Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Аутсајдерот Клег ги победи Брaун и Камерон во ТВ дебатата

Првата телевизиска предизборна дебата во историјата на британската политика фрли ново светло врз либералдемократите

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН- Прв пат во долгата политичка историја на Велика Британија се одржа една предизборна телевизиска дебата на лидерите на трите најголеми партии во земјата, Гордон Браун - актуелен премиер и лидер на лабуристите, Дејвид Камерон - лидер на Конзервативната партија, која 13 години е во опозиција, и Ник Клег - лидер на третата по големина партија на британските либералдемократи.

Беше очигледно дека лидерите на сите три партии се нервозни, посебно тоа беше видливо кај Браун и кај Камерон кои водат речиси изедначена трка за премиерската позиција, што му помогна на младиот Ник Клег, кој околу две и пол години е лидер на либералдемократите, да излезе победник во оваа дебата. Околу 40-50 отсто од гледачите оценија дека тој бил поуспешен во презентацијата на своите ставови, како и дека мнозинството од луѓето се согласуваат со повеќето од неговите ставови. Неговата партија, меѓутоа, нема реални шанси да излезе како победник на изборите, а тој да добие мандат за формирање влада, па се смета дека тоа му помогна на Клег да биде најолабавен во дебатата и да ја искористи шансата што му се даде прв пат директно да комуницира со јавноста. Како треторангирана партија во досегашниот парламент, тоа не можеше да го направи во дебатите во Вестминстер, бидејќи целата битка таму се водеше меѓу владејачките лабуристи и главната опозиција на ториевците.

Браун и Камерон повеќе внимаваа еден на друг, па на крајот излезе дека младиот ториевец го надмина ветеранот кај лабуристите. Податоците од мерењето на рејтингот што го направија по дебатата гледачите покажуваат дека Камерон го победи Браун, кој покажа, пак, дека беше во право што размислуваше долго околу тоа дали да се согласи да учествува во ваква дебата, како што тоа од сите тројца го побараа трите ТВ-компании - Би-Би-Си, ИТВ и сателитската Скај.

Дебатата се одржа во истите студија на продуцентската куќа „Гранада“ во Манчестер, каде што се снима една од неколкуте овде мошне популарни сапунски телевизиски серии, пред само 200 специјално одбрани гледачи, приврзаници на трите партии, дојдени од разни социјални и етничко-религиозни средини во земјата. Дел од нив беа задолжени да ги постават претходно договорените прашања на теми што беа усогласени со домаќинот на дебатата, ТВ-компанијата ИТВ за кои знаеја и политичките лидери, без можност за интервенција од публиката и без можност од реакција на луѓ��то што останаа до крајот како неми сведоци на нешто што беше означувано како историски настан.

Гледаноста не беше рекордна - околу 9,9 милиони луѓе се вклучиле во гледањето на првиот предизборен ТВ-дуел, што е помалку од гледаноста на бројните забавни и спортски програми, но и од некои најпопуларни политички емисии. Таа помина без преголем жар, со крајно внимателно дозирање на аргументацијата и со истите ставови и елаборација, што секојдневно се слуша откако е почната изборната трка и без нудењето на нешто ново и различно од досега.

Оваа 90-минутна дебата беше посветена на внатрешната политика, а пред се' на намалувањето на рекордно големиот буџетски долг на земјата, а да не се наруши опоравувањето на економијата по излегувањето од рецесијата. Камерон вети дека ако победат ториевците, уште годинава ќе почне со кратењето на преголемата јавна потрошувачка и со намалување на долгот. Браун тврди дека ако остане премиер, тоа ќе почне да го прави дури од следната година и сосема постепено, заплашувајќи ги одново гласачите оти земјата ќе западне во криза ако дојдат на власт опозиционите конзервативци. Клег, пак, не нуди кратење, туку зголемување на приходите во буџетот, со остро оданочување на банкарските профити и со намалувањето на трошоците за вооружување, посебно со откажување од атомското оружје, но не објаснува како ќе успее да ги оданочува банките, а тие и понатаму да останат во Лондон и да и' носат значаен дел од буџетот на државата, пред да одберат друга локација во светот.

Во дебатата стана збор и за имиграцијата и како таа да се ограничи, при што лидерот на конзервативците инсистира на определување лимит на приемот на странци, но заедно со Клег ги обвинија лабуристите за „хаосот“ во земјата, потоа за здравството и образованието, за финансирањето на армијата, како и за криминалот во земјата. Следната дебата ќе биде на 22 април и е посветена на меѓународните односи, а третата ќе се одржи на 29 април и на неа ќе се расправа за економијата. Јавноста и натаму е поделена околу влијанието на овие дебати врз рејтингот на партиите, но агенцијата Комрес соопшти дека по „дуелот“ во Манчестер, ториевците имаат поддршка на 35 отсто од Британците, лабуристите - 28, а либералдемократите - 24 отсто од гласачите, од што произлегува дека сега лабуристите излегоа поразени, додека единствен раст има забележано Либералдемократската партија.








#
Статијата е прочитана 444 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:07:05
Во вистински држави НЕ СЕ БЕГА ОД ТВ - ДЕБАТИ !!!За секој политички лидер и многу битно да се претстави на тв-дуел пред граѓаните...Само нашиот овчар бега од тв-соочувања како ѓавол од крст !!! За да не биди „ептен работава “ си оди на нарачани тв-шоуа , кај што му поставуваат договорени прашања !!Срамота !!
Од: roze
Датум: 17.04.2010 09:48:27
E zatoa Nikola Gruevski NE SAKA DA VLEZE VO EU!!!!!!!!!!! Ke MORA posle da se pojavuva na DUELI, Od koi uporno BEGA KAKO GJAVOL OD KRST!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:54:53
Споредбата би била адекватна само ако се опсервира се напомена да дотичниот г-дин Клег и неговата партија СЕКОГАШ ОДАТ НА ИЗБОРИ,иако никогаш немале шанса за освојување на власта.Никогаш нему паднало на памет на почитуваниот господин да избега од изборен дуел и божем оди да ја спасува сопствената партија,како нашиот виножитен спасител.Тоа виножитните коментатори не го коментираат,но затоа јас сум тука да ги подсетам на однесувањата.
Од: jean luc picard
Датум: 17.04.2010 18:05:08
боксерот Нико Џи нема три чисти да се соочи ни со својот еден и единствен ривал Бане Црвени, а Гордон Браун се соочува со двајца и покрај тоа што тој и неговата влада трпат огромни критики за нивните чекори како и нашава. Нико Џи нема храброст да се соочи ни со народот што му протестира пред канцеларија секој вторник. Ама ќе мора да се соочи на избори, и ќе изгуби во првата рунда со нокаут.

Најди! во Утрински
Свет
Вулканот ја приземји Европа
Пилотите на Качињски знаеле дека ќе се урнат
Киргистанскиот претседател пребега и поднесе оставка
Медведев и нуди нуклеарки на Аргентина
Бомбашки напад врз болница во Пакистан
Русија не им дава повеќе деца на Американците