Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Протестот ја расони власта

ВМРО-ДПМНЕ ги преброи и митингарите и своите коалициски партнери

Александра М. Митевска


Обидот да му се подигне моралот на сдсмовското членство можеби навистина беше основната причина од која опозицијата реши да излезе пред Владата. Сепак, опозиционерите успеаја да ја мобилизираат и владејачката постава, така што во неделата функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можеа да се видат, главно, на две места - на отворањето на скопската плажа или на некоја од телевизиите. Во меѓувреме, во етерот повторно почна да се врти спотот со кој ВМРО-ДПМНЕ потсетува на 2002 година, иако е нејасно зошто се избрани токму изборите со кои СДСМ се врати на власт, а Никола Груевски изгуби од Бранко Црвенковски во првата изборна единица.

Лично премиерот Груевски, пак, се впушти во калкулирање со бројката на присутни на митингот, обидувајќи се да ги минимизира ефектите од него и да ги релативизира пораките што му ги испрати лидерот на СДСМ од бината. Ден по протестот, Груевски превентивно ги преброи и своите коалициски партнери откако виде дека СДСМ и партиите од опозицискиот фронт не се единствените што почувствуваа потреба да го изразат своето незадоволство од власта.

Универзитетскиот професор, Никола Поповски, вели дека со доза на жалење гледа на изјавата на Груевски дека на протестот пред Владата се собрале само околу 8.000 лица. „На еден премиер не му прилега да настапува во јавноста со очигледни дезинформации“, коментира тој.

Од друга страна, Поповски посочува дека како долгогодишен функционер во СДСМ на митингот гледа и од еден специфичен агол: „Околу две третини од луѓето, кои на митингот стоеја во првата редица и потоа се качија на бината, се поранешни партнери или соработници на ВМРО-ДПМНЕ. Тие лесно би можеле повторно да поминат на другата страна. Затоа не гледам со голема доверба на тој потенцијал собран околу СДСМ“.

Според Поповски, опозицискиот митинг е одговор на неодамнешниот митинг на власта. Како што вели тој, секаде во светот е нормално опозицијата да протестира, а власта да гледа да ги стабилизира состојбите. Овде работите, очигледно, стојат поинаку, така што опозицијата почувствува потреба да возврати. „СДСМ подолго време е во сериозна криза, така што очекувано е да бара начин да се докаже како релевантен фактор на политичката сцена. Но, митингот сам по себе нема да смени ништо посебно. По недела навечер, доаѓа понеделник наутро и работите се враќаат во вообичаениот колосек. Оваа власт заслужува протест, заслужува да и' се покаже дека работите не се такви како што ги прикажува таа. Но, на СДСМ ќе му требаат уште многу напори за да ја увери јавноста во својата релевантност“, вели Поповски.

Аналитичарот Исмет Рамадани, пак, смета дека протестот е само почеток, но дека е многу значајно што опозицијата почнала посериозно да настапува.

„Колку посериозно настапува опозицијата, толку Владата ќе биде понесигурна, а шансите за предвремени избори ќе бидат поизвесни“, забележува тој. Според Рамадани, значајно е и тоа што паралелно се засилува и опозицијата во албанскиот блок, така што сега останува да се види како ќе се постави ДУИ и како ќе се бајпасира периодот до самитот на НАТО. „Однесувањето на ДУИ предизвикува дополнителна несигурност кај ВМРО-ДПМНЕ, која е соочена со можноста коалицискиот партнер во секој момент да ја напушти власта. Очигледно е дека релациите во коалицијата не се стабилни, и покрај обидите на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да остават впечаток на меѓусебна соработка“, оценува Рамадани. Тој очекува во наредниот период се' повеќе да се намалува стравот кај граѓаните што не ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, да се засили дебатата и да зачестат протестите. Така, како што вели, ќе се создаде клима што неминовно води кон предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и вчера се предупредуваа меѓусебно дека деновите на лидерите на нивните партии се избројани. Игор Ивановски, член на Извршниот одбор на СДСМ, оцени дека најдобар доказ дека ова е власт во заминување е нивното силеџиство, паника и безобразно лажење. „Може уште сто пати да пуштаат негативни спотови платени со народни пари, нивните партиски мегафони може до бесвест да ги повторуваат истите лаги и глупости... Но, едно треба да знаат - за предавството на македонскиот народ под маската на лажниот патриотизам наскоро ќе одговараат“, рече Ивановски.

Сашо Стефаноски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пак, оцени дека најзначајно од се' е тоа што говорот на Црвенковски бил ист како неговите говори во 2002 година - „полни со напади, измислици и празни зборови“. „Разликата е тоа што во 2002 граѓаните му веруваа и му дадоа шанса, а денес граѓаните воопшто не му веруваат. Деновите на Бранко Црвенковски во политиката се избројани“, заклучи Стефаноски.




#
Статијата е прочитана 6075 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 30.06.2010 00:07:28
Samo napred Branko i SDSM vo uste pogolema ofanziva samo so konkretna programa i bez suetnost i preotentni polticari. Doblizete poblisku do narodot iskreno i cesno i porazete go ovoj ekonomski pustos, kako i toa sto me nadvor od EU i NATo a druga alternativa nitu se nudi a nitu imame. Za toa napred i pobedete Gruevski pa da vidime edna pobednicka Makedonija so cesno sudstvo kade ednas ke se vidi so kriminalot na VMRO-DPMNE..
Од: paci
Датум: 30.06.2010 00:30:35
Не ми е јасно што упорно го прашувате Никола Поповски за коментари? Па човекот е фрустриран затоа што на претходните избори СДСМ изгуби највеќе по негова ‘заслуга‘ - го сочува у му остави преполн буџет на Груевски. А ако сега повторно го повикаат Поповски во СДСМ ќе видите како веднаш ќе ја промени реториката и од критика ќе премине во фалби на партијата. Егејска работа ....
Од: marjan.pp
Датум: 30.06.2010 00:41:25
bu-di -se istok i zapad bu -di se sever i jug
Од: Alpha +
Датум: 30.06.2010 00:54:14
Na Popovski,Stefanovski,a posebno na Gruevski treba da im bide edno jasno:mitingot vo nedela pokaza deka na Grujce i njegova lepa svita im se sluci narod i deka toa slucuvanje den so den ke bide pomasovno i poogorceno od bilo koga.Zatoa zaprepastuvacki e kolku nekoi lica ne sfakaat deka vo nedela na prvo mesto ne bese BC,ne bese SDSM,na prvo mesto bea ogromnoto nezadovolstvo i revolt na graganite na ovaa drzava koi baraat spas od diktaturata na Gruevski.Zatoa mitingot bese pritiskanje na kopceto,istoriski den za proverka na mentalitetot na ovoj narod-dali sme nie narod samosvesen,hrabar,koj znae da kaze ne na maltretiranjata i ponizuvanjata,dali sme narod koj konecno ke ja izvadi kuburata vo zlo vreme,dali sme narod koj zasluzuva podobra vlast i koj zasluzuva da bide pocituvan.Jas veruvam deka sme,a toa mi go potvrdi zeleno kafeaviot ten na liceto na gospodin Gruevski koga ja propetelci svojata mozebi najtesko iskazana laga vo zivotot deka na mitingot vo nedela bile prisutni 8000 i nes
Од: И едните и другите се исти
Датум: 30.06.2010 01:21:35
ЛЛОПОВИ. Матат вода и крадат. Народот зашеметен ракопледка и вика УРАааааааа. А овие крадат ли крадат. Државата не може да се одтргне од дното од Зинговци и манипуланти. Е народе мој / не гледате подалеку од носот.
Од: gimi
Датум: 30.06.2010 01:37:48
tekst so mnogu nejasni raboti.Na pocituvanata A.Mitevska ne i e jasno zosto e izbran spotot od 2002 g.na koj B.C.odrza govor vo koj veti tolku mnogu lagi i nevozmozni vetuvanja, a na koj govor za zal poveruvaa site onie koi zavcera bea na miting i mnogu drugi koi ne bea i so sto B.C.stana premier.Crn period za Makedonija se vrati nazad za 20 g so armija stecajci so kriminalna privatizacija.Tolku za spotot za da ne se zaboravi.Gospodinot Igor Ivanovski veli se povtoruvale lagi i gluposti pa ne e ova gospodine Ivanovski "1001i edna nok" pa so sinhroniziran prevod da se preveduva sto kazal nekoj lik.Ova e avtenticna snimka na B.C.
Од: Afion
Датум: 30.06.2010 01:58:41
Nikola Popovski e ekonomist ama pomili mu se politicki kolumni?. Kade vi e ekonomskata programa so koja kje go srusite VMRO. Nema nisto od pobeda bez takva programa. Ne mozete da pobedite isklucivo cekajkji na stranska pomos koketirajkji so zapadot okolu imeto.
Од: dedodimo
Датум: 30.06.2010 02:14:36
Branko Crvenkovski e kako stara gramofonska plocha i zatoa SDSM nema poveke shansi da dobijat makar da gi stavat vo svojot red site pomali partii.Za zal lugeto vo SDSM gledaat vo nego kako vo bog,a nemozat da svatat deka Makedonskiot narod e toj shto dava glasovi.
Од: sase
Датум: 30.06.2010 03:06:56
Mozebi na Branko C. denovite mu se izbrojani ali definitivno i na vladata i se izbrojani denovite vo vlasta.Da zivee Makedonija....
Од: zone
Датум: 30.06.2010 03:23:40
Govorot ne bese ist ,za prv pat jasno i glasno im kaza deka" Za parite se raboti" .i deka ke gi apsi sto pokazue dve raboti 1.Deka oni na tolkuzborenje ne mozat da go uapsat nego5kriv bil za ova kriv bil za ona?da imaa dokazi i da bese stvarno kriv znaejki gi kakvi se do sega 100 pati ke go zatvorea. 2Bane si obezbedil grb kaj strancive . Nikola popovski ima pravo za partnerite,ama zaborava deka istoto vazi i za drugata strana. I na kraj site muabeti se prazni bez Sekerinska ;mora od segana golema vrata da se najavi deka taa eidniot premijer.
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 30.06.2010 05:32:02
Protestot go donese VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA do Golema Pobeda .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: Лазо Стефанов
Датум: 30.06.2010 07:21:33
Само политичари од типот на Радмила Шеќеринска ќе донесат развој на Македонија. Само таквите квалитети многумина од нас не ги препознаваат.
Од: marija
Датум: 30.06.2010 07:26:05
Ovoj kakov - takov narod izleze na miting, bez nikakvi pritisoci , bez zakani, po svoja volja i za cudo mitinguvase pred Vladata . I prati jasni signali, deka im e dosta od se, a pred se nezadovolni od bedata vo koja zivee pogolemiot broj na semejstva, ne vidovme nikakva ekonomska prerodba, so armija nevraboteni, so lekovi koi gi nema na recept, bez nikakva idejnost i perspektiva za mladite , a pred se kadri so zavrseno visoko obrazovanie, zato se sluci miting, a ako vlasta prodolzi so vakvo "rabotenje", na naredniot miting ke bidat ne 50000, tuku 100000, a mozebi premierot nema da izlezi i da kazuva veke brojki , zosto i za toa ne go biva......
Од: Музика е идентитет
Датум: 30.06.2010 07:48:28
Бев на пат до еден град во Македонија со автобус. Цел пат српска музика. Во едно кафаниште до Скопје исто. Итоа српска народна. Во една банка исти само забавна. Во чајџилница во Чаир албанска а карши македонски механичар со српска. Исто е и по автобуси на вашите работни места. Е до кога вака а се ударате во гради или се лутите ако ве викам манчиња. До кога бе. Каде е македонската.
Од: slavko
Датум: 30.06.2010 07:53:10
Dali znaete kolku se isplaseni vmrovcive.Kako se rastrcaa denovive da ti e merak da gi gledas.Protestot ne da gi rasoni tuku gi osumoglavi.
Од: stojan
Датум: 30.06.2010 07:54:56
Sto go prasuvate Nikola Popovski,covekot nemoze da se pomiri so toa deka ne go zameni Crvenkovski,a zgora na toa i e eden od najlosite ministri za finanssii na RM,covekot grobar na finansiite ,covekot koj ne dozvoli niti edno vrabotuvanje itn itn .neka si cita romancinja tamu na tie privatnite KVAZI FAKULTETI I NEKA LECI KOMPLEKSI,.....
Од: SSS
Датум: 30.06.2010 08:26:04
Ne znam zosto site se grizat za Branko Crvenkovski- demek mu bile odbrojani denovite, bil istrosen politicar, trebalo da si odi. Toa e rabota na SDSM kako partija. Deka Branko e faktor i vo SDSM i vo RM, toa e fakt, sakale ili ne da priznaeme, toa e taka. Edinstven politicar koj moze da go konsolidira clenstvo na SDSM i da mu go vrati moralot, e tokmu toj,Mitingot vo nedela pokaza deka ne samo clenstvoto, toj uspea da obedini i golem del od onie koi ne se soglasuvaat so politikata na ovaa vlada. Ostavete go covekot da si ja raboti svojata rabota. Pozdrav do site od SDSM.
Од: Dejan
Датум: 30.06.2010 08:39:49
prazni zborovi, tokmu taka...sramota e da se gleda kolku luge imalo na protest so plateni sendvici i prevoz organiziran...pa ne bile peesiljadi bile dvanajsiljadi..dosta ne truete so gluposti i so prazni zborovi..pa toj branko..ke rascistel so kriminalot koga ke dojdel na vlast..kako koga se vrati vo 2002??? kako sto rascisti so oktopodot??? ili kako sto gi pomiluva negovite partiski clenovi??? Taka se rascistuva so kriminal??? NE brate Brane, NE ti veruvam A za toa imam dovolno i mnogu poveke od dovolno prichini!!!! Jas sum neopredelen sekogas glasam razlichno, NO ako TI i sakas dobro na partijata treba da se trgnes i da gi ostavis pomladite da ja vodat, bidejki ti imas mnogu grevovi neprostivi!!!
Од: B.S.
Датум: 30.06.2010 08:49:58
Nekoj rece.......... " pa sekoj shto gubi ima pravo da se luti,,,,,!" neli ???!!! :)
Од: The end
Датум: 30.06.2010 08:50:47
Ovaa vlast se plasi od faktot sto se stvara kriticna masa na ludje kaj narodot i se pobeduva stravot , a nejzinite manipulacii i spekulacii stanuvaat se pojasni . ne im pomagaat ni raznite megafoni, koi jadat bureci, pustaat bumbari ili 'latasuvaat" so bezobzirni lagi i manipulacii na javnosta,.Vece se procitani. Sega kaj niv se zapali " crveno svetlo" i se javi panika. Znaat sto ce se sluci ako ja zigubat vlasta. Sutka i Idrizovo ce bidat tesni za da gi primat. Zatoa so site zili i cela arogancija ce nastojuvaat toa da go sprecat ne vodejci smetka deka mozat Makedonija da e dovedat ido propast i vnatresni konflikti. Do izolacija , beda i siromastija vece ja dovedoja. No mislam povece toa ne moze da im uspee .Krajot im se nazira.
Од: stip
Датум: 30.06.2010 08:52:30
i dvete kitki procvataa, sadete novi.
Од: od citatel
Датум: 30.06.2010 08:55:38
Zamislite kakov premier imame 50000 narod pred vladata mu se vidoa kako 8000. . Ako trebase da stane zbor za miting na VMRO-ovcinjata 8000 ke mu se videa kako 50000. Vprocem se sto plasira kako informacija nasiov premier se samo obicni lagi formulirani kako sto saka toj. No negovoto vreme na notorno lazenje zavrsi. Veke e kraj. Kolku saka moze da si raskazuva prikazni no realnosta e taa kakva sto bese vo nedalat popladne pred negovata vlada i pred celo Skopje i cela Makedonija. Ako toj ne gi vede 50000 graganji pred vladata ima takvi sto go vidoa seto toa.
Од: nadidan
Датум: 30.06.2010 09:09:30
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти како еднојајчени близнаци, и едните ветуваа не исполнуваа а и другите како нив.Груевски ветуваше преродба во 100 чекори ама само за умрените,ете им прави споменици,а живите чека да умрат.Иако власта е во рацете на народот ама за жал пак тој кутриот е поделен.Без трета опција нема иднина ама за жал кај нас сеуште нема од кои причини не знам.Е па народе македонски мислимуја.........
Од: Заспаната Баба - Грдата Убавица (*народно предание)
Датум: 30.06.2010 09:20:34
Од Старата грамофонска плоча,полоша е Грдата Заспана Бабетина,која постојано Заборава!Најчесто Доцни со часови и носи бок-Серски ракавици,покажувајќи ја својата Омлитавена сила!Не може ниту на своето име да се сети,но ете,решила да се сети на „нашето“ античко име,со кое се обидува да нè поднови!Можеби тоа одамна го сторила,глумејќи девица невеста,онака,како што успешно го глумеше својот простачко-мангупски лик со ракавици!Гласот и’ е немушт и примитивно-речит!Се чудат на нејзината Шампионска титула,која ја освои откако ја качија на раменици!Сенилната Бабетина,итро глуми дека ништо Не гледа,па поради својот Аналфабетизам,постојано се жали дека ги заборавила наочарите!Убаво е да се чуе звукот на старата Плоча,но Бладањата на Сенилната Баба,се најчесто-Жива Досада,и по симнувањето од тронот ја забораваат,и неа,и нејзината Празноглава скаска!Зад неа,остануваат само Гордите слепци,во розеви темни очила,Заглибени во Мракот!Тонат,а на раменици ги воспеваат Богатствата на Нејзината Мајка!
Од: Nikola-Germanija do Afion
Датум: 30.06.2010 09:29:50
Podobra losa ekonomska SDSM-programa otkolku nikakva (DPMNE).Sinokja citav na A1 deka planiranata(!) kineska-korejska investicija vo bunardzik ne se ostvaruva.Toa e simptomaticno za sostojbata vo vladata i nejzina ekonomska kompetencija.Od drugite na GOLEMO najaveni investicii pak ni traga,ni glas!Vazno tn.promotori vo stranstvo si gi polnat dzebovite so narodni pari.Popovski e frustriran od toa sto e trgnat na strana,bidejki tolku izgleda i go biva.BC nema potreba da bide poaktiven,bidejki NG mu ja zavrsuva rabotata odnosno ne gi zavrsuva postavenite zadaci;-).Denovite na vladata se broeni,zosto se iskara so moknicite vo svetot (EU,NATO) i loso e kako zavisnik da se skaras so toj sto ti dava leb,stom veke ne si sposoben i spremen sam za sebe da prevzemas odgovornost.Balkancite sakat Evropa da dava pari i da gi odraboti neophodnite reformi i opstestveni prestrukturiranja,dodeka Balkancite do izgrejsonce slavat po kafeani i kafici.Zatoa vie e krivo sto EU se krie pozadi GR.Opravdano;-).
Од: Ljube
Датум: 30.06.2010 09:37:02
Koga covek e uplasen i e vo beznadezna sostojba spasot go gleda edinstveno vo lagata.Najubedliv primer e lagata na Gruevski so brojkata na prisutnite gragjani na mitingot na SDSM.Slep da bese od bukata ke kazese pogolema brojka od 8000 [ osum iljadi]No negovite lagi se vece procitani od narodot,a osmicite nekako mu se omileni koga laze.Veti 8.5 milijardi investicii.Nesto slicno pravese i Milosevic pa znaeme kako zavrsi,neka mu e "lesna" crna zemja.
Од: saki
Датум: 30.06.2010 09:42:43
I dvete partii ve lazat a vie samo se palite. Ve lazat so se, no da gi zememe brojkite od mitingot. Vo denesno vreme barem e lesno da se proveri. Otidete na Google Earth imate tamu metro i izmerete . Binata bese postaven paralelno so spomenikot od NOB na pocetokot na ilindenska imase prazen prostor za BC i dugite pa bea novinarite znaci minus 20 m narod imase do semaforite toa se 180 m . Ilindenska e siroka 30 metri ( od levo imase postaveno tezgi i kobinja da narodot ne stoi po trotoarite a desno policiska ograda) . Znaci 180 x 30 toa se 5400 m2 po 2-3 na m2 znaci bile 16 000 i olklu da imalo + 4000 toa se 20 000 Maximum.
Од: toni
Датум: 30.06.2010 10:04:09
Gruevski uste ne e svesen deka ne od Banko,tuku od Ljube Boskoski ke izgubi na narednite izbori,OM e veke kako virus vo VMRO-DPMNE,i recisi veke VMRO-DPMNE i ne postoi vo Istocna Makedonija,vo Delcevo,Berovo,Vinica,KR.Palanka,......,,a seto toa e rezultat na Mafijaskite \vmrovski grupi p Istocna Makedonija,ama ,i fakt e deka nitu Branko C.,ke nema da moze da napravi Vlada bez Ljube,koj so sigurnost tvrdam deka ke ima okolu 20 pratenika.pozdrav os Istocna Makedonija
Од: јас
Датум: 30.06.2010 10:16:06
Портокаливе , не да се растрчани на сите страни ( ко муви без глава , вклучувајќи го и пастирот ) туку веќе не знаат што да прават .А не знаат , бидејќи и самиот пастир е изгубен во времето и просторот , па почнува да безочно да лаже, мислејќи дека и најтврдокорните портокали ќе му поверуваат...ТОЛКУ Е , ви помина времето на употреба !! Скапавте од премногу лежење и грабање !! Насекаде пробуваат да доукрадат тоа што може , да вработат уште некој неписмен ( а „докажан “ партиски член ! За @ Alpha + , СЕКОЈА ЧЕСТ НА АНАЛИЗАТА !!!
Од: edno prasanje za site
Датум: 30.06.2010 10:57:41
се цудам дали сум во право или не.околу нас се случува следното ама ке го види оној кој сака. секарас со татко,мајка,брат сестра и не им одис на свадби ,имендени погреби не им помагаш за ништо на пријателите им викаш дека нијкеш да ги видиш. те изневерува маш ти или жена ти или развод или котек или и двете ама кога Бранко те онади 20 години и ти го онади животот ти се повеке го сакаш повеке од брат сестра жена татко мајка .е тоа е магија Браво Бранко Само напред со тебе сме
Од: tihi
Датум: 30.06.2010 11:40:28
Ako nekoj misli deka e za falenje sto bil na miting na Branko , togas toj e za zalenje.
Од: perica
Датум: 30.06.2010 12:18:31
Sve mi e jasno samo ne mi e jasno ,kakva vrska ima srpska muzika so mitingov. Inace za zapalenive od SDSM ,poleka malce borbata ke bide teska ,dolga i naporna. "Za pari se raboti!!!" A deka do tolku neznaat so praat portokalovite ne e bas taka,citajte go Protuger pozainteresiran e za progresot na SDSM od niv samite i se im sepnue -trgnete go Branko pa ke se dogovorime i po pola ke delime ako treba.. Narocito za toa so nemanemu koj da mu parira(pameten na dedo) mora Sekerinska hitno da se aktivira.
Од: od mene
Датум: 30.06.2010 12:25:32
Mozebi denovite na Gruevski se odbroeni,no Crvenkovski voopsto ne treba nitu da se obidi da se vrati na vlast!!!!
Од: od nadvor
Датум: 30.06.2010 12:27:27
Se soglasuvam potpolno so komentari na Alpha+ i Marija, tie se najkarakteristični: ne se raboti pred sé za nastapuvanje na političarite (iako mitingot go organizira politička partija), nego za iskažuvanje na volja na narodot, mislenje na luge - a vo PRAVNA država treba sekoj čovek - na miren i pristojen način da ima PRAVO go iskaže svoeto mislenje. Me interesira edna rabota - iako negovite komentari nemožev da gi čitam, gi preskoknuvav - no, znae nekoj, kaj isčezna FELIX? Da nee na odmor vo Grcija, slučajno? Ili možda dobil nekoja dobra funkcija..? Pozdrav - do ženite, oti na nimi stoi svet!! :-)
Од: so te gajle
Датум: 30.06.2010 13:02:21
Kaj VMRO koga Ljubco bese pretsedatel na partijata , site go velicea ( vojvoda) pa potoa...., potoa brat Ljube site go velicea pa potoa ..... potoa Nikola ( Glujo) site go velicat pa ........ sto mislite i posle ( se znae posle sto) pak ke go velicat . Isto i se nego . E tuka e razlikata kaj SDSM i vmro KAJ SDSM sekogasbil eden i ke istane eden BC S o dreugi zborovi nema kurvarluk vo SDSM kako kaj VMRO
Од: Ацко
Датум: 30.06.2010 13:11:00
Америка: "We have Barack Obama, Stevie Wonder, Bob Hope and Johnny Cash." Македонија: "We have Nikola Gruevski, no wonder, no hope and no cash"
Од: Трпе
Датум: 30.06.2010 14:08:41
Кога народот бира помеѓу две зла го бира помалото.А ова што овие денови ,пропагандната блада е во нокдаун,не сдака да си го признае.Уште еден таков удар и готови се.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Неимарски маки
Собранието исфрлено од игра
Исплашена од помислата за госпоѓа Деп
Бразил авторитативно до четврт-финалето
Потпросечен просек
Големите ќе штедат, ние упорно трошиме
Македонското стопанство во депресија
Дебакл на Италија
Отказ за полицаецот што го нападна снимателот
Мурињо е последната шанса за Англија?
Кенгурски ско��“ со ЕУ и НАТО
Во Атина пак се судрија полицијата и демонстрантите
Флуоризираното млеко, сепак, е истражувачки проект
Словаците си одат дома како херои од Мундијалот
ФИФА и' се заканува на Франција со суспензија