Рене Зелвегер
Трет филм за Бриџит Џонс
Британската продуцентска куќа „Воркинг тајтл“ подготвува трет дел на филмот за Бриџит Џонс. Во првите два филма „Дневникот на Бриџит Џонс“ и „Бриџит Џонс на работ од разумот“ главна улога имаше актерката Рене Зелвегер.
Оскаровката повторно ќе ја игра несмасната Џонс, која се обидува да ја најде вистинската љубов. Се' уште не е познат насловот на филмот, но веројатно ќе се заснова на колумната на Хелен Филдинг, која беше објавена во 2005 година, во која Бриџит има 40 години и се обидува да забремени пред да и' отчука биолошкиот часовник.
Покрај Рене Зелвегер, во првите два филма играа и Хју Грант и Колин Фарел, но се' уште не е дефинирано дали тие двајца ќе се појават како нејзини потенцијални момчиња. Рене Зелвегер беше номинирана за „Оскар“ за улогата во „Дневникот на Бриџит Џонс“. И двата филма беа голем хит. Првиот заработи 282 милиона долари, а вториот 262 милиона. |