Словаците си одат дома како херои од Мундијалот
Победата над шампионот ИталиJа и пласманот во следната фаза ги разгалиJа словаЧките навивачи
Словачка го доби џек-потот со самото квалификаување на своето прво Светско првенство во фудбал и сега си оди дома со придобивки во вид на нокаутирање на бранителот на титулата, пласман во осминафиналето и собрано искуство за следното учество. Селекторот Владимир Вајс избра група играчи што работеа добро како тим, беа одлични преку крилата и умешни во нападот. Тоа најдобро го покажаа минатата седмица со победата од 3:2 против Италија, по што беа запрени со поразот од 2:1 од Холандија во понеделникот.
„Добар резултат беше самото тоа што дојдовме тука. Се' останато беше бонус“, вели Владимир Вајс, синот на селекторот со идентично име. „Се надеваме дека ќе се пласираме на уште мундијали во иднина“.
Во нивниот прв натпревар во групата Ф против Нов Зеланд добија болна лекција кога примија гол за израмнување во последната минута од судиското надополнување, а во следниот меч против Парагвај, едноставно, беа надиграни. Ги поправија грешките од двете средби, ги збија редовите и го направија тоа што изгледаше невозможно за тим од дното на табелата - победа со стил против Италија и место во нокаут-фазата.
Се обидоа да ја повторат играта што им донесе успех и против Холандија, но беа столчени од крилото Арјен Робен, кого селекторот Вајс го нарече „гениј“, и беа казнети за пропуштените шанси.
„Загубивме поради недостиг од искуство“, смета играчот за врска Мирослав Штох. „Ова е наш прв настап на Светско првенство. Ја победивме Италија и станавме херои. Беше фантастично. Се надевам дека следниот пат ќе биде подобро“.
Вкусувајќи го животот на големата сцена, фудбалерите имаат апетит за повеќе, па, имајќи предвид дека многу од нив се во раните или средни 20-ти, постојат сите предуслови за од��жување добар тим во следните неколку години.
„Нашите фудбалери покажаа, срце, храброст и добар фудбал“, вели гордиот селектор.
Настапот им донесе многу приврзаници дома, каде што хокејот на мраз е национален спорт број еден, па играчите нагласуваат дека сега вдишиле нов живот во спортот во Словачка.
„Воопшто не ги разочаравме навивачите“, изјави капитенот Марек Хамшик, кој заедно со одбранбениот играч Мартин Шкртел беа единствените етаблирани имиња во словачкиот состав пред шампионатот. Покрај нив сега дојдоа до израз голгетерските способности на Роберт Витек и брзината на Штох, а останаа и подолго на првенството од величините од типот на Франција и Италија. (Р.Д.) |