негодување. Решени се да одат до крај.
Отказите на наставниците во овој град ги зголемија тензиите. Директорите се под огромен притисок, добиваат закани од најразлични лица од државата и од странство. Директорот на гостиварската гимназија, на пример, добил директна закана за ликвидација од лица од соседна Албанија, бидејќи од работа била отпуштена нивна роднина. Случајот е пријавен во полиција, а градоначалникот Руфи Османи вели дека тој и неговите соработници биле под силен притисок. Појаснува дека се вршат притисоци од разни страни за повлекување на отказните решенија.
Агрон Али, до неодамна директор на гостиварската гимназија, го тврди спротивното - општинското раководство на овој начин се делегитимира и вака покажа дека сака или има задача да вработи свои луѓе. За Али и за останатите просветни работници овој начин на смена на просветните кадри е чист политички реваншизам и од работа се отпуштени само наставници - Албанци.
Градоначалникот на општина Гостивар, Руфи Османи, ги отфрла овие квалификации. Отказите на наставниците во средните и во основните училишта се законски. Тие биле вработени со договор на дело, нивниот договорен ангажман завршил и автоматски престануваат обврските на двете страни. Османи ги отфрла сите инсинуации и тврдења дека политиката е вмешана во отпуштањата во образованието.
Алармантно е и во Прилеп каде што над 20 просветни работници, меѓу нив бремени жени и самохрани мајки, кои не ја носат партиската боја на ВМРО-ДПМНЕ или воопшто не се партиски определени, а на кои им се продолжувани договорите за работа на одредено време од три години, а кај некои дури и по 11 години, буквално се избркани од училиштата. Тие се заменети со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, без положен стручен испит што е строго незаконски, обвини вчера на прес-конференција прилепската организација на СДСМ и го повика градоначалникот Марјан Ристески и координаторот на општинската ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Ингилизов.
"До кога мислат да ги кршат партиските копја на најчувствителната категорија луѓе, а тоа се децата и дали за вакво европско образование им зборуваа на граѓаните пред да бидат избрани? Ги повикуваме градоначалниците на општините Долнени и Кривогаштани, Бајрамовски и Дуртаноски, да излезат и да ја објаснат оваа ситуација, а Дојчин Цветановски и регионалниот одбор на СОНК да го покажат договорот склучен со Министерството за образование и наука, во кој што е наведено дека треба работниот однос на овие кадри да се трансформира од определено на неопределено работно време", реагира Николина Недеска, портпарол на ОО на СДСМ. Избрканите наставници што беа присутни на оваа прес-конференција велат дека ако нивните интереси не ги заштити СОНК, тие ќе побараат помош од ССМ. "Јас сум одделенски наставник во основното училиште во Кривогаштани. Добив решение без образложение", вели Анета Божиноска.
"Доколку не се преземе ништо од страна на СОНК, ќе побараме помош од ССМ. Го повикуваме ССМ да застане на наша страна зашто доколку не излезе СОНК и не не' одбрани, тогаш остава простор за сомневање дека не ги штити нашите права како просветни работници", вели Лилјана Неделкоска, која досега била вработена во ОУ "Мирче Ацев" во село Лажани, со пет години работен стаж.
Од СОНК, пак, истакнуваат дека се поднесени приговори за сите наставници што останаа без работа и очекуваат трудовиот и просветен инспекторат брзо да реагираат. "Според информациите, инспекторите работат на терен во овие општините Долнени и Крив��гаштани, а в недела Советот на СОНК ќе одржи вонреден состанок во Скопје со министрите за образование и за социјална политика, кои се потписници на спогодбите", рече Веле Георгиоски, претседател на регионалниот одбор на СОНК. Тој потенцира дека сите нововработени наставници се без положен државен испит, што е противзаконски. Од друга страна, пак, како што објаснуваат од СОНК, сите што имаат пет години работен стаж на определено време, според Законот, работниот однос треба да им се трансформира во неопределено време. Дали така ќе биде е големо прашање.
(Во подготовката на текстот учествуваа и нашите дописници)
Нема зошто новопечениот „министер“ за образование (кој и не влегол во ниедно училиште) да ја префрла одговорноста на локалната власт. По последните избори, апсолутно целата власт во Република Македонија ја има ДПМНЕ, вклучително и локалната. А на локално ниво само се пресликува и реализира волјата на врвот на владеачката партија. Сепак, многу по загрижувачко од самата партизација на образованието е фактот какви тоа „личности“ се наместија како воспитувачи на идните генерации: имам сознанија дека меѓу нив има поранешни затвореници, душевно болни, па дури и припадници на екстремни секти (сатанисти). Ништо од тоа не е важно, важно било дека имале членска книшка од - ДПМНЕ. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: sdsmovec
Датум: 05.09.2009 00:35:33
Koga ministerceto Nikola Popovski ne gi vraboti so resenija i nastavnicite i drugi administrativci koj ni e kriv.BRAVO ZA DPMNE.E TAKA SE ZACVRSTUVA ELEKTORAT UCITE I PLACETE ,samo toa ke ni ostane.
Од: mitko bi smenil tema
Датум: 05.09.2009 00:50:21
Abe dosta so ovie gluposti. Dosadni ste. Mislam deka e podobro da dadete uste edna statija vo koja srednoskolskiot strucnjak od VMRO Ilija Dimovski ke ni objasni sto e toa demokratija, a moze i statija za neostvarenite prvobitni celi na ASNOM. Zelno gi cekam negovite statii, kako vo onaa milozvucna VMRO-vska pesna "Minaha godini cekam te so bujna strast"
Од: stipjanec
Датум: 05.09.2009 00:51:50
Jas sum eden od izbrkanite nastavnici od O.U.Vanco Prke,rabotam veke cetiri ipol godini ,koga se vrabotuvav nikoj ne me prasa od koja partija sum a sega vednas me izbrkaa kako da sum najgolemiot kriminalec zatoa sto nemam clenska kniska od VMRO.Seto ova sto go pravat vo cele Makedonija eden den skapo ke go platat.Na nasite mesta donesoa nesodvetni luge i bez polozen drzaven ispit,Moite deca ke stradat ama i nivnite ke stradat.
Од: gragjanin na RM
Датум: 05.09.2009 01:06:35
Klasika! Seci vo koren, Drzi na kuso jaze! Dojcin=prodaden ( kako Vanco Muratovski). Tesko na decata i nastavnicite. Vreme e za socijalna revolucija. Se nadevam deka MVR e zafateno so gonenje so ograbuvacite na bankite, pa jas ke bidam raat.
Од: Марко
Датум: 05.09.2009 01:27:48
ПАРТИСКАТА КНИШКА Е СИЛА, ПАРТИСКАТА КНИШКА Е МОЌ! А знаењето ???? Што беше тоа?
Од: pero
Датум: 05.09.2009 06:46:04
Sega stanuva jasno zosto edno vreme Amerika go tretirase VMRO za teroristicka organizacija... eve,vremeto pokaza deka bile vo pravo.....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.09.2009 09:01:35
Трагедија е за државата да вакви локални моќници им ја креираат судбината на просветните работници.Сите биши локални власти се исти во својата нааканост,уште се памти изјавата на Заев да нормално е да имаат предимство активисти на СДСМ во Струмица.Сега тоа го гледаме и од ВМРО па се поставува прашањето што со неутралните,дали тие некогаш ќе се вработат.Отпуштените барем 4-5 год. земале плата,примените исто така а неутралните осудени се вечно во бирото за вработување.
Од: ne e bitno
Датум: 05.09.2009 09:10:00
drzavat e kriva i nikuj drug site se isti i vmro i sdsm i oni taka pravea na vremeto a tia so se bunat oti vrbotuvale novi bez staz i bez strucen ispit ne se uprava ami koga pa tia so se nevraboteni ke polozat strucen ispit ili ke imat staz jas 6 godini cekam rabota i kako da polozam strucen ispit mora da se vleze prvo na rabota za da se poloze
Од: don kihot
Датум: 05.09.2009 09:13:26
Ne postojat nasi i vasi, ili barem nesmee taka da se misli, site nie sme edno, vo isti kotel narecen Makedonija, vo koj Politickite eliti ja zemale mesalkata vo raka,i ne mesaat vo crniot "politicki" katran, od koj tesko mozeme da izlezeme, nekoj i probuvaat da izlezat od kotelo ama, drugite gi vlecat pak nadolu.Tajnata za izlez od kotelot lezi vo podiganje na svesta na narodot, i negovo apolitiziranje, ili negova politicka neopredelenost.So cista svest, i zdraf razum, i nepoliticki oboenost, rabotite se gledaat mnogu poubavo i pojasno.Inaku veke dolgo vreme sme vo kotelot veke 18 gocini, a i izlezot od nego uste ne se nazira, Pa do koga vaka(bidete nepartiski)bidete slobodni, razmisluvajte slobodno!!!
Од: ber
Датум: 05.09.2009 09:28:33
Navistina e sramota za eden renomiran vesnik da objavuva vakvi natpisi. Zosto? Eve. Odgovorete si na nekolku prasanja i ke vi stane jasno. 1.Kako se vrabotile ovie izbrkanive? Da ne se mnogu ubavi slucajno? Ne, tuku od SDSM se. 2.Da ne se rodile izbrkanive so staz ili mozebi so polozen strucen ispit? A, da proverevte vo zakonot dali e nezakonski da se vrabotuva bez nego i sto e potrebno za da moze da se polaga. Treba 1 god. raboten staz. I, kako da go steknat ovie nesposobnive sega so se primeni, ako mestata se zagarantirani za prethodnite. Neli e toa malku nedemokratski, nerealno, bezobrazno od nivna strana da se zalat deka na nivno mesto se primaat nesposobni kadri? Kako pravevte, taka ke vi pravat. Koga bevte na vlast donesovte takov zakon, namesto da se primaa kandidati posle odredeno testiranje, vie si gi primavte Sdsmovcite, e sega dojde vreme Vmrovcite da si gi zdomat svoite, pa i tie se luge i imaat pravo na rabota. Ne se bolni. Taka vi e toa vo demokratijata.
Од: stavre
Датум: 05.09.2009 09:33:05
Луѓе, адвокат, тужба. Добивате. Поздрав и со среќа.
Од: Alek
Датум: 05.09.2009 09:33:26
Вака ли Груевски велеше дека нема луѓето да ги дели на СДСМ-овци и ВМРО-вци? Вака ли е тој премиер на цела држава? Ова е малтретирање на граѓаните, ова е невиден терор! Како што некој рече - сега е време за ПРОТЕСТ и социјална револуција!!! P.S. Доста со инфантилните забелешки дека вака се зацврстувала власта. Хомо сапиенси сме, не сме првобитни ѕверови кои се грабаат околу пленот. А директно страда нашата иднина - страдаат младите генерации.
Од: читател
Датум: 05.09.2009 09:34:07
Во оваа партиска чистка, само како информација, настрадаат и членови на ВМРО, кои не ја поседуваат особината на лажење и кодошење по партиските штабови, па според тоа за новопечените партиски кадри тоа е многу голем грев и нелојалност кон партијата. За да се среди ситуациата подобро е да најдат уште некој кадар кој кутриот сеуште не стигнал до градинка, арно ама знае добро да глуми министер. На здравје нека ни е на сите
Од: Митко
Датум: 05.09.2009 09:51:35
И замислете - излегуваат на прес без срам и перде и бранат ставови кои не пијат вода, демек ке покренат дисциплински мерки против ваквите појави. Како не им е срам.....бедно.....
Од: GORAN
Датум: 05.09.2009 09:51:52
Taka e Pero , a kaj e onoj sega PRODADENIOT bolen dojcin, da izleze i da gi brani pravata na nastavnicite, ne smee grujo ke go smeni
Од: Трпе.
Датум: 05.09.2009 09:58:40
Ама кој им е виновен на овие наставници,кога учеле не доучеле.Па не научиле дека веднаш по промената на власта требало да се претворат во сончогледи.Веднаш требало да тркнат до штабовите на дпмне-овците по партиски книшки.И така тие сакат во сопствените редови да видат интелектуалци ,за да се фалат дека им се зголемува бројот на учени луге.
Од: intelekt
Датум: 05.09.2009 10:02:46
sramno!!do koga vaka?!
Од: andrej
Датум: 05.09.2009 11:51:26
DOJCINE kade si sega!!!VMRO ti ja vraboti policijata sega ke kutis!!ITi si polos od tvoite naredbodavci, za niv veke znaevme deka se fasisti!
Од: grupa izbrkani nastavnici
Датум: 05.09.2009 12:35:24
Ova so se raboti na teritorijata na RM mislime deka go nema vo niedna zemja na svetot.Da imas kadar so iskustvo,pominat niz site sita i reseta nareceni prosvetni inspektori i sovetnici,da go izbrkas bez niedna greska i na negovoto mesto da vrabotis covek bez nitu eden den raboten staz vo obrazovanie.Toa e za cudenje i apsurdno.Ako premierot i ministerot se zalozuvaat za efikasno obrazovanie i pred se strucno i evropsko treba da ne vratat na nasite rabotni mesta i da gi kaznat tie sto ne izbrkaa.
Од: наставник со непродолжен договор
Датум: 05.09.2009 12:39:26
Малку ми е чудно зошто нема напишано ништо за состојбата во Штип.Од 120 наставници на кој не им е продолжен договорот 33 сме со над 3 год. а на нашите места се нови наставници кој прв пат се вработуваат. Со ова паднаа во вода сите договори склучени со МОН.Сакам само да ја информирам Македонската јавност дека неможе да се потпре на никаков договор што се склучува,без разлика кој е потпишан на договорите односно спогодбите. Исто ве известувам да не очекувате многу ни од медиумите затоа што информациите што ги давате да ги пренесат во етерот,прво се пренесуваат кај Градоначалникот.
Нека ни е со срека.
Од: Од редовен читател
Датум: 05.09.2009 12:48:21
Ах, Дојчине, Дојчине, болен ли си, здрав ли си? Не му го прави на човека тоа што не сакаш тебе да ти го прават, затоа што се се враќа, се се плаќа!
Од: Избркан професор 2006год
Датум: 05.09.2009 14:29:43
ПАРТИСКАТА КНИШКА Е СИЛА, ПАРТИСКАТА КНИШКА Е МОЌ! А знаењето ??? Доказ сум јас затоа што бев избркан 2006 година а работев од 1995 година и тоа на мое место примија несоодветен но се разбира активист на ДПМНЕ. А дека не помагаат ни жалби ни тужби го увидов на своја кожа. Но светот е топка па се врти и се се враќа како бумеранг. Од Дојчин поречанецот не барајте помош слатка му е фотељата....
Од: pepi
Датум: 05.09.2009 18:46:35
Ne e isto i ne se isti.Prethodnata vlada vrabotuvase svoi kadri,no nikogas ne gi brkase zateknatite (makar bile vmr ovci) iako im isteknuvase dogovorot.Toa e golema razlika i kakov-takov iscekor kon demokratija vo opsrestvoto.
Од: terezija
Датум: 05.09.2009 18:51:21
Sosema kratko :TOTALITARNA TALIBANIZACIJA so primesi na FASHIZOIDNI METODI...p.s./ Za Dojchin ne se iznenadiv - ionaka toa beshe samo prashanje na vreme...Ama ne mozam da se iznachudam na toa ;NEe bitno KOJ NASEDNAL i e ISKORISTEN za EDNA UPOTREBA...tuku pogledajte KOJ GI "NASEDNUVA"i kako najobichni PACHAVRI GI OTFRLA, polse upotreba - se razbira...?!
Од: zabegan.
Датум: 05.09.2009 18:59:32
оставетего бре луге болен ДОЈЧИН,можеби ГВУЈО му однел понада па на рад да ја изеде.
Од: Стојко
Датум: 05.09.2009 19:47:32
На УКИМ не кможат да отпуштаат, па затоа отворија факултети во секое село.
Од: Profesor
Датум: 05.09.2009 21:21:06
Mnogu se poveke od 1000, zasto na mnogu im vratija po nekolku casa za da ne se vodat kako otpusteni, a ne se ni vraboteni i za da ne tuzat.
Prvo do ber: 2004 bev povikana od doma na rabota vo uciliste, da ve potsetam deka SDSM bese na vlast i nikoj ne me prasa od cija partija sum, politika ne me interesira. Direktorkata bese prezadovolna od mojata RABOTA so decata i nemav nikakov problem so dogovorot na opredeleno, ednostavno stoese pozadi mene kako dobar nastavnik i pedagog, pocituvan i od ucenici i od roditeli, no so doaganje na vlast na DPMNE, pocnaa i moite maki. Sekoja godina po nekolku casa mi odzimaa, za da sega mi gi zemat site pa se predomislija, za da ne tuzam so 5 godini mi vratija nekolku. Nemam otkaz no ako ova se smeta za rabota so plata od okolu 6000 denari so VSS. Inaku i stazot ke se prepolovi.
A sega do CITATEL: da znaete samo kolku ste vo pravo so vasiot natpis. Ako bev poposlusna mozebi nemase da mi se sluci ova.
Од: od Bobby
Датум: 05.09.2009 23:27:12
Tragicno za nastavnicite komunjarite a da befte va USA i zatvor ke zarabotefte partiski sum ne opredelen ali ne bi sakal komunist da mi gi uci Dacata razbudetese izlecetese pozdrav do site.
Од: nekoj
Датум: 06.09.2009 10:59:11
Isti se site, za zal. Se dodeka ke turkate po onaa : ma jas da si vlezam na rabota preku ednite ili drugite, arno ke mi bide", ke nema idninia. Site tie delenja i partiski vrabotuvanja se kratkorocni. Ona sto vi treba e zdrav razum i profesionalnost, visoka svest itn. Batalete politicari, ova go zapocnaa ednite, go prodolzija drugite. Izlez e: koreniti promeni na nacinot na rabota vo ovaa drzava t.e. depolitizacija! Promeni ima samo so revolucija. Kapirate? Gabe tuka kukate..