Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Биеналето на уметници почна на полупразен плоштад

Еврокомесарот Јан Фигел по грешка ги поздрави присутните, обраќајќи им се со „Добра вечер, Сараево“

Наместо „Добра вечер, Скопје“, „Добра вечер, Сараево“. Вака еврокомесарот за образование, обука, култура и млади, Јан Фигел, прексиноќа и' се обрати на публиката на скопскиот плоштад, на отворањето на 14. Биенале на млади уметници од Европа и од Медитеранот, насловено „Седум порти“. Но, со оглед на тоа што оваа манифестација веќе се одржа во соседниот град, има оправдание за лапсусот на Фигел кој се обиде да ги поздрави присутните на македонски јазик.

„Задоволство ми е што можам да бидам патрон на 14. Биенале на млади уметници од Европа и од Медитеранот. Тоа е исклучителен настан што ги надминува границите на обичните културни настани. Биеналето служи како практичен подиум за заеднички креативен дијалог. Оваа разновидна група на уметници, културни работници, политичари и други учесници, се собрани за да уживаат во предностите на оваа единствена платформа преку креативни активности и споделени искуства“, рече меѓудругото еврокомесарот Фигел во својот поздравен говор на отворањето на Биеналето. Во рамките на дводневната посета на Скопје, вчера во Куршумли ан заедно со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, Фигел присуствуваше и на уметничкиот перформанс „Слики во движење“.

Со воведно излагање пак, Фигел и Канческа-Милевска вчера го отворија Третиот неформален состанок на Културно-контактните точки на кој присуствуваа претставници на 17 земји одговорни за спроведување на Програмата на Европската унија, „Култура 2007-2013“.

„Културата се повеќе добива значење во Европската унија. Тоа е поврзано со самото проширување, зашто ние сакаме да се запознаеме со културата и со вредностите на сите луѓе. Би сакале да создадеме една заедница каде што ќе нема само деловно работење. Географијата, инфраструктурата и бизнисот се важни, но не придонесуваат кон обединување. Човечките вредности, односно културата е таа што го прави тоа. Тоа што Македонија е дел од од оваа Програма за култура е одличен сигнал и за проширувањето“, истакна Фигел. Министерката за култура пак, Канческа-Милевска, меѓудругото потенцираше дека одлуката на Европскиот парламент за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, ќе овозможи многу поуспешна имплементација на Програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“. „Земјите од Западниот Балкан ќе се ослободат од инфериорниот круг, а олеснетото движење во земјите на Унијата ќе резултира со посилна соработка и силни партнерства, без кои не може да се замисли проект поддржан од Програмата за култура“, рече Канческа-Милевска.

Инаку, на прексиноќешното отворање на Биеналето, што се смета за една од најголемите културни манифестации кај нас годинава, а во чии рамки до 12 септември повеќе од 700 млади уметници ќе творат во седум различни уметнички дисциплини, се обратија и министерката за култура Канческа-Милевска, градоначалн��кот на Скопје, Коце Трајановски, како и претседателот на Асоцијацијата BJCEM (Biennial of Young Artists from Europe and the Mediterranean), Луиџи Ратклиф.

По долгите говоранции на плоштадот „Македонија“ концерт одржа музичкиот состав „Конспираси“, специјално формиран за Биеналето во кој членуваат: Франк Лондон на труба и Боб Стјуард на туба од САД, Амир Ел Сафар на труба од Ирак, Џанлука Петрела на тромбон од Италија и Алек Секуловски на тапани и Џијан Емин на хорна од Македонија. Овој секстет составен од врвни музичари со мошне различен, но богат бекграунд, се претстави со теми скоро од сите кои свиреа завчера на сцената, две од нив на „Проект жлуст“ и една на Франк Лондон која, како што и самиот кажа, и ја посветува на Македонија. Композициите, кои ако треба некако да се дефинираат, се движат во рамките на џез-музиката и претежно се напишани во меланхоличен манир.

На Скопскиот плоштад, кој беше слабо посетен и покрај добрата маркетиншка заложба на организаторите, на крајот од концертот останаа само дел од учесниците на Биеналето кои сепак, одлично се забавуваа, особено кога на „Конспираси“ им се придружи ромскиот состав „Черкези“. Прославата заврши пред Домот на АРМ со настапи на неколку домашни музичари, каде што всушност и почна, со оркестар на зурли и тапани.

Инаку, Биеналето се одржува на различни локации низ Скопје, а уметниците, кои се на возраст од 18 до 30 години, а кои доаѓаат од 43 земји, имаат можност да бидат креативни во музиката, ликовната уметност, театарот, литературата, филмот, визуелните уметности и гастрономијата. Настаните на Биеналето во сите десет дена додека трае манифестацијата ќе бидат бесплатни за македонските љубители на уметноста. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 05.09.2009 10:07:49
izguben slucaj!zimi ministerot!!!sram,zal i bol!!!
Од: патриот
Датум: 05.09.2009 14:07:06
eу министерот не знае ни каде претстојува,но така и ни треба,се нашло капаче за грнче!
Од: Majka
Датум: 06.09.2009 00:09:05
A od koga SAD se del od Evropa i Mediteranot? Dvajca od muzicarite se povozrasni i ne pripagaat geografski na festivalot... Jas ocekuvav da vidam i cujam nesto sto poveke ke ja promovira mladosta i evropskiot duh vo muzikata. Pozdrav.

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија подготвена за радост во Глазгов
Дали апсењето полицајци е работа за славење
Зденко
ПартиЈата е сила, незнаењето е моЌ
Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2
Седум лица загинаа во експлозиите во фабриката за муниција во Србија
Ревизија на ревизорот
Сиромаштијата во Македонија е непобедлива
Молчењето не е злато, туку некомпетентност
Македонија се повлече од Балканијадата поради името
Падна ДДВ за становите
Каде оди дипломатијата?
Партиска сеча на 1.000 наставници
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН