Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Дали апсењето полицајци е работа за славење

Кој ќе ги заштити граѓаните од криминал и корупција ако тие што треба да не' штитат се учесници во криминал

Горан Адамовски
Даниела Трпчевска

Четириесетината полицајци од граничниот премин Табановце уапсени во две акции минатата недела поради земање поткуп влегоа во списокот на успешните акции на Министерството за внатрешни работи (МВР) во борбата против криминалот и корупцијата. Додека врвот на полицијата се пофали дека продолжува со чесната практика за чистење на криминалот во своите редови, дел од експертите се прашуваат дали има место за фалење и гордеење или, пак, полицијата треба да се срами што има толку нечесни луѓе во нивните редови.

Се почитуваат ли стандардите при приемот на кадри во полицијата и води ли сметка раководството за нивните постапки и начинот на работење, се само дел од дилемите што се отвораат.

„По последните акции и приведувања голема група полицајци, министерката Гордана Јанкулоска треба да си поднесе оставка, бидејќи раководството на МВР е најдиректно одговорно за селекцијата и за вработувањето кадри во полицијата. МВР треба да ги заштити граѓаните од криминал и корупција, а сега се случува нешто сосема спротивно – тие што треба да не' штитат, се учесници во криминалот“, укажува Слаѓана Тасева, професорка на Европскиот универзитет. Според неа, на овој начин се нарушува довербата на граѓаните кон државните институции и се урива угледот на државата. Ако во криминал се вклучени најниските слоеви во полицијата, таа го поставува прашањето до кое ниво се шири тоа и кој го дозволил ваквото несовесно работење.

„Овие појави во полицијата покажуваат дека е изместен начинот на кој се врши селекцијата на кадри и е нарушен системот на кариера и професионализам во МВР, каде што очигледно има голем дефект“, смета Тасева.

Дека последните акции на полицијата не се нешто со кое МВР треба да се гордее е став и на професорот на Правниот факултет Никола Тупанчески. Тој се согласува дека МВР мора да расчисти со криминалот и корупцијата во своите редови, но, од друга страна, се прашува што се крие зад акцијата.

„Ова не е работа за славење. Треба да се расчисти во сопствените редови, но проблем е што ваквите случаи стануваат правило. Премногу често слушаме за корумпирани полицајци, поради што надлежните институции треба да утврдат до кое ниво одат коруптивните дејства“, вели професорот Тупанчески, прашувајќи кој, всушност, остана да работи на Табановце по апсењето на 40 полицајци?

Од друга страна, неговиот колега од Правниот факултет, професорот Гордан Калајџиев, ја поздравува акцијата на полицијата, бидејќи смета дека е доблесно тоа што МВР почнува да ги чисти сопствените редови, признавајќи дека и меѓу нив има појава на корупција. Неговите забелешки се однесуваат на трендот на спектакуларни апсења, кога приведените јавно се покажуваат пред телевизиските камери.

„Факт е дека во Македонија се' уште нема воспоставено с��андарди што е тоа што смее, а што не смее да се објавува во јавноста, за што долго се води полемика во земјава. Во секој случај, повеќе позитивно отколку негативно ги оценувам ваквите акции на полицијата“, вели професор Калајџиев.

„Срамни акции и класично бегање од одговорност“, вака накратко ги оценува апсењата на полицајци на граничниот премин Табановце поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. „Не можам да разберам како и по 30 години од најмрачните социјалистички времиња, се' уште важи онаа нелогична максима дека низ мрежата се пуштаат крупните риби, а се фаќаат ситните“, вели тој.

Тој се сомнева дека и акцијата „Бумеранг“ ќе заврши како и акцијата „Змиско око“, која ги испразни патарините. „Таа акција заврши без судски епилог, а се сомневам дека и оваа ќе заврши слично, и покрај огромниот притисок што се прави врз независното судство. Кој во полицијата ќе понесе одговорност“, прашува Бошкоски, кој особено има забелешки за начинот на кој МВР ги изведува акциите.

„Во еден период во 1999 година, додека бев на чело на полицијата, започнавме со спектакуларни акции, кои имаа свои последици и за кои јас искрено жалам“, се потсетува ексминистерот Бошкоски.

И покрај многубројните критики изнесени во јавноста, врвот на полицијата и понатаму останува на ставот дека „борбата против криминалот во сопствените редови е еден од основните услови за успех во општата борба со криминалот“.

„Со години, не само МВР, туку и другите државни институции важеа за легло на криминалот и корупцијата што, впрочем, се одразуваше во сите меѓународни извештаи и рангирања на листата на ‘Транспаренси интернешенел‘. Изминативе две години, Македонија на таа иста листа напредна за 32 места и, конечно, последните две години почна да добива позитивни извештаи за борбата против корупцијата и криминалот“, вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност во МВР. Тој додава дека новиот Закон за внатрешни работи, во кој се воведува систем на кариера, битно ќе го подигне степенот на професионализмот во полицијата.

Проветрувањето на своите редови полицијата го започна во февруари 2007 година, кога беа уапсени 26 полицајци, девет цариници и тројца угостителски работници на граничните премини Табановце, Меџитлија, Деве Баир и Богородица. Цариниците и полицајците беа фатени на дело додека примале поткуп, а сето тоа било снимено со камера од агентите на МВР, кои биле инфилтрирани во царинскиот синџир.

Еден месец подоцна, МВР поднесе уште 19 кривични пријави против полициски службеници на граничниот премин Делчево. Полицајците беа уапсени, бидејќи пропуштале во земјава камиони со поголема тежина од дозволената. На нивно место беа поставени нови луѓе. Две години подоцна, се случи повторно апсење, кога за само една недела во суд беа спроведени 40 полицајци за земање поткуп.


#
Статијата е прочитана 1670 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 05.09.2009 00:22:02
Glavnoto gnezdo na kriminalot i korupcijata vo drzavava e MVR. Toa go znae veke sekoe dete vo drzavava, a i decata vo stranstvo veke doznavaat. Ova so apsenjeto na GRUPA policajci koj zele 5 evra pa gi delele, e cista glupost ili vo najmala raka kazano zaebancija.(ne deka netreba da se apsat, i za edno evro se apsi). No naporedno so BUMERANGOV imame denovive i druga afera okolu MVR, a toa se nabavkite na maici, kapi, panciri i sto ti ne od nekakva si firma za marketing. Za ovoj kriminal i za ovaa firma MVR kuti i kazuva nekakvi smesni odbrani. Znaci zaklucokot e:kaj slabite i mali ribi ke "trenirame" strogost i ke se falime za nasata "uspesnost i sposobnost", a koga ke ni razotkrijat kriminali od "povisok karakter" e togas ili ke kutime ,ili ke treskame gluposti po novinite vo stilot ne e toa toa sto go gledas nego gledaj jas sto ke ti kazam da gledas. No krajno vreme e MVR samoto da si se reorganizira i sredi, bidejki kako trgnale stanarite na Idrizovo ke bidat po cesni i po cisti od
Од: hasan
Датум: 05.09.2009 00:25:08
ova sega e samo slava na policijata Zosto Policijat Pred Da Pocne Turistickata Sezona Ne Pravi Vakvi Akcii No Togas Jadat Tie Od MinisTerstvo Za Transport Ne Im Dozvoluvat Togas Da Pravat Akci.Jadat Pari I Sega koj e Kriv Carinata e Kriva i Policijata Ne E Pravilno ovo..ne Se krivi Policijata nitu Carinata Tuku e Kriva ministerstvoto Za Transport Sto Zima..i Sega mora nekoj da ispadne kriv a toa Se znae Policijata i Carinata na Sekoj Granicen Premin...mora nekoj da padne... isto kako vo Shah mora da dades Pijuni Za Da Odbranis Kral Kralica Top i taka nataka...i treba sekoj autobus kamion kola da se proveri dali patuavt so svoja dozvola ili pak so edna dozvola patuavat po 10 autobusa ...za site vaozila vazi toa..
Од: Од Мирче
Датум: 05.09.2009 00:42:17
Со кскви морални квалитети е составот на нашата полиција зборува чистката во истата поради мито и корумпираност. Исто така тоа зборува и колкава е корумпираноста на раководните кадри до врвот на целото министарство за внатрешни работи..Масовната чистка не преставува успех за гордост на владата, ами брука и за државата.
Од: mitko za skrienite kameri
Датум: 05.09.2009 01:09:43
Mene ne mi e jasno kako ovie glupi cajkani ne sfatija deka granicnite premini celo vreme se snimani otkako gi uapsija korumpiranite carinici minatata godina.
Од: gragjanin na RM
Датум: 05.09.2009 01:24:16
Eh, policijata prvin gi prima, pa posle gi cisti sopstvenite redovi od dokazani kriminalci. Super strategija. Si dobiva poeni. Alal da im e. A gragjanite treba da nosat oruzje, neli? Fujjjjjjj
Од: Mitre
Датум: 05.09.2009 05:35:05
Pozdrav za akcijata ama mislam deka ke treba da uvezeme policajci od zapadna Evropa za da ni go iscitat "djubreto" od nasata policija...Malku posteni se ostanati zatoa sto kaznite za mito se minimalni...Barem 20god zatvor za korupcija pa ke videte kakva nekorumpirana policija ke imame....
Од: Bitolcanec
Датум: 05.09.2009 06:09:07
Koj mozese da ocekuva deka zena,a ne maz ke bidi najdobriot minister za vnatresni raboti vo poslednite 18 god.?!Bravo za MVR,ali djabe se ako sudot im izreci nekoj smesni kazni!
Од: Vasko
Датум: 05.09.2009 06:18:33
Мизерија и срамота за државата. Дали има некој во тоа МВР што нее корумпиран ? Дали некој од одговорните во МВР, при вакви масовни грабежи ќе се најде за одговорен ?
Од: Chitatel
Датум: 05.09.2009 06:40:36
Vlasta zada go pokrie svojot apashlak pravi teatarski pretstavi kako znak zaborba protiv kriminalot. Da vidime kako ponatamu kje glumi.
Од: bale
Датум: 05.09.2009 06:50:32
Znaci definitivno nemame Policija lugje, pa ovie site bile kriminalci???? Pa ne postoi cesen covek so mikroskop da baras????? Sega mi e jasno koga eden prijatel sofer mi kazuvase deka gi tormozat i ostavaat da cekaat so saati na granicata so cel da iznudat pari???? I toa vozi do Holandija i veli samo na Tabanovce ova im se slucuva.... a jas ke prasam koj ja vrabotuva ovaa bagra??? Najverojatno VeMeRO-to ke da e.....Aferim Makedonijo, ne sme bile da imame drzava....
Од: ??
Датум: 05.09.2009 08:21:56
Не можам да се изначудам кога ќе слушнам дека и апсење на криминалци-полицајци (со снимени и 100% сигурни докази) некој го проблематизира и релативизира. ДИЛЕТАНТИ и НЕПРИЈАТЕЛИ НА ПРАВОТО И ПОРЕДОКОТ! Такви лица НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ ПРОФЕСОРИ! Јасно е дека “рибата од глава смрди!“ И сега кога “главата“ т.е. министерството се труди да ја истреби смрдеата од своите редови, сега “разни дилетанти“ се јавуваат и велат дека требало да се замени министерот кој ја препознал смрдеата и реагирал соодветно!!!??? Да пукнеш!!! Со која цел се јавуваат дилетантиве, кој им е мотивот: Не можам да видам ништо друго освен тежнеење со бесконечни релативизации луѓето да сакаат да ја прикријат својата неспособност, некомпетентност. Да ја утопат во безличната маса, каде што се може а и ништо не може! Таква беше,и за жал се уште е, Македонија во многу сфери од животот.
Од: gerd
Датум: 05.09.2009 08:27:38
sakate da vi kazam kako ke zavrsi ova?site ke bidat oslobodeni ,nemanje dokazi....pa sto gi uapsile togas...
Од: Damjan
Датум: 05.09.2009 09:31:32
Decki kakov siten kriminal mi spomnuvate, eve edna prosta matematika 40 carinici po 80 evra dnevno, 30 dena mesecno, 12 meseciako za vas 1152000 evra se malce pari treba odma da se vratite vo vtoro odelenje da poftorite malce.
Од: Trajko
Датум: 05.09.2009 10:04:54
I jas sakam da me vrabotat policaec ili carinik na granichen premin,i da me ostavat da rabotam samo barem dve godini ,da si izgradam kuka i kupam ubava kola pa posle neka me pritvarat.Zarem ne vi e jasno zoshto vlasta gi ostavila tolku vreme i ne prevzemala nishto,koga ova shto se sluchuva na granica e javna tajna.
Од: јас
Датум: 05.09.2009 10:13:38
Дали само обичните полицајци , кои работеле на граничните премини се крив???Секако НЕ!!! Тука се нивните надредени и тоа од оние кои тука ги испратиле да работат, па до Внатрешната контрола кој дозволила да има ваков тежок криминал на скоро 95% од вработените по тие премини...А за тоа дека ситните рипчина секогаш настрадуваат , а големите се провлекуваат низ мрежата , секако е точно!!! Како може фирма , која има криминално досие со години да „зема“ тендери во вакво министерство, кое баш е најповикано да се справува со криминалот?!
Од: dingo
Датум: 05.09.2009 10:15:31
Ne velam deka nema korupcija vo MVR,no sepak vo ovoj slucaj se saka da se svrti vnimanieta na javnosta so zdelkata so pancirite,majcite,kapite i drugi raboti od vrvnite luge vo MVR(gi znaat i pilinjata).Sekogas koga ima nekoja afera vo vladejackata partija ocekuvajte spektakularni mediumski pokrieni apsenja.(vo taa spektakularnost golem udel imaaat i mediumite pokazuvajci gi licata na uapsenite lica)Zar ne zvuci naivno deka policajcite propustale lica od Albanija bez patni ispravi koi sakale da zaminat od Makedonija vo Grcija,pa kako tie ja minale Albanskata granica,ili padnale od nebo.Treba da bides maloumen pokraj apsenjata na Tabanovce da se vpustas vo takvi raboti i baska da ti najdat devizi vo dzepovite ili vo prostoriite kade prestojuvale.Im se cudam i na citatelite i na novinarite kolku se zapalija za sluckata kako da ne znaat deka seto ovaa e rezija na vlasta.Na mesta na uapsenite ce se primaat novi partiski lica.Megjutoa i toa e polezno ce se namali nevrabotenosta.
Од: filip
Датум: 05.09.2009 10:52:51
abe i nie sme cuden narod, narod-samounistuvac. koga ne gi apsat site gi pcueme i vikame ajde koga vece ce prestanat da zemaat mito, neka gi ispozatvorat vece ednas...koga ce gi uapsat pak ne ni cini, tie bile sitni ribi, ne trebalo falenje tuku sramenje, trebalo da se pazi kogo se vrabotuva i ne znam sto uste....zalna si makedonijo...
Од: IRENA
Датум: 05.09.2009 11:48:13
Se znae deka familijata e povrzana so site KRUPNI kriminali!!a za vakvi apsenja ministerot podnesuva ostavka sto dozvlil ova da mu se slucuva!
Од: дипл. криминалист
Датум: 05.09.2009 13:43:37
Срамота, уште еднаш! И ќе има уште многу вакви апсења ,Ви гарантирам! А, Слаѓана Тасева најмалку може да коментира околу ова бидејки ТАА 4 години беше директор на Полициската академија , и во нејзин мандат поминаа неколку курсеви за полицајци ( околу 1000 полицајци) , кои за да бидат примени плаќаа и по 5000 евра и тоа е јавна тајна. Ние дипломираните криминалисти на Полициска академија седиме дома без работа, а се примаат партиски кадри по принципот кој ќе даде повеќе пари . СРАМОТА!!!!
Од: tebe
Датум: 05.09.2009 13:58:31
dobro e sto se apsat samo da ne ispadne kako na patarinite po pritvorot pak na rabota i pak istata pesna.nikoj ne prima mito ako ne nema pogolema riba da mu go stiti grbot.ima pogolemi ribi nasekade vo nasata admistracija za przenje.
Од: milko
Датум: 05.09.2009 16:29:47
se slozuvam so poveketo deka nee akcija za slavene tuku za stramene. TETKA LENA MI KAZUVASE KOGA JA ZELE KAKO MLADA NEVESTA, prvo sto im rekle:NEVESTO NE KAKO STO ZNAES TUKU KAKO KE NAJDES OVDE:ova sto sega se slucuva trebase da se sluci mnogu oddamna.site sme svedoci na nekoj nacin i go imame doziveno ucenuvanjeto ili maltretiraneto od ovi lica, a bogami i sami mu pomogavne vo istoto, ne prijavuvajki gi so nades deka ke se podobri.sekoj den stanuvaa se po alcni i morase eden den da pukne filmot ako e od vcera i neka nee ama site znaeme deka e od davna od osamustoluvaneto do denes no sepaksega ke izlezat na videlina mnogu raboti i mnogu pouki kako za sluzbata taka i za nas graganite, kako treba se odnesuvame vo slicna situacija.
Од: Skopjanec
Датум: 05.09.2009 17:00:49
ribata smrdi od glavata!
Од: siromasen
Датум: 05.09.2009 20:30:12
e so vakva policija gi polnime zatvorite so luge, a ovie koj treba da go sproveduvaat zakonot bile najgolemi lopovi i setaat slobodno ,dodeka nekoj zaradi niv lezi po zatvorite.e dokade stignavme.tie sto trba da go suzbivaat kriminalot otsekogas bile najgolemi kriminalci.da gi osudat maksimalno,pa da vidat kako se minuva vremeto vo zatvor.vakvi akcii treba i vo sudovite,da go vidat pravilnoto sudenje sto go sproveduvaat sudiite-poveke evra pomala ili nikakva kazna,nama evra nema sloboda.i pak spijat mirno,ama gospod zabavuva ama ne zaborava.toa e se povrzano policija kako ovie uapsenive advokati i na kraj sudii.kako ke dokazat deka se nevini?obicniot graganin nikogas nemozel da dokaze.site da gi osudat so kazna zatvor.i bravo za vakvi akcii.
Од: Pravednik
Датум: 05.09.2009 21:17:21
Сите полицајци за кои ќе се утврди дека земале мито треба веднаш да им се даде отказ од работата! Меѓутоа, ако беше соопштено дека акцијата се следела 8 месеци, може да се постави прашањето зошто МВР реагира дури сега? Сосема јасно е дека по аферите во МВР (маици, капи, панцири), во Министерството за сообраќај (302 двокатни автобуси по дупла цена!, наодите за направен криминал во износ од 20-тина мил. евра), Министерството за здравство и многу други криминални работи, владата/власта со овие апсења сака да го дефокусира јавното мислење! Филм кој се повторува секогаш кога ќе и „загусти“ на на владата/власта!
Од: mb
Датум: 05.09.2009 22:09:43
I Taseva treba da podnese odgovornost, a ne da trubi sto ne cini vo drzavata. Sigurno pogolem del od "policajcite" se "osposobeni" vo nejzino vreme. So evra, se razbira.
Од: pravda
Датум: 06.09.2009 11:27:08
sekogas koga vlasta ke napravi golem kriminal so mali akcii apsi mali ludje.So cel da se prikrijat aferite so tenderite vo MVR se apsat sitnite kriminalci.Tocno deka 100.000,oo evra ne se malku ama vo odnos so tenderot za maici,panciri ovaa e sitna boranija,oti se raboti za milionski sumi evra,ama tie ne gi apsat,sto znaci onie gore kradat na golemo ama apsat na malo

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија подготвена за радост во Глазгов
Зденко
ПартиЈата е сила, незнаењето е моЌ
Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2
Седум лица загинаа во експлозиите во фабриката за муниција во Србија
Ревизија на ревизорот
Сиромаштијата во Македонија е непобедлива
Биеналето на уметници почна на полупразен плоштад
Молчењето не е злато, туку некомпетентност
Македонија се повлече од Балканијадата поради името
Падна ДДВ за становите
Каде оди дипломатијата?
Партиска сеча на 1.000 наставници
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН