Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Кенгурски скок“ со ЕУ и НАТО

За неколку години земјава може да добие милијарди евра странски инвестиции и фондовски пари

Соња Маџовска

Македонија не може да се одлепи од дното гледано економски, по влез на странски инвестиции и раст на бруто домашниот производ, се' додека не влезе во НАТО и во Европската унија. Ова го велат сите, и политичарите и експертите. Не можеме да се споредуваме ниту со земјите од регионот, а за подалеку не можеме ниту да помислиме да отидеме, на пример, да се споредуваме со земјите од Југоисточна и Централна Европа. Пратеникот Стојан Андов прогнозира дека влезот во НАТО и во ЕУ за неколку години ќе и' донесе на земјава милијарди евра и неколкудецениски скок и на политички и на економски план.

„Вле��увањето во НАТО носи сосема друг рејтинг за земјата на безбедносен план и ги отвора вратите за стабилни и крупни компании, кои имаат пазар. Тие не доаѓаат на терени каде што не е НАТО, па затоа е потребно да влеземе. Тогаш може да се очекуваат да дојдат и позвучни банки што ќе донесат поевтин капитал.

Со влезот во НАТО и штом ќе почнат претпристапните преговори со ЕУ, од една страна, ќе се видат недостатоците што ги имаме, но реформите во тие секторите ќе бидат поддржани со средства од ЕУ-фондовите. Тука се мисли на инфраструктурната обезбеденост и државната администрација, каде што сме најслаби. А тоа се клучни сектори кои ќе повлечат развој.

Тие се неповртани средства, но не можеме да ги обезбедиме ако не сме таму. Ако влеземе во НАТО и почнеме преговори и ако корупцијата и организираниот криминал се сведат на минимум, ќе дојдат пари со кои ќе прескокнеме децении. За неколку години парите што ќе дојдат ќе се бројат во милијарди евра“, вели Андов.

Тој смета дека моментно земјава собира трошки и заостанува далеку во однос на другите земји во економскиот развој. Андов вели дека поради сла��иот рејтинг што го има Македонија, Владата не може да обезбеди средства ниту преку издавање еврообврзница.

И оние што се директно поврзани со странските бизнисмени, кои доаѓаат во земјава и го испитуваат теренот, па се до склучување на договори со нив, од консултантските куќи, велат дека на странските компании не им се толку важни профитот и ниските даноци, како што мисли Владата, туку каде го носат бизнисот и колку им е сигурен капиталот. „Кога некој сака да донесе пари однадвор, сака да ги елиминира сите ризици. Но, правата работа што им е најважна е политичкиот ризик, а даноците и профитот се последни. Инвеститорите кои доаѓаат во земјава се жалат на судството, администрацијата, и затоа влезот во НАТО и во ЕУ за нив ќе значат усогласеност и контрола со нивните директиви, односно дека не може секоја власт да се однесува како што сака, да се менуваат постојано законите. Ние и пред кризата немавме инвестиции. Сите земји што влегоа во НАТО и во ЕУ имаа зголемување на инвестициите. Факт е дека во Албанија и во Хрватска инвестициите по нивниот влез во НАТО им се зголемија драстично, или 1 спрема 10, во споредба со претходниот период. Тогаш за нив се заинтересираа големите корпорации“, вели Љубица Рубен од консултантската куќа „Менс легис“.

Дипломатите велат дека најдрастичен е примерот за зголемување на инвестициите во Бугарија, по нивниот влез во НАТО и во ЕУ. Ако во 2003 и 2004 година во оваа земја инвестициите достигнувале од 1 до 2 милијарди евра, од 2005 година тие се искачуваат на 3,2 милијарди евра, а врвот го достигнуваат во 2007 година со 8,6 милијарди евра инвестиции, но тоа е годината кога Бугарија станува членка и на Европската унија. Е после веќе поради кризата почнува да опаѓа нивото на инвестиции, во 2008 година на 6,5 милијарди евра, а во 2009 година на 3 милијарди евра. Истите извори велат дека поради кризата, странските инвеститори не си заминале од земјата, но веќе не ја реинвестираат добивката во Бугарија, туку ја праќаат во нивната матична земја. И за Хрватска се слични податоците. Огромен раст на странските директни инвестиции оваа земја бележи по влезот во НАТО, во 2007 и 2008 година, по 3,6, односно 4,1 милијарди евра. Минатата година во Хрватска, пак, имаше драстичен пад на инвестициите, и изнесуваа само 1,8 милијарди евра. Овие земји во тој период бележеа и високи стапки на економски раст, Бугарија и Албанија достигнаа раст на БДП од над шест отсто. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 2676 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 30.06.2010 00:13:51
vmro aber nema od ova dali ima nekoj za leb nee vazno za niv sesomnevam deka nestoce napravat mi se cini vlez kon evropa ce pocne so padjanje na vmro za 2-3god a do togas leb i piper.
Од: Mirce
Датум: 30.06.2010 00:17:45
Vele samak li ke ni nosi investicii, ne go biva covekot. Vladava treba sto poskpro da si zamine.
Од: Mite
Датум: 30.06.2010 00:26:29
Se lazat tie sto mislat deka stranskite investicii se spas...prashajte gi site novi clenki na EU a i Hrvatska.. strancite doagaat da go soberat kajmakot, popat ke napravat Inflacija i ke ja narushat ramnotezata na platite i cenite... posle sleduvaat Grckoto ili Spansko ili Portugalsko scenario...
Од: ilija
Датум: 30.06.2010 01:16:24
praznoglavi duri nemozete ni da analizirate od podatocite so koi raspolagate i malku da go aktivirate mozoceto..."Ако во 2003 и 2004 година во оваа земја инвестициите достигнувале од 1 до 2 милијарди евра, од 2005 година тие се искачуваат на 3,2 милијарди евра, а врвот го достигнуваат во 2007 година со 8,6 милијарди евра инвестиции, но тоа е годината кога Бугарија станува членка и на Европската унија"...znaci postepeno sekoja godina narasnuvale investiciite a toa se dolzi na kontinuiranite reformi sto se sproveduvale vo bugarskota drzava za razlika od makedonija vo koja vistinskite strukturni reformi pocnaa duri vo 1998 god so pobedata na togasno vmro...i preku glava mi e vekje novinarcinja i pravnici da mi laat za investicii koa pojma nemaat od ekonomija i stopanstvo...kako toa istata godina vo koja stanuva clen nekoja od ovie drzavi odma im doagjaat investicii???za bilo kakva investicija e potrebno prvo analiza na terenot koe vo najdobar slucaj trae min 1 god a za planiranje proek
Од: Afion
Датум: 30.06.2010 01:54:14
Pa i od VMRO cuvme izjavi za tok na milijardi? Se blizat izbori-napliv od populizam. Tuka go vbrojuvam gospodinot Andov. Zosto ne spomnave koja e cenata za urgenten vlez vo NATO i EU, promena na identitetot preku promena na imeto. Nie sme sustinski vo NATO. Imame vojska vo skoro site nivni misii (kolku imaat grcite?) i zrtvi vo padot na helikopterot vrakjajkji se od NATO dolznost? Formalno ne sme vo NATO no dali mislite gospodine Andov deka parite samo taka kje potecat od denot na zaclenuvanjeto? Kade vi e ekonomskata programa so koja kje go srusite VMRO? Ako taa vi e bazirana na pomosta od stranstvo, tesko nam. Tie gi pomagaat onie koi se trudat da napravat nesto, ne onie koi cekaat. So koministite go ozvanicivne nseta ime i drzava. Neli vi e simptomaticno sto denes derivatite od komunizmot go koristat sporot so imeto za da se okoristat so vlast?
Од: mitko za osnovnite potrebi
Датум: 30.06.2010 02:05:07
Samo za da ZAPOCNE so resavanje na problemot so golemata stapka na nevrabotenost na Makedonija i se potrebni barem 10 milijardi evra. Znaci samo za zapocnuvanje da se resava ovoj problem. A ovie VMROovcive namesto da privlekuvaat kapital tie ja zadolzuvaat drzavata. Toa e nesto najloso za Makedonija. Toa mnogu poloso od masovnoto zemanje na bugarski pasosi, toa e poloso od blokadite na Grcite, toa e poloso od aktivnosta na UCK Kako i sekogas VMRO-ovcite se najstetna pojava za ovoj narod i zemja. Samo ke ja osiromasat do kolena po sto taa ke bide lesno pregazena od Grcite i UCK Glupo e da se pomisli deka so novo zadolzuvanje ke se socuva imeto? Ve lazat vo oci. Grujo da si odi pri sto pod miska da si go zeme Stavre-kumot najnesposobniot Minister za finansii od naseto osamostojuvanje i pred toa.
Од: od mene
Датум: 30.06.2010 03:43:24
Za se vi e kriva vlasta i VMRO. Ajde malku da se vratime nanazad. Ako Crvenkovski i SDSM ne ni gi rasprodadoa drzavnite fabriki i imoti rabotnicite ke si rabotea. Starite ke zaminuvaa vo penzija mladi ke se vrabotuvaa i nemase do ova da dojde. Znaci vinovni se i onie pred VMRO.
Од: Nikola
Датум: 30.06.2010 05:08:18
Vlada+zakoni+kazni= NOKNA MORA Pabotnici+obespravenost=OCAJNOST
Од: Кавадарчанец
Датум: 30.06.2010 05:29:38
Да беше Стојан Андов способен и чесен денес сеуште ќе постоеше силната Либерална партија. Тој ја уништи гледајќи ги само своите лични интереси.Вели дека Македонија собира само трошки од Европа, а на политичката трпеза во Македонија за Либералната партија остана само една трошка која сега ја дојадува Стојан Андов.Лицемер и интригант, саможивник и калкулант не може да оствари големи дела и покрај дарбата за политика во нејзиниот негативен контекст.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 30.06.2010 07:04:32
На тоа што во Стратешките определби на Владата на РМ влегувањето на РМ во НАТО и во ЕУ е поместено на трето место (симанато од прво место) никој не реагира! Зошто?
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 30.06.2010 07:12:34
Vo pravo e Andov. Eve i Grcija e clenka na NATO i EU pa za tri godini kaj niv kje se sleat 110 millijardi evra "investicii". A na Mito da mu kazham deka i 20 milijardi evra e ubava okrugla brojka.
Од: flying-monaco-pusta zelba
Датум: 30.06.2010 07:40:11
Ovoj aber si nema deka e gotov za penzija a bara skok, abe aman, do koga ke go lazite narodot, malce mu bese do sega cela drzava e izlapa zaedno so klapata koi beja na mitingot, i bez sram obekavaat se i sesto abe zakopan e komunizmot i toa dlaboko, nema vrakjanje vo son ste...za zal za novinarite i niv gi vovlekuvate vo dilemi...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.06.2010 08:16:57
ЕУ и НАТО нема да му донесат на Пастиорт ништо добро, ќе мора да се инплементираат европски закони и контроли со кои ќе биде многу потешко да се ограбуваат граѓанбите и да се цеди буџетот ( т.е. организиран криминал).Ќар од тоа би имале само граѓаните а власта би требело повеќе да работи и тоа САМО за платите.Затоа не сакаат во ЕУ.Нема полнење на џеповите.
Од: mihajlo
Датум: 30.06.2010 09:20:30
Vlezot vo EU i NATO sekako ima pozitivni raboti za sevkupniot zivot na zemjata.Toa ne e sporno i za toa ne bi sakal da polemiziramIma edno drugo prasanje koe obicniot Makedonec go preokupira. Prasnjeto e ednostavno.Makedonskiot gradjanin e zbuner.Nie dvaeset godini se borime od petni zili da vlezeme vo ovie organizacii.Prasanjeto dali navistina sakame ili samo deklarativno se izjasnuvame e prasanje ne za obizniot granjanin,tuku za politicarite.Tie se zadolzeni za site odnosi vo sistemot na edna neorganizirana Drzava.Doneseni se zakoni koi ne se realiziraat,korupcijata namesto da se namaluva,taa stana sostaven del na nasiot zivot,Sudstvoto e po sistemot"kadija te tuzi ,kadija te sudi".zdrastvoto e vo neviden kolaps maltene kako vo nekoja feudalna drzava.pojmot industrisko proizvodstvo osven,trgovija e prasalna imenka.Covek da redi do utre nema da izredi raboti koi se za nikade.E zatoa Evropa e daleku.Nie se pravdame deka ako imeto se reselo drugoto e se vo red.Za mene imeto e sporedna r
Од: Petrovski Branko
Датум: 30.06.2010 09:24:43
Да му се дава простор за коментирање на човек како Андов, за мене е апсолутно неразбирливо. Прашајте го што тој во животот направил. Една работа нека посочи и ке се извинам за мојов коментар. Секогаш живеел на грбот на народот, а никогаш не направил ништо, освен што си ги задоволувал личните интереси. Треба да се подсетите колку пати ги менуваше страните во поновата историја. Тој е најеклатантен пример на политичка проститутка во Македонија.
Од: Realen
Датум: 30.06.2010 09:54:39
Vo Svilajnac Srbija ako go najdeme na geogravska karta Panasonik ja otvara najgolemata negova fabrika vo Evropa a osma voopsto.ima i red drugi primeri no da ne gi naveduvam.Tolku za reformite,reklamite i promoterite.
Од: od nadvor
Датум: 30.06.2010 10:01:56
Nepravete si iluzii, deka členstvoto vo EU i NATO ke ve zbogati preku nok i deka ke ve spasi od problemite. No bidejki svetot e deneska globaliziran, toa e stvarnost a protiv toa odbrana nema, mislam, deka e podobro - a ne pološo - da se najdete i vie vo EU. Vie imate ili golema omraza kon EU i Zapad voopšto, kako tie za sve da vi se krivi, ili pak pregolemi nadeži - a toa e naivno. Mislam, deka za svoite problemi čestopati čovek sam si e kriv - nepametno odnesuvanje, nedomakinsko ponašanje, bienje v gradi, kolku sum super, rasipništvo - a koga sve propaga, plačenje i baranje pomoš od drugi... Pomognete si sami, maftajte so racete, koga tonete, a posle i Gospod ke vi pomogne! Za vas se raboti. Za vašata tatkovina - Makedonija. Pametni luge ke vami ima - pa ete, umesto zborovi neka zboruvaat dela! Pozdrav - do junacite! Gi ima, znam.
Од: Komentator
Датум: 30.06.2010 11:01:38
Ne deka ne mu veruvam na gospodinot Andov vo negovata analiza ..koja veke so godini ja kazuva ..ama me nervira sporedba so Bugarija i nejzinite "Sjajni uspesi" odkoga vleze vo Nato i EU..Samite Bugari se zalat ...najgolema "investicija" sto ja imale i "pridobivka" od seto toa sto imotnite gradani na EU im go vo ""bescenje" kupiva crnogorsko primorje..a prosecen gradanin na Bugarija e na opaskata na blagosostojba na EU... . dali i nas ne ceka ova katarza...i navistina gi zalam avtenticnite Ohridani...ke ostanat so pokolenija bez krov nad glava...!!
Од: toso
Датум: 30.06.2010 11:03:29
Me cudi kakoekonomski i politicki analiticar kako Andov mozat da pravat vakvi gafovi oklou stranski investicii. Ne e problemot dali vozemjava ke dojdat stranski pari, gi ima visok vo svetot , problemot e sto Makedonija desetina godini nema nikakvi idei kako da gi upottrebi tie sredstva, nema spremni proekti. Ima brojni primeri kako milionski sumi se evrakaat vo evropskite fondovi bidejki ne sme znaele da gi iskoristime. Treba da se koristi domasniot potencijal, vo bankite ima 3-4 milijardi evra , tie sreddstva treba da se vlozat vo ekonomskiot razavoj, a ne da ocekuvame milostina od Zapad.
Од: XML
Датум: 30.06.2010 11:40:33
И по 20 г. транзиција уште барате мислење од личности кој се до краен степен искомпромитарани во политичкиот живот во Македонија. Политичка величина според Црвенковски која смени неколку партии и политички спротивставени програми само за да биде во власта, многу повеке и од Амди Бајрам. Кој морал го има. Претседател на собрание кога се вршеа најголемите криминални процеси на транзиција во Македонија и со СДСМ и со ВМРО. Многу добро се знае дека 90 % од граганите се за влез во непринципиелната и корумпирана ЕУ и над 80 % се за влез во НАТО. Ама не по секоја цена што се бара од нас. Не третирараат како да сме со психичка заостанатост. Од написот констатирав дека сепак се работи з�� пари ама за СДСМ.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Неимарски маки
Собранието исфрлено од игра
Исплашена од помислата за госпоѓа Деп
Бразил авторитативно до четврт-финалето
Потпросечен просек
Големите ќе штедат, ние упорно трошиме
Македонското стопанство во депресија
Дебакл на Италија
Отказ за полицаецот што го нападна снимателот
Протестот ја расони власта
Мурињо е последната шанса за Англија?
Во Атина пак се судрија полицијата и демонстрантите
Флуоризираното млеко, сепак, е истражувачки проект
Словаците си одат дома како херои од Мундијалот
ФИФА и' се заканува на Франција со суспензија