Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Фудбал

Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2:0.

Глазгов, 5 септември (МИА) – Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево во Глазгов е поразена од Шкотска со 2:0. Со овој пораз македонската селекција ги загуби шансите да се бори за учество во бараж-натпревар на Светското првенство што во 2010 година ќе се игра во Јужна Африка.
Македонските фудбалери одлично го отворија натпреварот и создадоа три големи шанси и повеќе полушанси но не успеаа да го совладаат одличниот шкотски голман Гордон. Најголемите шанси за гол ги имаше Горан Пандев но во 11, 44 и 51 минута домашниот голман ги одбрани неговите удари, а Славчо Георгиевски во 64 минута од идеална позиција шутираше над голот на Гордон и не успеа во тој момент да го израмни резултатот. Шкотите ги искористија нашите промашувања и со головите на Браун во 56 и Мек-Фаден во 81-та минута стигнаа до победата која ги остава во игра за второто место во групата 9.
На табелата води Холандија со 21 бод, втора е Шкотска со 10, Македонија остана на 7, Норвешка има 6, а Исланд е последен со 4.
Вечерва од 20:45 часот играат Исланд и Норвешка.












#
Статијата е прочитана 795 пати.

Испрати коментар

Од: nas'inec
Датум: 05.09.2009 21:04:01
Evropski igrac'i imame "kako poedinci" ama kako tim; nene' biva be bratko ! A falejnc'ari, kolku da sakas'. Srce imame ama snaga ic'.
Од: Петар
Датум: 06.09.2009 00:47:29
Ако може на следниот натпревар против Норвешка Пандев да го замените со некој друг, и така игравме со 10 фудбалери. И со него и без него ни е исто, резултат нема.
Од: Pece
Датум: 06.09.2009 03:23:33
Abe ako ne se izradvame nie kako nacija od kosarkata i rakometot,nie od fudbalot nikogas nema da go doziveeme toa nesto!Ova ti e macene vo zivo!

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија подготвена за радост во Глазгов
Дали апсењето полицајци е работа за славење
Зденко
ПартиЈата е сила, незнаењето е моЌ
Седум лица загинаа во експлозиите во фабриката за муниција во Србија
Ревизија на ревизорот
Сиромаштијата во Македонија е непобедлива
Биеналето на уметници почна на полупразен плоштад
Молчењето не е злато, туку некомпетентност
Македонија се повлече од Балканијадата поради името
Падна ДДВ за становите
Каде оди дипломатијата?
Партиска сеча на 1.000 наставници
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН