Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ФИФА и' се заканува на Франција со суспензија

Блатер ја предупреди француската влада да не се меша во работите на ФФФ по дебаклот на СП

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, вчера ја предупреди владата на Франција да не се меша во работите на својата национална фудбалска асоцијација или раководното тело во овој спорт ќе ја суспендира Француската фудбалска федерација (ФФФ). Заканата од Блатер доаѓа ден откако првиот човек на ФФФ, Жан-Пјер Ескалете, даде оставка поради фијаското на Франција на Светското првенство во Јужна Африка. Француската министерка за спорт Роселин Башело минатата седмица изјави дека оставката на Ескалете е „неизбежна“.

„Во Франција направија државен проблем од фудбалот, но фудбалот останува во рацете на Федерацијата“, изјави вчера Блатер. „Пораката е јасна - францускиот фудбал може да дојде во судир со ФИФА во случај на мешање на политиката, дури и ако е тоа на претседателско ниво. Ние ќе и' помогнеме на националната асоцијација и ако тоа не може да биде надминато со консултации, тогаш единственото нешто што ни преостанува е да ја суспендираме федерацијата“.

Елиминацијата на Франција уште во фазата по групи, зачинета со одлуката на фудбалерите да бојкотираат тренинг во знак на поддршка за исфрлениот напаѓач Никола Анелка, предизвика жолчна дебата и средби на високо ниво во земјата. Претседателот на државата Никола Саркози побара растресување на фудбалот и се сретна со поранешниот капитен на репрезентацијата Тиери Анри. Дебатата ќе продолжи по информациите дека и селекторот Рајмон Доменек и Ескалете денеска ќе бидат сослушани од парламентарна комисија на Националното собрание.

Бојкотот од играчите се случи по исфрлањето на Анелка од репрезентацијата од страна на ФФФ поради напад врз Доменек на полувремето од мечот со Мексико, кој „триколорите“ го загубија со 2:0. Франција заврши на дното во групата А со едно реми и со два пораза. На местото на Доменек доаѓа Лоран Блан, член на шампионскиот тим на домаќинот на СП 1998 во Франција.

Наспроти повикот од Блатер, Французите немаат намера да застанат во расчистувањето на причините за големиот срам што се' уште актуелниот вицешампион го доживеа на Мундијалот во ЈАР.

„Два елемента апсолутно треба да бидат во срцето на дебатата. Едниот е социјалната улога на фудбалот во поглед на образованието, а другиот е врската меѓу аматерските и професионалните води“, вели претседателот на Францускиот олимписки комитет, Дени Маселја. ФФФ, а не политичарите, треба да ја направи потребната анализа и да донесе мерки, додава тој.

„Мораме да се согласиме со принципите што треба да ги следиме, но на луѓето од фудбалот е да решат што е добро за нивниот спорт“, категоричен е Маселја. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 1432 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Неимарски маки
Собранието исфрлено од игра
Исплашена од помислата за госпоѓа Деп
Бразил авторитативно до четврт-финалето
Потпросечен просек
Големите ќе штедат, ние упорно трошиме
Македонското стопанство во депресија
Дебакл на Италија
Отказ за полицаецот што го нападна снимателот
Протестот ја расони власта
Мурињо е последната шанса за Англија?
Кенгурски скок“ со ЕУ и НАТО
Во Атина пак се судрија полицијата и демонстрантите
Флуоризираното млеко, сепак, е истражувачки проект
Словаците си одат дома како херои од Мундијалот