Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Грција во сериозна политичка криза

Атина - Политичката криза во Грција се задлабочува, а јавноста продолжува да биде отфрлена од она што се случува на политичката сцена, пишуваше вчера атинскиот весник „Пондики“.

Весникот го објави социолошкото истражување на агенцијата „Метрон Анализис“, од кое јасно се гледа дека и покрај предноста од 2,4 проценти на владејачката партија Нова демократија пред опозициската ПАСОК (28,3 отсто наспроти 25,9 проценти според последните анкети), двопартискиот модел е „истрошен“, а „корупцијата и разочарувањето“ владеат во земјата.

Сите печатени медиуми им посветуваат најголемо значење на внатрешнопартиските превирања во владејачката политичка сила Нова демократија. Нејзиниот пратеник Петрос Татулис побарал оставка на владиниот портпарол Теодорос Русопулос поради тоа што неговата сопруга води медиумски бизнис.

Весникот „Етнос“ смета дека тоа е следната „ракета“ во дворот на Владата, која може да го наруши и онака слабото мнозинство на конзервативците, кои бројат 152 пратеници во 300-члениот Парламент.

Поради тоа, јавноста го сврти погледот кон премиерот Костас Караманлис, од кого се очекува за време на отворањето на Меѓународниот солунски саем на 6 септември да најави цврста намера за продолжување на реформите како единствен излез за земјата, објави весникот „Врадини“.

„Подготвени сме да управуваме и да ја извлечеме земјата од сегашната криза“, ја пренесува изјавата на лидерот на социјалистите Јоргос Папандреу весникот „Ники“.

Тој истакна дека изборите за Европски парламент идната година ќе бидат вистински референдум за владиниот кабинет. Во својот говор по повод годишнината од формирањето на партијата ПАСОК, Папандреу додаде дека „и' дошол крајот на владата на Караманлис“.


Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Сара Пејлин во жесток напад
Започна изградбата на меморијален центар посветен на жртвите од нападите во САД
Наскоро крај на светот?!
„Бунтот“ на министерот за финансии ја собори британската фунта
Портокалот“ повторно се распадна
Уапсен синот на првиот грузиски претседател
Интернет-повик за убиство на Кондолиза Рајс
Во Кенија падна снег
Чејни нуди поддршка за Грузија, ја напаѓа Русија
Седуммина загинати при пад на хеликоптер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.