Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Соработки

Лејди Гага - најпосакувана партнерка за дует

Соработките на ѕвездите се во центарот на вниманието на светската музичка јавност

Александар Митевски

Дуетите моментално се голем тренд во светската музичка индустрија и би рекле дека секој обид на големите популарни ѕвезди оди во таа насока за да се искомерцијализира идната соработка. Музичкото здружување на силите е силно поддржано од светските музички медиуми и од жолтиот печат, кои напросто ги голтаат сите информации поврзани за можните соработки на познатите ѕвезди и најавите за нови дуети. Оние ѕвезди што не се во орбитата на моментално најславните посакуваат да снимат барем еден дует, кој, буквално, преку ноќ би им го променил животот и кариерата, а одредени медиуми шпекулираат и прават списоци составени од гласањето на фановите, кои посакуваат одредени музички соработки. Понекогаш тие се реални и остварливи, а понекогаш фановите имаат некои вонсериски барања за нивните идоли кои би отпеале најдобар дует со некоја ѕвезда која ниту стилски и жанровски не одговара. Така, на пример, најновите сондирања на фановите најмногу се вртат околу најпосакуваната денешна поп-икона, која буквално го заврте светот на шоу-бизнисот за 180 степени – Лејди Гага. Имено, најмногу од гласачите би сакале да ја видат и да го слушнат Гага во дует со кралот на рокенролот, Елвис Присли, и тоа судејќи според најновите технички можности за обработка на глас и модерните студиски помагала, веројатно, и би можело да се случи. Познатиот канадски кантавтор, Мајкл Бубле, фановите би сакале да го чујат во дует со сомотскиот глас на неповторливата Нина Симон, а соул-ѕвездите Арета Френклин одлично би лепела на дует со извонредниот црномурест пејач Лутер Вандрос. Младиот Вил Јанг совршено би одговарал со ветеранката Барбара Стрејсенд и тоа има реални шанси да зазвучи одлично, а рокерски расположените фанови посакуваат да го слушнат некогашниот поп-рок идол Мит Лоуф со легендарната Бони Тајлер, што, секако, би било мошне интересно како музичка комбинација.

Светот, како што споменавме, моментално го тресе ултрапровокативната Лејди Гага, која е вистинска машина за правење пари, па сите сакаат да бидат во нејзина близина кога е во прашање естрадата и студиските снимки. Според сите статис��ики, таа е најпосакуваниот партнер за дует на светската естрада, затоа што е посебна, оригинална и секој нејзин следен музички проект се проследува со огромно внимание и медиумска фама. Светот, едноставно, го голта најновиот дует со ултрапопуларната црномуреста пејачка Бијонси – Телефон, кој има огромни шанси да стана вистински дует на годината, доколку продолжи ваквиот интерес. Токму оваа песна Лејди Гага ја напиша заедно со студискиот гуру Родни Џеркинс и беше наменета за Бритни Спирс, но откако компанијата на Бритни ја одби оваа песна (со што вистински згреши), таа је преработи и ја пренамени за соработката со Бијонси. Интересно е што големата електро поп-принцеза веднаш по овој дует продолжи да размислува за следна соработка и тоа на голема врата и веќе се најавува по светските медиуми. Имено, станува збор за големиот херој на Калчр Клаб, Бој Џорџ, кој бил поканет од страна на Лејди Гага да гостува на концерт во Лондон во рамките на нејзината голема Фејм-турнеја. Се' уште не се објавува дали тие ќе направат и да отпеат некоја нова песна во дует или, пак, ќе направат заедно некоја преработка на еден од големите хитови на Бој Џорџ, со кои растела Лејди Гага. Таа насекаде изјавува дека вистински му се восхитува на имиџот и појавата на легендарниот Бој Џорџ уште од средното училиште каде што воопшто не се совпаѓала во средината, затоа што посакувала да личи на него. Сигурно и оваа спојка на две експлицитни музички фигурни ќе донесе нешто несекојдневно, а и Бој Џорџ се радува на овој дует затоа што бил нејзин вистински фан од одамна. Светот се забавуваше со информацијата дека Лејди Гага поскала да добие автограм од славниот Џорџ, но на својата вагина – што беше добредојдено за сите жолти весници што ја прогонуваат Гага во потрага по каква било провокација што секојдневно ги пласира.

Гага одлично помина и во несекојдневниот дует со ветеранот Елтон Џон со кого ги отворија годинешниве Греми награди. Нивниот пијано-дуел и одличното вокално и генерациско преплетување експлодираше како вистинска медиумска бомба. Долго време ќе се памети нивната соработка, облепена со кристали, пердуви и белите пијана, а сер Елтон Џон како дете му се радуваше на овој дует и измиксувањето на Speechless со неговата Your Song. Тој , текстот на песната , воден од својата импресија од младата икона ја пренамени во How wonderful life is with Gaga in the world! и стана еден од армијата на обожаватели на Гага, кои посакале барем еднаш да запеат заедно.

Најновата информација поврзана со менаџментот на Гага е дека се крчка и нејзин дует со познатата Сузен Бојл и според информациите, има се' поголеми шанси таа музичка спојка и да се направи. Гага посакувала дует и со неа, затоа што е уникатна и неповторлива, а музичките кулоари веќе шпекулираат дека оваа чисто комерцијална спојка дополнително ќе ги лансира продажбите на албумите и на Бојл и на Гага, што реално и ќе се случи. И распеаната домаќинка ја прифати поканата со додавка дека вистински и' се восхитува на младата уметничка во нејзината оригиналност и дека е воодушевена од нејзините модни креации што би сакала да ги проба и самата.

Во почетокот на февруари од отворањето на карневалот во Рио стигна информација дека познатата Алиша Кис снимила дует со Бијонси и дека токму во Женеиро го снимаат видеозаписот за таа нумера. Алиша изјавила дека е вистински среќна поради дуетот со нејзината колешка Бијонси и дека вистински се забавувале. Тие без скрупули и его вистински си ги глорифицирале своите успешни кариери со оваа песна и на некој начин си дале повеќе сила и станале добри пријателки по оваа песна. Тие го снимија спотот, кој малку ќе почека (поради промената на плановите) на локациите каде што некогаш снимаше кралот на поп-музиката Мајкл Џексон. Алиша веќе подолго време ја врзува соработка со сопругот на Бијонси, Џеј Зи, кој се грижи за нејзината продукција, а заедно снимија и дует за новиот албум на Алиша. Но, сепак, големата желба на Алиша да сними токму моќна женска песна токму со Бијонси и се оствари.

Во Стејплс центарот на 15 април голем концерт имаше младата кантри-икона Тејлор Свифт и на воодушевување за многумина на самото место се случи еден спонтан дует со нејзината колешка, Кејти Пери, која беше дојдена да го проследи концертот. Тие направија одличен дует со хитот на Пери - Hot ‘N Cold и вистински се изнаскокаа со нивните фанови, кои се радуваа на овој дует. Интересна дуетска соработка се најавува и меѓу актерот Џејми Фокс и Џастин Тимберлејк, а тоа е песната Split Personality, која ќе се најде на мајскиот албум на попул��рниот црномурест актер. За многумина и непознат како музичар, Џејми навистина брзо ја започна и ја реализираше својата приказна со музиката и веќе има два успешни албума во изминатите четири години. Овој дует беше замисла на неговиот менаџер Прескот и тој мисли дека ќе направи вистински медиумски магнет од оваа соработка. Џастин веќе неколку пати соработуваше со повеќе свои колеги во дует, а светот ја памети неговата скорашна соработка со кралицата на поп-музиката Мадона за хитот 4 Minutes to Save the World.

Моментално хит на ТВ и на радиостаниците е латино-убавицата, Шакира, која го промовира својот нов сингл Gypsy, а студиото „Дизни“ веќе на големо се подготвува за еден несекојдневен дует на Шакира со младата телевизиска ѕвезда Селена Гомез. Имено, во епизода од познатата серија Wizards of Waverly Place телевизиските хит-мејкери решиле да кренат повеќе прашина со големиот дует на Селена со Шакира и Gypsy совршено одговорал на нивниот сентимент.


#
Статијата е прочитана 653 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Сеча во скопска Апелација
Оптимизам за една употреба
Мудри банки
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Кој ќе трча на атлетската патека во Охрид
Зошто толкава омраза
На светските избори не помагаат стриковци и вујковци!
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Имам план да престанам да планирам
Хероите на нашето време
По пет месеци, падна белгиската влада
Ивце Пивце е поуспешен од Ивица Маринковиќ
Изнасилен сензационализам