Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата

Двајца угледни виенски архитекти сметаат дека колку е поголем коњот, толку зад него се гледа празнина и изгубеност

Билјана Ангеловска

„Оваа архитектура што се предлага со ’Скопје 2014‘ сигурно не е продукт на демократија и на тоа дека народот што живее во Скопје има силна потреба од ваков израз. Ваков тип архитектура се јавува многу често кога владејачкото тело на една држава ја држи целата моќ во свои раце и се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата“.

Вака накусо ги сублимираат своите првични впечатоци од планот за ребрендирањето на центарот на Скопје, Кристоф Луксингер, професор на Институтот за урбанизам на Техничкиот универзитет во Виена и неговиот колега Ерих Рајт, кои со уште 30-ина дипломци и докторанди на Виенскиот факултет се дојдени во главниот град. Тие работат студија за Скопје, за што деновиве во Мала станица ќе бидат одржани повеќе работилници. Во организација на „Форум Скопје 2010“, гостите од Австрија ги донесе Иван Мирковски, предавач на Институтот во Виена и на Американскиот колеџ во Скопје.

„Скопје е одличен полигон за обучување на идните градски планери, но е тежок за изучување. Прво, станува збор за екстремно интересен град на полето на урбанизмот, во насока на нови планови за развивање, додека за идните планери е многу важно дали ќе ги следат идеите на Кензо Танге, кои доаѓаат од едно друго соѕвездие или ќе пронаоѓаат други методологии. Мој личен аспект е дека на Скопје му е потребен голем публицитет во странство, за она што се случува тука. Потребна му е отворена, јавна дискусија, дебата што би се претворила во дискурс што му е неопходен на еден град“.

За Луксингер, Скопје како еден од градовите кои за него се' уште се непознати, на еден зачудувачки позитивен начин покажува голем степен на модерна архитектура и се разликува од сето она што досега го видел во другите градови на поранешна Југославија. Неговиот впечаток е дека големите зафати што ги планирал Кензо Танге оставиле печат на градот.

Професорот Рајт, пак, смета дека фрагментарното гледање на Скопје што го направил јапонскиот архитект е добро, бидејќи дава натамошни потреби за развој на урбанизмот. Според Луксингер, очигледно е дека во целата таа сложувалка замислите на Танг�� ја даваат главната структура на градот. Професорот Рајт се надева дека проектот „Скопје 2014“ ќе остане само мал фрагмент во концептот на Танге.

„Не е главно прашање дали проектот е контра Танге или не, туку како моментално влијае на градот и го менува. Овој план, пред се', има просторни проблеми, бидејќи уништува постојни простори што носат огромни квалитети. Најтрагичен пример за мене е заградувањето на фронтот на реката Вардар од левата страна и затворањето на просторот пред МНТ, со што се уништува еден објект како што е МНТ, кој е апсолутно пример за најдобра градба од европската модерна архитектура“, констатира професорот Кристоф Луксингер.

Проектот за Скопје има и една друга димензија, емитацијата на стар, одамна изумрен стил, наспроти модерната футуристичка архитектура што денес се планира во светот. За Ерих Рајт отсликувањето на антиквизацијата во сите новоизградени објекти нема никаква порака, светот нема никако да реагира, зашто тоа е нешто што е познато, нешто што се случило и поминало. Тој смета дека преку такво планирање се става во позадина сета позитивна архитектура и идеја што ја има градот, вистинската и модерна архитектура се затскрива зад кулисите на некоја вештачка антиквизација. Таквиот архитектонски израз не ја отсликува демократијата во творењето.

„Оваа архитектура што се предлага со ’Скопје 2014‘ сигурно не е продукт на демократија и на тоа дека народот што живее во Скопје има силна потреба од ваков израз. Мене веднаш ми беше јасно дека тоа е најверојатно процес што почнал од одозгора, иако архитектурата почнува одоздола. Таа е процес за кој секогаш треба јавно мислење, дискусии, дебати за да се дојде до процес што ќе заврши горе. За жал, овој процес е почнат од горе и ќе заврши долу“, вели професорот Рајт и појаснува дека во светот често се случуваат вакви примери каде што архитектурата почнува да се претвора во масовен продукт.

„Од друга страна, пак, ваков тип архитектура се јавува многу често кога владејачкото тело на една држава ја држи целата моќ во свои раце и се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата. Тоа, според мене, би била најдобра формулација на најлошиот можен вкус во секој смисла во однос на политиката и на оној што е градител на сево ова“, надополнува Рајт.

Архитектите вообичаено велат дека објектите ги одразуваат чувствата и пренесуваат некаква порака. Но, очигледно, тоа не е секогаш така. Предвидената триумфална порта за австриските професори не отсликува ниту чувства ниту, пак, триумф. За нив таа претставува барање некаква слика, потрага по идентитет за кој некој мисли дека е изгубен.

„Таквиот тип барање идентитет преку реплицирање на нешто што се случило во светот, не знам како би можело да функционира. Се става под прашање каков триумф и зошто“, е ставот на Рајт.

За него сево ова што сега се гради во Скопје, секако, ќе остави трага и порака до идните генерации. Тој смета дека овие објекти го носат времето на оваа политичка структура и на денешната структура на население. Но, од друга страна, тој е категоричен дека овие објекти носат порака за една несигурност.

Рајт вели дека колку е поголем коњот толку зад него се гледа празнина, изгубеност и несигурност во планирањето. На самиот раб на влезот на Македонија во ЕУ се забележува дека државава се обидува да пренесе порака до Европа дека и Скопје е европски град, и тоа преку една фасада, предница со која Македонија треба да се претстави. Но, во тој процес има и други земји што чекаат да влезат, како, на пример Турција, која, како што појаснуваат виенските професори, носи еден архитектонски израз кон кој Европа е многу ориентирана денес, а не кон нешто што го веќе имала и го ставила во музеј. Оттаму, не смее да се заборави дека со една таква презентација, идејата што ќе ја пренесува Скопје, ќе стави во заборав дел од сложувалката, која за Европа е незаборавна и многу позитивна, а на нејзино место ќе постави нешто што Европа не ја интересира.

„Значи, нас, како странци, но, пред се', како професори и студенти по архитектура од еден европски град, овде ни е многу поинтересно кога ја гледаме Старата чаршија, па дури и населбата Шуто Оризари, отколку триумфалната капија“, заклучуваат виенските архитекти Ерих Рајт и Кристоф Луксингер.


#
Статијата е прочитана 2414 пати.

Испрати коментар

Од: dr.minev
Датум: 23.04.2010 00:47:56
Makedonija e vo izgtradba i zatoa drzavno(javno) zemjistze e od golemo znacenje.Prasanje:Zosto stratezite vo planiranjeto ne probat za drzavata da go spasat prostorot zad stara zel.stanica koj e od SVET karakter i toa megju Ramstor i Podvoznik. Bul.Makedonija tuka ke e izlisen ako se modernizirat sosednite ulici vo ednosmerni i ako se spojat so ul.Nar.front.Vprocem tuka e storeno i bez toa tesko urbanisticko zlostorstvo i toa ke prodolzi ako i potamu se delat lokacii na privatni subjekti.Lokalitetot bese dade od Boga za eden ukrasen park(oaza) so drzavni palati na kraevite. Zosto molcat odgovornite lugje?
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 23.04.2010 03:10:37
Ubavo e Skopje da se dotera malku. Veruvam nikoj ne e protiv. no koga se nema pari za toa, sto prioritet na sekoja domakinska kukja bi bilo zdravjeto i obrazovanieto za svoite, i koga bogami na slikava izgleda duri smesno kako "Bosanski lonac". Skopje raka na dusa i lici, togas redno e da se soslusaat soveti od drugite.
Од: Vangel
Датум: 23.04.2010 03:50:07
Ako stavime seslavjanski patrdii so paganski elementi, bombasite Mirko i Slavko, B.C. da bide premier i predsedatel do 2124 godina, e togas demokratijata ce fati korenja. SARMA DARMA Vojvodjanko - .... kade e OTPOR ????
Од: cica
Датум: 23.04.2010 04:54:02
Ova mu doaga isto kako da stavas karmin na svinja.Vo nasiov slucaj e matorica.
Од: citatel
Датум: 23.04.2010 07:26:04
A be dosta so toa Skopje 2014.Ili pravete go ili prekinetego ednas toj proekt i dosta vekje mi se smaci da go gledam toj naslov po vesnicite.
Од: Попразно е кога нема ни коњ!!!
Датум: 23.04.2010 07:30:01
Би сакал да ги прашам тие професори дали центарот на нивната Виена е продукт на демократијата?????
Од: trajko
Датум: 23.04.2010 07:47:52
Браво за нобвинарката.Самата статија е еден одличен коментар.Ги молам советниците на премиерот да му ја прочитаат
Од: Скопјанец
Датум: 23.04.2010 08:08:56
Коњите кои ова го смислиле не се големи но профитот и парите се.Даравелски се офајди со десетици милиони марки.Дали овие ,на времето негови пријатели и шефови ќе го надминат стократно? Секаде чури...Пари,пари,пари...Тендери..сади,гради,државата стана најголем инвеститор на глупости за народот - пари за себе и своите.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 23.04.2010 10:09:33
Стил,кој во својата етимологија го отсликува Малограѓанскиот врвен Невкус,кај нас го доживува својот препород!Наместо Граѓанско општество,во МК блика Малограѓанска култура!Без никакви познавања од Уметноста тие пропагираат свој Невкус,откривајќи врвна уметност,онаму каде ја нема!Анахрониот „стил“на градбите во Луцидниот Проект е излив на длабока искомплексираност и фрустрации на Новокомпонираните Дами и Господа фон Опинок и на нивната Невозможност да станат нешто повеќе од тоа!Неможност да ја собујат опутата и да се отресат од каллта!„Триумфалната Капија“има единствено оправдување во желбата да се прикаже Триумфот на Простотилукот на Големото Его! @Порака До ПоПразниот Коњ: Центарот на Виена е граден Пред 300 години!За да стигнеш некого,барем, до правот од копитата,треба да одиш Напред, а Не Назад!
Од: maka
Датум: 23.04.2010 10:45:55
dosta mi e od nekoi drugi solaci na pamet. Ako se od "Evropa" odma znaat mnogu i sekogas se vo pravo. Neka polemiziraat arhitekti, umetnici, esteti narodot i site sto ziveat vo ovoj grad sto go cuvstvuvaat kako svoj. Ne znaci ako si najubav deka si i najsreken. Ubavinata e dozivuvawe i ne e bas taka lesno merliva.
Од: Kire od Sofija
Датум: 23.04.2010 11:04:51
Jas ne veruvam deka "Skopje 2014" ke dobie realizacija.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.04.2010 11:20:10
Проектот Скопје 2014 беше "присатен" и на неодамнешниот саем на книгата. Имено еден од најжестоките критичари на овој проект, на еден штанд топло ги препорачуваше двете џепни книгички со сите написи објавени во весниците, а се контра проектот. На забелешката, дека за да ја постигне целта, книгичките треба да ги делат бесплатно, на што лутито беше одговорено, додека тие /кои?/ , работеле другите спиеле. Незнам колку промет се направи со книгичките, но сепак Проектот 2014, и на овој начин за критичарите требаше да биде профитабилен. Колку, тие си знаат?
Од: Ангел
Датум: 23.04.2010 12:09:03
Ние првпат сме слободни да градиме НАШЕ НА НАША ЗЕМЈА. Европа да и каже на Грција и Бугарија нејзини членки да не крадат од Македонија и да не се китат со туѓо. Цела Европа е изградена на купишта лаѓи. Проектот што побрзо да види бел ден, изградено се .
Од: tihi
Датум: 23.04.2010 13:18:03
Da se kaze deka MNT bilo vrv vo arheologijata i da se ostane na dve noze.I pri toa deka za niv e najinteresna sutka od arhitektonski aspekt e navreda za nasiot intelekt.A da uvezevme i bantu crnci mozda ke im bevme uste pointeresni.
Од: gragjanin
Датум: 23.04.2010 13:39:53
Tochno taka, nashata vlast : “се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата. “, a toa se, megku drugite, J.Stefanovski-Zhan i Vangel Bozhinovski, netalentirani arhitekti koi nivnoto ego mozhea da si go napolnat samo so sluguvanje na vlastta. Tie se koi na vladetelite im ovozmozhuvaat : “...Таквиот тип барање идентитет преку реплицирање на нешто што се случило во светот” . Za zhal, izgubenata vo vreme i prostor, vlada “...бара некаква слика, потрага по идентитет за кој некој мисли дека е изгубен.” Samo grupata shto vladee e taa shto misli deka go izgubila ili nemala identitet. So toa isprakja pogreshna slika vo svetot, deka Makedonija bara i krade samospoznaja. No,nie, obichniot, makedonski narod, od sekogash sme znaele koj sme i za nas taa prikazna e zavrshena! I zatoa, so ovie skapi ludorii, vlasta, sakajki preku nokj da izmisli nekoj drug, zamislen, identitet i voedno da napravi civilizaciski skok i da stane “evropska”, samo go bruka sopst

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Сеча во скопска Апелација
Оптимизам за една употреба
Мудри банки
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Кој ќе трча на атлетската патека во Охрид
Зошто толкава омраза
На светските избори не помагаат стриковци и вујковци!
Имам план да престанам да планирам
Хероите на нашето време
По пет месеци, падна белгиската влада
Лејди Гага - најпосакувана партнерка за дует
Ивце Пивце е поуспешен од Ивица Маринковиќ
Изнасилен сензационализам