Роберт Редфорд
Се ожени по втор пат
Американскиот актер и режисер Роберт Редфорд се ожени минатиот викенд во Хамбург со својата повеќегодишна партнерка Сибил Сагарас, сликарка од Германија.
Венчавката се одржала во саботата во еден дел во Хамбург, во присуство на триесет членови на семејствата и пријателите.
Германскиот таблоид „Блиц“ им понудил голема сума пари за првите фотографии од венчавката, со ветување дека ќе се најдат на насловната страница, но двојката не прифатила. Невестата носела фустан во боја на шампањ, а младоженецот бел костум.
Редфорд (71) и неговата 51-годишна сопруга планираат голема веселба во септември во Мексико. Парот, кој се забавува од 1996 година, најголем дел од времето го поминува на планините на американската држава Јута.
Редфорд во Парк Сити во таа држава во 1981 година го основа фестивалот на независен филм „Санденс“. Во истата област живееше и со првата сопруга Лола, со која беше во брак од 1958 до 1986 година и со која има три деца.
Првата филмска улога Редфорд ја доби во 1962 година, а по седум години стана светска ѕвезда. Во кариерата има играно во повеќе од 30 филма.
Во осумдесеттите почна да се занимава со режија, а во 1980 година доби „Оскар“ за најдобар филм и режија за „Обични луѓе“. |