Деjвид Бекам
Сопругот на Викторија ја одбил Анџелина Џоли
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам одбил во новата кампања за модната куќа „Армани“ да се слика заедно со сексапилната глумица Анџелина Џоли. Како причина навел дека тој е оженет, а таа е во среќна врска.
Познатата холивудска актерка станала заштитно лице на парфемот „армани“, па било очекувано дека во новата кампања ќе и' се придружи и Бекам, кој веќе подолг период рекламира долна облека од овој бренд.
Иако Дејвид неодамна изработил жешки слики за „Армани“ - интимната колекција, заедно со својата сопруга Викторија, Анџелина веќе била видена на местото на Викторија во нови пози со познатиот фудбалер.
„Не е вистина дека ќе се сликам со Анџелина. Знаете дека Анџелина не би го направила тоа, а не би ни јас. Таа и Бред се прекрасни луѓе, неверојатен пар и имаат прекрасно семејство“, изјавил Бекам. |