Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Вулканот ја приземји Европа

Досега затворен е воздушниот простор над десетина европски земји меѓу кои северот на Германија, Франција и Полска

ЛОНДОН - Голем облак од пепел од вулканот во Исланд вчера предизвика дополнителен хаос во авиосообраќајот низ Европа до степен невиден уште од 11-септемвриските напади, оставајќи стотици илјадници патници на цедило. Околу 17.000 лета се очекуваше вчера да бидат откажани поради опасностите што ги носат облаците од вулканска пепел од Исланд, изјави официјални претставници на авиосообраќајот, додека аеродромите во Британија, Франција, Германија и низ Европа ќе бидат затворени барем до денес.

„Би рекол дека Европа веројатно го преживува најголемиот прекин во авиосообраќајот од 11 септември“, изјави портпаролот на Цивилните воздухопловни власти, регулатор на авиосообраќајот во Британија. „Во смисла на затворање на воздушниот простор, ова е полошо отколку по 11 септември. Овој прекин веројатно е најголем на што досега сме биле сведоци“.

Вулканолозите посочуваат дека пепелта би можела да предизвикува проблеми во авиосообраќајот во следните шест месеци ако продолжат ерупциите, меѓутоа, дури и ако овој прекин е со краток век финансискиот удар врз авиокомпаниите би можел да биде огромен.

Оваа ситуација вчера ги погоди акциите на авиокомпаниите каде „Луфтханза“, „Бритиш ервејз“, „Ер Берлин“, „Ер Франс - КЛМ“, „Иберија“ и „Ријанер“ забележаа пад меѓу 0,8 и 2,2 процента. Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај соопшти дека само пред неколку дена авиокомпаниите почнаа да излегуваат од рецесијата.

Вулканот почна да еруптира во средата, втор пат за еден месец, од под глечерот Ејџафџалаџокул исфрлајќи столб од чад во висина од шест до 11 километри во атмосферата. Вулканската пепел содржи мали честички од стакло и здробени камења кои би можеле да ги оштетат моторите и конструкцијата на авионот.

Во 1982 година, џамбо-џет на „Бритиш ервејс“ остана без сите мотори кога влета во облак од пепел над Индонезија, лизгајќи се кон земјата пред да може да ги рестартира своите мотори. Инцидентот ја поттикна авиоиндустријата да го преиспита начинот на кој се подготвува за облаците од пепел, што резултираше со меѓународни планови за непредвидени ситуации кои беа активирани во четвртокот.

Од 28-те илјади лета што вообичаено се одвиваат низ европскиот воздушен простор во еден просечен ден, европската агенција за контрола на воздушниот сообраќај, Еуроконтрол, соопшти дека очекуваше само 11.000 лета да бидат реализирани вчера, додека се остварени само околу една третина од трансатлантските летови. Еуроконтрол предупр��ди дека проблемите би продолжиле најмалку и во следните 24 часа.

Британското тело за контрола на авиосообраќајот соопшти дека целиот воздушен простор над земјата беше затворен до вчера на полноќ, иако на некои одредени летови од аеродромите во Северна Ирска и Шкотска им беше дозволено да полетаат по 18 часот. Нема сообраќај од најпрометниот европски аеродром, лондонски „Хитроу“, низ кој минуваат околу 180.000 патници дневно, додека официјални претставници на аеродромот во Франкфурт, вториот по сообраќај во Европа, изјавија дека летовите ќе бидат откажани до 6 часот.

„Околу 2.000 луѓе ја минаа ноќта на аеродромот ’Шифол‘ во Амстердам“, изјави портпаролката, додавајќи дека не очекуваат во скоро време отворање на холандскиот воздушен простор за сообраќај.

Еуроконтрол соопшти дека воздушниот простор над Белгија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, северниот дел на Франција, вклучувајќи ги сите аеродроми во Париз, и аеродромите во северна Германија и делови од Полска се затворени. И воздушниот простор над северна Чешка, исто така, е затворен.

Полски официјални лица изјавија дека ако продолжи прекинот на сообраќајот, тоа би можело да биде причина за одложување на погребот на претседателот Лех Качињски и неговата сопруга закажан за утре (недела), кои загинаа во авионска несреќа минатата сабота. Авиокомпаниите низ Азија и Блискиот Исток, исто така, ги откажаа или одложија летовите за поголем број европски дестинации.

Проблемите во авиосообраќајот се покажаа како благодат за железничките компании. Сите 58 воза на „Еуростар“ меѓу Британија и Европа беа максимално искористени, превезувајќи околу 46.500 патници и портпаролката изјави дека ја разгледуваат можноста за дополнување на услугите ако продолжат проблемите во авиосообраќајот. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 2007 пати.

Испрати коментар

Од: sss
Датум: 17.04.2010 00:39:59
se priblizuva 2012
Од: aaa
Датум: 17.04.2010 13:57:09
ova navistina e loso jas treba da odam vo amerika preku viena i navistina ne znam so ke se sluci
Од: Koce
Датум: 18.04.2010 00:23:03
A jas sum vo Holandija, neznam dom koga.

Најди! во Утрински
Свет
Аутсајдерот Клег ги победи Барун и Камерон во ТВ дебатата
Пилотите на Качињски знаеле дека ќе се урнат
Киргистанскиот претседател пребега и поднесе оставка
Медведев и нуди нуклеарки на Аргентина
Бомбашки напад врз болница во Паки��тан
Русија не им дава повеќе деца на Американците