Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Маjкл Џексон

Децата на Џеко сакаат Џенет да им биде мајка

Додека мајката на Мајкл Џексон, Кетрин, води битка на суд против Деби Роув за старателство над неговите деца, Принц, Парис и Бланкет изразиле желба за нив да се грижи сестрата на Џексон, Џенет.

„Кога Џенет ќе влезе во куќата, децата и' се фрлаат во прегратки и секогаш бараат таа да им чита приказни“, изјавил за магазинот О.К. близок пријател на фамилијата Џексон.

Според неговите зборови, во последните три недели децата многу се врзале со Џенет. „Џенет сака да се грижи за нив и е уверена дека само таа може и знае како да ги заштити од медиумите, бидејќи знае колку му било важно тоа на нејзиниот брат“, изјавил истиот извор.

Кралот на попот во тестаментот грижата за децата и' ја оставил на неговата мајка. Но, Деби, биолошката мајка на две деца на Џексон, Принц и Парис, по неговата смрт објавила дека ќе се бори да добие старателство.

На Интернет-порталите се појавила е-пошта што ја испраќала Деби на пријателка, во која пишува дека воопшто не сака да се грижи за децата.

„Секако дека не ми е грижа за нив, но тоа создава добра слика за мене во медиумите“, напишала Деби.

Нејзините адвокати се обидуваат, надвор од судот, со бабата Кетрин да се договорат за грижата за децата.


Статијата е прочитана 1573 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Со годините замина жестокоста
Прегазени од времето
Сопругот на Викторија ја одбил Анџелина Џоли
Се ожени по втор пат
Трет филм за Бриџит Џонс