Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Поглед

Мудри банки

Нина Нинеска-Фиданоска

Никој не е како нашите банки. Полни со пари, стегнати за кредити, бавни кога треба да ги намалат каматите и брзи кога треба да ве потсетат дека им должите пари! Се чини дека тие најубаво си ги наредија коцките во целиот период додека светот го тресеше економската криза, а огромни светски реномирани банки пропаѓаа и молеа за државна помош.

Иако заслужуваат најголеми пофалби што успеаја да им одолеат на сите предизвици, и не само што не пропаднаа туку и остварија какви-такви профити во страшната 2009 година, сепак, прашање е како само им успева да им оди добро, додека сите други тонат во очај и беспарица. И фирмите, кои, едноставно, молат за кредити и успеваат да ги добијат само со помош на „трикови и црни магии“, и граѓаните, кои никако да дојдат до пристојни камати за нивните заеми и „истоштени“ картички во кои се заглавени до гуша.

Сигурни играчи се нашите банки. Секоја среда својот вишок пари ги замрзнуваат преку благајнички записи во Народна банка на Македонија, добивајќи за тоа сосема пристојна камата од 6,5 отсто. Ем камата ем не ги боли глава дали денарите ќе им бидат вратени, бидејќи централната банка обезбедува стопроцентна сигурност. Зошто банкарските службеници да се расправаат со некојси таму „сомнителни“ фирми или граѓани, па да се мачат да им ги читаат бизнис-програмите или барањата за кредит, па да ги проверуваат..., и на крај, во грч да чекаат дали овие, кориснициве, ќе ги враќаат ратите. Па што дека од нив ќе добијат повисоки камати, тоа и не е толку важно за нашите банки, битно е да се игра на безбеден терен! Сосема легитимна е одлуката на банкарите како тие ќе ги вложуваат своите средства.

Веројатно, така бараат нивните газди. Но, мисли ли некој за економскиот развој на својата држава или, сепак, поважна е сопствената комоција?


#
Статијата е прочитана 1433 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.04.2010 00:35:34
Nema tuka nikakvi trikovi i magii, se e ednostavno. Za da nekoj profitira mora da ima drug sto ke "gubi".Bankite profitiraat turbo,stopanstvoto tone turbo.Stopanstvoto plaka danoci,a i nie narodot,a na bankite drzavata im gi dava kako kamata za zapisi,blagajnicki..,a tie kamati ne se mali, kako sto i ti kaza 6,5% a bea i 10%. Zgora na se sobiraat pari i od kamati, provizii, a najnovo sekoj mesec na sekogo mu naplakaat i za toa sto ima smetka.Bankite ne plakaat ni DDV.Drzavava e vo zaloznistvo na bankarite, pa ako ovoj"reket" ne im go plakame,ke ne snajde "Argentina".Nemam mesto tuka da objasnam kako, no fakt e deka drzavava e zaloznik na bankite, a so toa ni ja kontrolira i "nezavisnosta"na drzavava.Druga prikaska se i nekolkute mafijaski banki koj imaat druga uloga,koj se vo sluzba na sosedni obavestajni sluzbi i zadacata im e sosema druga. Za zal NBRM e nemokna, ili podobro kazano, e stavena veke pod nivno vlijanie.
Од: boa
Датум: 23.04.2010 00:55:24
Ti izgleda nemas poima od bankarstvo,treskas zeleni..procitaj nesto pred da pisuvas.bankite se komotni bidejki Gosev BARA od niv pari i im plaka kamata.ako Gosev NE BARA,togas bankite ke plasiraat vo stopanstvoto,nema da gi cuvat na smetka sigurno!
Од: Serafim
Датум: 23.04.2010 05:54:10
Ne samo bankite,no i drzavata te oplacka vo plakanjeto na dokumentite-koi se barani za da zemes nekoj smesen kredit.,,Graganinot pred se,, ama samo koga se raboti za praznenje na negoviot dzeb i parola pred izborite!
Од: Крт
Датум: 23.04.2010 06:23:18
Банките ни се како ,,држава,,во држава.Кожата ни ја одраа на нас обичните граѓани.Кога треба да ги зголемат каматите тоа го прават за 24.минути,а намалувањето на истите е макотрпен процес од кој тие само профитираат.Сега имаме уште помалку пари,а пред тоа немавме ништо.
Од: Потрошувач;
Датум: 23.04.2010 08:04:44
Банките си работат само економски, ако владата им дава толкави камати за државните записи, зарем банките се малоумни да не профитираат од малоумноста на власта.Во Америка беа нормални па заглавија со хипотеките.За нормални економски односи пред се мудра економска политика а таа оваа влада не ја познава.Неуки дечишта!.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.04.2010 08:45:40
Maka mi e od via neproduktivni ventili na nezadovolstvoto.Konstatiram - selo bez kučinja.I šo?KARAVANO PA SI VRVE.
Од: bblagoja
Датум: 23.04.2010 12:33:03
Mudri Banki,mudri politicari ,mudar narod,site mudro tonime ,a bogami nemudro ce si zavrsime. Na sekoj mozen nacin dokazuvame deka nema vo nas sila za samostalna i jaka drzava,tuku ajde da si odime tamu kade sto nie mestoto. Dazivee idnata Turskomakedonska Fedracija.
Од: dr Simo Georgiev
Датум: 23.04.2010 14:03:51
Vo komunizmot koj kje nastapi utre nema da ima vakvi svinjarii "banki" pa kutrata novinarka kje nema sto da pisuva (i preporacuvam da si se prefrli na umetnost i kako jas da si slika) . . .

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Сеча во скопска Апелација
Оптимизам за една употреба
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Кој ќе трча на атлетската патека во Охрид
Зошто толкава омраза
На светските избори не помагаат стриковци и вујковци!
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Имам план да престанам да планирам
Хероите на нашето време
По пет месеци, падна белгиската влада
Лејди Гага - најпосакувана партнерка за дует
Ивце Пивце е поуспешен од Ивица Маринковиќ
Изнасилен сензационализам