Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек

Контроверзниот актер Саша Барон Коен не престанува да го засмева и скандализира светот

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

За да бидеш елитен во светот на модата, по се' изгледа, и во геј-светот, влакната се најголем грев. Простотилак. Токму затоа Саша Барон Коен, човек со илјада лица, со последното алтер его - Бруно , од истоимениот филмски хит, ги депилираше сите можни влакна по телото. Го остави само „бразилскиот пат“, за случајни и намерни минувачи.

Кај Саша Барон Коен ништо не се случува инстант и преку ноќ. Кога реши да „го умре“ Борат , се роди - Бруно. Прецизно го обработи ликот на австрискиот моден новинар, направи одлична кампања и, пред се', ја проучи модната историја.

На пример, откри дека и Цезар бил алергичен на влакна исто како и првиот римски цар Аугуст. Демостен носеше „чудни облеки“, нешто како индиско сари со ултраженствен облик, и само избраните можеле да се уверат дали има или нема влакна.

Многу години и векови понатаму работите поврзани со модата најчесто ги „покриваат“ луѓето од геј-популацијата. Што е со креаторите? Версаче, Лагерфилд, Валентино, Долче и Габана... Кога Џорџо Армани јавно призна дека е хомосексуалец, и тоа во Италија, земја на мачо-типови, реакциите беа скандалозни. Така е и со филмот за контроверзниот Бруно, кој моментно е хит во Америка и кој по гледаност го надмина својот претходник Борат.

Патем, казахстанскиот новинар со својот љубовен тепих, распослан по целото тело, е вистински грубијан со нежно срце. Се сеќавате ли колку беше вљубен во Памела Андерсон и што се' направи за да ја освои?

Саша Барон Коен е синоним за скандали. Сега веќе е култен серијата „Ali G Show“ од 2000 година, каде што толкува три фантастично автентични ликови на кои заедничката нитка им е особеноста.

Коен е роден во еврејско семејство, и неговите први обиди за излез од анонимноста се поврзани со работата како фотомодел. Важел за убаво момче, а природната дарба за хумор го исфрли од средината како некарактеристичен претставник на традиционалното опкружување. Манекенството не му се позлати, но го научи да позира, да кокетира со камерите и фотоапаратите.

Трагајќи по сопствениот израз Коен почнува да го оживува ликот на водителот Кристијан - од Молдавија. Судирот на култури и примитивизмот се само претувертира на создавањето на Борат - од Казахстан.

Локалните рамки се прошируваат. Откако Англија на остатокот на светот му ја испорача урнебесната комедија „Ali G Show“, продуцентите на серијата набрзо го селат на големото платно. Да го види светот. Ликовите на Борат и Бруно го разоткриваат шокантното лицемерие на западната култура и тоа не е секогаш добредојдено.

„Борат“ е правен во герилски стил на снимање и постигнал завидна гледаност, „оскар“ за сценарио и, се разбира, бројни контроверзи.

„Бруно“ им е достапен на гледачите и веќе предизвикува бурни реакции, пред се', поради желбата на главниот лик да ја достигне славата на Адолф Хитлер. Стилот на Коен е задржан, има и смеење и згрозување.

Во квазидокументарниот филм, како што самиот го нарекува „Борат“, тој е новинар-хомосексуалец, кој тргнува по светот за да ги анкетира луѓето и да ги претстави нивните ставови за модата, начинот на живот и стилот.

Од вистинските личности во новиот филм Коен најмногу пародираше со тинејџерскиот идол Зак Ефрон (ѕвездата на серијата „Средношколски мјузикл“), особено со фризурата што целосно ја копираше.

Коен е контроверзна личност и веројатно поради тоа ја заслужи насловната страница на списанието за мажите GQ, каде што невино ги крие градите. Таа чест во јануари ја имаше Џенифер Анистон, која на себе имаше „невина“ вратоврска.

Тоа дека е најмалку лесно, кога имате многу талент и идеи, а како засилување и екипа која го снима секој чекор, кажува и податокот оти Коен многу пати завршил в затвор поради ликовите што ги толкувал. Го бркаа лицата од обезбедувањето, полицијата постојано му дишеше в врат, а таа традиција продолжи и со филмот „Бруно“.

Спектакуларно појавување на Миланската модна недела, плеткање со обезбедувањето на Шварценегер, како и седнување во скутот на Еминем на MTV доделувањето на наградите само го дообјаснува вистинското чувство за реклама на авторот.

Дури сега се откриваат картите, па и тоа дека Еминем ја зн��ел целата приказна за Бруно и оти добро се вклопил во сценариото.

Минатиот март обезбедувањето во Вичита ја пријави чудната германска ТВ-екипа, од која еден член, само во долна облека, танцувал предизвикувачки.

Во гратче во Арканзас, наместо натпреварувањето на локалните борачи присутните гледале како Бруно изведува стриптиз и се бакнува со маж. Коен имаше главна улога во неколку скандали каде што „стокмен“ како Бруно упаѓаше на модни ревии. Но, можеби најинтересно од се' е што успеа да го натера американскиот претседателски кандидат Рон Поло да му даде интервју поврзано со економски теми. Екипата на кандидатот призна дека дури потоа го сфатил штосот на Коен. По „фаталниот“ стриптиз.

Овој филм во многу нешта го копира својот претходник „Борат“. На пример, забранет е во неколку земји. Потоа - по тужби. Неодамна во Лос Анџелес, Ришел Олсон го тужеше Коен затоа што ја турна на една добротворна лотарија, како геј-новинар од што таа се онесвести. Пола Абдул јавно призна дека наседнала на приказната оти добила австриска и германска наградата за забавувачка на година. Манифестацијата се случувала во чудна куќа, со уште почуден мебел - мексикански градинари....

Она што луѓето не го знаат е дека Коен завршил на Кембриџ и имал значајни улоги во „Виолинистот на кровот“ и „Сирано де Бержерак“. Дека е внимателен и нежен сопруг на актерката Ајла Фишер („Шопингхоличарка“) и татко на ќерката Олива.

Се' друго е само и единствено - работа.


Статијата е прочитана 605 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Со годините замина ��естокоста
Прегазени од времето
Сопругот на Викторија ја одбил Анџелина Џоли
Децата на Џеко сакаат Џенет да им биде мајка
Се ожени по втор пат
Трет филм за Бриџит Џонс