Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Без илузии против Србија

Се' освен пораз во денешниот дуел со светскиот првак на ЕП во Загреб би било чудо

Роберт Димитриевски

По серијата од три натпревари во кои имаше објективна можност за поволен резултат, ватерполо репрезентацијата на Македонија претпладнево од 10 ч. тешко може да се надева на успех против Србија во рамките на четвртото коло од групата Б на 29. Европско првенство во Загреб. Се' освен пораз против актуелниот светски шампион и освојувач на Светската лига и на Светскиот куп би било рамно на чудо, па избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ немаат големи очекувања од средбата со северниот сосед. Дотолку повеќе што Србите по поразот од Унгарија не смеат да си дозволат кикс во преостанатите две кола од прелиминарната фаза на патот кон очекуваниот пласман во четврт-финалето, во кое водат првите три места во групата. Србија има бод помалку од лидерот Унгарија, а второто место го дели со Германија, со која ќе се сретне во последниот круг в недела. Од друга страна, по несреќниот минимален пораз од Германците откако центарот Даниел Бениќ во последната секунда непречен од никого од два ме��ра биеше во главата на голманот Александар Чигир, Македонија, практично, се прости од четврт-финалето.

„Против Србите и потоа со Унгарците дефинитивно не сме фаворити, па ќе играме без каков и да е притисок“, вели капитенот Ненад Петровиќ.

Дополнителен хендикеп за македонската селекција е сериозноста на повредата на рамото на големото засилување Благое Ивовиќ, добиена во првата четвртина од мечот со Грција, па за него шампионатот најверојатно е веќе завршен. Покрај тоа, Владимир Латковиќ поради реакцијата на судиската одлука во втората четвртина од натпреварот со Германија тогаш беше дисквалификуван, па казната ќе мора да ја одлежи токму против Србија.

„Победата не доаѓа во прашање. Нашата задача е во секој поглед да покажеме повеќе отколку на средбата со Русија. И понатаму имаме високи цели и ќе сториме се' за да ги оствариме“, не остава простор за сомнеж српскиот напаѓач Андрија Прлаиновиќ.

Кој е кој во денешната ексјугословенска пресметка во базенот „Младост“ зборува и фактот дека во единствениот меѓусебен дуел, одигран во рамките на групата на претходното ЕП 2008 во Малага, Србите славеа со 23:6.



ГРЦИТЕ ЈА ЗАПРЕА УНГАРИЈА



Група А, трето коло: Турција - Италија 4:9, Романија - Хрватска 7:13 и Црна Гора - Шпанија 8:7. Табела: Италија 9, Хрватска 6 (гол-разлика +17), Црна Гора 6 (+2), Романија 6 (+1), Шпанија 0 (-1) и Турција 0 (-24). Двојки за денеска: Црна Гора - Турција (11,30 ч.), Италија - Романија (18 ч.) и Шпанија - Хрватска (21,40 ч.).

Група Б, трето коло: Русија - Србија 10:16, Македонија - Германија 7:8 и Унгарија - Грција 6:6. Табела: Унгарија 7, Србија 6 (+11), Германија 6, Грција 4, Македонија 3 и Русија 0. Двојки за денеска: Србија - Македонија (10 ч.), Унгарија - Русија (13 ч.) и Грција - Германија (16,30 ч.).


#
Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 03.09.2010 01:18:45
Vo Jesen pilinata se brojat!

Најди! во Утрински
Спорт
Литванците бришат се' пред себе
Словачки испит за македонската зрелост
Челзи пријави само четири домашни фудбалери
Каков татко, таков син
Ибрахимовиќ
„Металурзите“ во Порто коваат виза за ЛШ
Азаренка колабираше среде меч
Ван дер Варт се надева дека ќе биде првотимец во Тотенхем
Диего
Порази на Бердих и на Родик