Киргистанскиот претседател пребега и поднесе оставка
Бакиев побегна во соседен Казахстан, но Отунбаева рече дека тој мора да излезе пред суд поради насилството
БИШКЕК - Соборениот претседател на Киргистан, Курманбек Бакиев официјално поднесе оставка во писмо испратено преку факс до новите лидери на Киргистан, изјавија вчера официјални лица, смирувајќи ги стравувањаа за граѓанска војна во оваа стратегиска централно-азиска држава. Во четвртокот Бакиев побегна во соседен Казахстан, ставајќи крај на безредијата поради кои беа прекинати американските воени летови преку воздушната база во Киргистан, за операциите во Авганистан.
Кризата го нагласи ривалството меѓу САД и Русија за влијанието во Централна Азија, простран регион меѓу Кина, Авганистан и Каспиското Море. Привремената влада, предводена од Роза Отунбаева, соопшти дека Бакиев ја испратил преку факс неговата оставка во текот на ноќта, од Казахстан. "Ја предавам мојата оставка во овие трагични денови бидејќи го сфатив целиот обем на мојаа одговорност за иднината на киргистанскиот народ", истакна Бакиев во писмото. Текстот од писмото е објавено на адресата на "Твитер" на привремениот шеф на кабинетот, што често пати ја користи неговиот тим за да објави соопштение. На објавените фотографии е прикажана Отунбаева како го прегледува писмото.
Заминувањето на Бакиев значително ги намали тензите во оваа сиромашна поранешна советска република, откако насилничкиот бунт против неговото петгодишно владеење наметна изгледи за граѓанска војна. Откако побегна тој не се појави во јавност. Официјални лица јавуваат дека Бакиев се наоѓа во казахстанскиот град Тараз заедно со сопругата и двете деца. Руските медиуми јавуваат дека тој би можел да отпатува во Турција или Латвија. Во Тараз, мирен град во јужните казахстански степи на границата со Киргистан, кружат гласишта по доаѓањето на Бакиев. Локален безбедносен извор изјави дека Бакиев побегнал на тајна локација во Тараз, а локалните жители забележале поворка од џипови без регистерски таблички како се движи од аеродромот во текот на ноќта.
Најмалку 84 луѓе загинаа во безредијата минатата недела, кога протестите против владеењето на Бакиев прераснаа во ноќ на вооружени напади и ограбувања во киргистанскиот главен град. Единиците лојални на Бакиев пукаа во насобраните илјадници демонстранти.
Обраќајќи и се на нацијата, во изјавата што беше пренесувана преку телевизија, Отунбаева рече дека Бакиев мора да излезе на суд во врска со настаните. "Тој не може да побегне од судење. Не може да се крие во која било земја во светот. Казнат�� е неизбежна. Правдата ќе победи", рече таа. Претходно Бакиев изјави дека тој не им наредил на воените единици да пукаат кон демонстрантите. Сојузниците на Отунбаева го обвинија Бакиев за непотизам и корупција, и истакнаа дека Вашингтон преминал преку кршењето на човековите права во неговата решителност да ја задржи базата. Вашингтон ги негираше тие информации. (Ројтерс)
|