Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Чејни нуди поддршка за Грузија, ја напаѓа Русија

ТБИЛИСИ - Американскиот потпретседател Дик Чејни вчера вети дека ќе застане на страната на Грузија во нејзината пресметка со Русија, опишувајќи го воениот напад на Москва во поранешната советска држава како „нелегитимен“ чин што наметнува сериозни сомневања за нејзината сигурност.

Чејни, еден од најострите критичари на Москва, е највисоко рангиран американски претставник што ја посетил Грузија откако Тбилиси се обиде со сила да го преземе отцепениот регион Јужна Осетија на почетокот на август, и беше прегазен од руската војска. Неговите вообичаено остри коментари веројатно ќе го налутат Кремљ, кој го обвини Вашингтон дека ги разгорува тензиите охрабрувајќи го грузискиот претседател Михаил Саакашвили, правник образуван во САД кој е тесно поврзан со администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

„Откако вашата земја извојува слобода со револуцијата на розите, Америка ја помогна таа храбра млада демократија“, изјави Чејни за новинарите, мислејќи на мировната револуција во 2003 година со која Саакашвили дојде на власт. „Ние повторно го правиме тоа додека вие се обидувате да ја надминете инвазијата врз вашата суверена територија, и нелегитимниот, унилатерален обид да се сменат границите на вашата земја со сила, што беше универзално осудено од слободните земји“, рече Чејни, кој стоеше веднаш до Саакашвили при неговата прва посета на Тбилиси.

Чејни, кој е во посета на американските сојузници во регионот, што започна во средата во Азербејџан, рече дека акциите на Русија наметнаа „сериозно сомневање“ за нејзините намери и сигурност како партнер, и во регионот и на меѓународната сцена. И Азербејџан и Грузија се врски во синџирот на енергетскиот коридор, поддржан од Запад, што ја заобиколува Русија, при што Запад стравува дека би можел да биде изложен на опасност по воениот упад на Кремљ во Грузија. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 04.09.2008 20:35:21
Amerite donesoa demokratija na Kosovo, vo Irak, vo Avganistan, pa uste samo Gruzija im ostana. Tesko na tie zemji vo koi nato, vo imeto na Amerika, nosi demokratija i demokratski vrednosti. Mislam deka ne treba prijatelite da se baraat taka daleku, a neprijatelite taka blisku.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Сара Пејлин во жесток напад
Започна изградбата на меморијален центар посветен на жртвите од нападите во САД
Наскоро крај на светот?!
„Бунтот“ на министерот за финансии ја собори британската фунта
Портокалот“ повторно се распадна
Грција во сериозна политичка криза
Уапсен синот на првиот грузиски претседател
Интернет-повик за убиство на Кондолиза Рајс
Во Кенија падна снег
Седуммина загинати при пад на хеликоптер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.