Според најновите податоци на државната статистика, стапката на сиромаштија во 2008 година била 28,7 отсто
Нина Нинеска-Фиданоска
Сиромаштијата во земјава никако да мрдне надолу од зафаќањето близу една третина од населението. Со години наназад во Македонија е сиромашен речиси секој трети човек, што значи дека неговиот животен стандард е под нивото што е минимално прифатливо за нашата држава.
Државниот завод за статистика вчера го објави најновиот податок за стапката на сиромаштија за 2008 година, која изнесува 28,7 проценти. Експертите се убедени дека за годинава сигурно ќе се регистрира многу повисок процент, со оглед на силното влијание на економската криза, која токму во 2009 година најсилно удри врз македонската економија, оставајќи без работа илјадници вработени, особено во секторот на индустријата.
Ако се погледнат статистичките податоци за тоа како се движела стапката на сиромаштија во изминатите неколку години, се доаѓа до заклучок дека таа, и покрај многуте ветувања на сите досегашни влади оти приоритет ќе им биде подобрување на живејачката на граѓаните и помалку сиромашни луѓе во Македонија, никако да оствари значајни надолни поместувања, движејќи се секогаш околу оние високи 30 проценти.
Па така, во 2004 година сиромаштијата изнесувала 29,6 отсто, во 2005 била на ниво од точно 30 проценти, додека во 2006 година имала мал благ пад, сведувајќи се на 29,8 отсто. Во 2007 година стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 29,4 проценти, а во 2008, последната година за која е измерена оваа појава, сиромаштијата изнесува 28,7 проценти. Економистите се убедени дека за 2009 година овој процент ќе оди нагоре како последица на светската криза.
Но, според аналитичарот Ден Дончев, воопшто не треба да се поставува прашање на тема дали сиромаштијата се намалила или зголемила за некој минорен процент, туку целото внимание да се насочи кон фактот што огромен број од нашите граѓани живеат во сиромаштија, а државата не презема никакви чекори. „Толку високиот процент на сиромаштија укажува на непочитување од страна на државата кон сиромашните граѓани. Без разлика што има мало намалување во 2008 година или, пак, ќе има одредено зголемување за 2009 година, факт е дека огромен дел од нашиот народ живее во сиромаштија, а не преземаме никакви чекори. Досега не е направена сериозна стратегија за тоа како државата планира да се бори со тој огромен децениски проблем. Значи, суштинското прашање е зошто власта сериозно не се залага околу овој проблем, а не дали процентот е 28, 29 или 30. Толку висок процент бара силна стратегија и конкретни потези, но досега Владата не ги презеде“, изјави Дончев за „Утрински“.
Според него, природен излез за намалување на сиромаштијата е економскиот раст на земјата. „Но, за значајно да се намали стапката на сиромаштија во Македонија, неопходно е економскиот раст да изнесува најмалку 5, 6 или 7 отсто и тоа континуирано во следните десет години, па за д�� може значајно да се намали стапката на сиромаштија. Тоа е природниот пат“, вели овој експерт.
Меѓутоа, според него, проблемот е што оваа Влада, и со тие ресурси што ги има моментни, не може да го избере најдобриот начин и мерки за барем малку да се ублажи сиромаштијата. „Се' уште се трошат големи суми државни пари за рекламирање на Македонија како поволна дестинација за инвестиции во светските медиуми, а од овие реклами досега немаше никакви ефекти. Затоа, прашање е на избор дали тие, на пример, 5 милиони евра, ќе се потрошат на спотови или, пак, на некои конкретни чекори, иако мали и постепени, за ублажување на проблемите на луѓето што живеат во сиромаштија“, потенцира Дончев.
Инаку, според податоците на државната стататистика, најранливи категории се семејствата со повеќе членови, невработените и семејствата во кои глава на домаќинството е лице со завршено максимум основно училиште. Попрецизно, дури 57 отсто од најсиромашните имаат по пет или повеќе членови, а 43 проценти од сиромашните се невработени. Повеќе од половината сиромашни имаат завршено само основно образование.
Примањата што ги остварувале лани семејствата, главно, не ги задоволувале нивните потреби. Над 40 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека платите не им стигаат, а само 5 проценти рекле дека можат да живеат со заработувачката. Половина од испитаниците тврдат дека исто живееле и во 2007 година, на 10 отсто состојбата многу им се влошила, а само 0,5 проценти живееле подобро. На прашањето со колку пари би можеле да ги задоволат потребите, над една третина од испитаниците рекле дека им се потребни повеќе од 500 евра месечно за нормален живот.
Според светските стандарди, под прагот на сиромаштија живеат семејствата кои можат да потрошат помалку од 2 долара дневно. Нашите показатели не даваат конкретна сума со колку пари живеат семејствата кои се класифицирани како сиромашни. Државниот завод за статистика само објаснува дека „како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење на земјата во која живеат“. Линијата на сиромаштија, пак, е дефинирана како „ниво на животен стандард што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класифицирано како сиромашно“.
Г.дине Ден Дончев,не знам колку месеци бевте министер во владата на Георгиевски,кој е и мој лидер,ама да знаете толку плати ми должите.Фирмата ми беше државна,а не земав плата,придонеси неплатени.Исто така г.динот сега градоначалник грнецот Марјан Ѓорчев ми должи што фирмата не ми се приватизира,бараше процент од зделката со некој турски купувачи,и не се продаде...но се искраде од тогашните и од следните...што значи од “активниот стечај“остана активен стечајниот упправник кој“заслужи“да биде директор на ПИОМ...и во тоа е сирмаштијата на граѓаните од искрадените фирми од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ...а не се занесувајте во странство нашите дипломи може да ви служат за обесување на зид.Човек треба да е образован,да,но не да си купува диплома,а ништо да не знае,нели.Слобода за Македонија од гнасните лопови политичари.....Да се надеваме дека има се уште ВМРО од тие ВМРО-ците...Постои некаде земја каде си работел,а не си зел плати неколку од 1998,а повекето од 2оо2 до 2оо6..има таква земја на чудата
Од: analiticar kobajagi
Датум: 05.09.2009 00:39:53
"Сиромаштијата во земјава никако да мрдне надолу од зафаќањето близу една третина од населението". Blizu edna tretina e blizu 30%. Siromastijata vo Makedonija se procenuva deka e nad 80% od naselenieto a toa e daleku nad DVE tretini. A kvalitetno i solidno zivee samo 3-4% od naselenieto ili okolu 70-80.000 iljadi luge. Se drugo e siromastija i cat-pat 10setina procenti nekoja "sredna" no nesigurna klasa. Ovie 80desetina iljadi koj gi spomenav gore,se onie koj trosat za:novi koli, novi stanovi, patuvanja vo stranstvo, trosenje vo poskapi butici, kupuvanje poskapa obleka, hrana, mebel. Se drugo krpi kraj so kraj i se oblaka po tezgi i vo Sutka, a jade i poeftina hrana od pazarite. Zalno i strasno, no vistinito. Samo za sporedba:Slovenija e kolku nas 2milioni, a se prodavaat po 50iljadi avtomobili godisno. Kaj nas okolu 7iljadi.(tie 3-4% kupuvaat)Drugite vozat krntii(neregistrirani).Taka da nie ne edna tretina,nego poveke od dve tretini sme bedotija.
Од: Bitolcanec
Датум: 05.09.2009 06:18:01
Siromastijata e prisutna na golemo blagodarenie na nasledstvoto sto i go nasledi SDSM na ova drzava po nivnoto zaminuvane!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 05.09.2009 06:30:05
Siromastijata ne moze da resi VMRO, SDSM nikako, a Den Doncev so na Brat Ljube partijata e APSURD. Ovde vo Utrinski mnogu velat Vladata da investira vo fabriki. Niedna vlada vo svetov ne moze i ne se nafaca za takvo nesto. Fabrikite uste malku za troski mizerni nadnici ce ima vo Kina, Indija... Za ovaa pojava znaeja i im bese posoceno na pocetokot na SDSM, Brane... so PRIVATIZACIJATA trebase da go napravat preminot bezbolen i da vlezat vo novata tehnoloska era so zbogum na fabrikite kako izvor na ziveenje. E sega Cacko e kriv, Ace ili Grujo... Idi begaj molim te.
Од: koki
Датум: 05.09.2009 07:00:45
Ne e vazna siromastijata.... vazen ni e REJTINGOT na Premierot...
Од: nekoj
Датум: 05.09.2009 11:17:39
Siromastijata ne e 30%. Prvo treba da se definira sto e toa "siromastija". Koga 2/3 od naselenieto krpi kraj so kraj t.e. zivee od mesec za mesec, bez da moze da si dozvoli normalne zivot (treba da se definira sto znaci normalen zivot), togas ne mozam da se slozam deka se samo 30%. "analiticar kobajagi" mislam deka e vo pravo.
Од: vvv
Датум: 05.09.2009 11:41:35
AKO,AKO, nie pa ke si glasame za Grujo
Од: Сиромав
Датум: 05.09.2009 14:01:10
Само чекам на визната либерализација па да си ја киднам за странство. Потоа збогум сиромаштијо и ќе праќам глупави коментари, како Аце од Австралија.
Од: zabegan.
Датум: 05.09.2009 19:22:32
е нешто чудно ни се случува????.Сиромаштија не видена а ГВУЈО со најголем рејтинг.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 06.09.2009 08:49:16
Ne mislam deka siromastijata e 30%. Eve i samite citatteli izleguvaat so svoe viduvanje na faktite. 2/3 od naselenieto edvaj vrzuva kraj so draj. Onaa preostanatoto e Ok, jas mislam deka tie 30 % se indiska siromastija. 2 $ dnevno. Beda na svetsko nivo. I nemam nisto protiv tebe licno Den, no neli ti bese vo vladata na Ljubco G? E tokmu taa i predhodnata vlada na Branko C. ja iskradoa i taka i taka siromasnata Makedonija. Istata taa Makedonija e tolku tesko bolna sto ke i treba dolgo, dolgo zazdravuvanje, bez razlika koj e na vlast, pa makar bil i Jefrey Sax premier.
Од: a
Датум: 06.09.2009 08:57:54
vi ja resi gruevki siromastijata, so multimilionski reklami *drzavni pari, swed milk, 10 milionski spomenici od aleksandar, 20 milionska arena vo skopje koja se koristi ednas vo 3 meseci...i uste sto ne ... neznam so koj pamet go birate ovoj covek se sto bese zastedeno od sdsm ovoj go potrosi so lesnotija.. vo makedonija nema prerodba ne unazaduvanje.. edinstveni fabriki vo bunardik se od sdsm