Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

„Металурзите“ во Порто коваат виза за ЛШ

Македонскиот машки ракометен првак од денеска до недела на квалификацискиот турнир во Порто за Лигата на шампионите треба на дело да покаже што сработи на подготовките летово и колку квалитетно се засили за посакуваниот пробив во групната фаза. Динамо Минск, против кој составот на Лино Червар ќе стартува вечерва од 21,30 ч., потоа домаќинот Порто утре од 16 ч. и Запорожје задутре во истиот термин се крајно сериозен предизвик. Дотолку повеќе што само победникот на турнирот ќе обезбеди место во групата Ц, во која го чекаат учесникот на фајнал-форот Чеховски медведи, осминафиналистот Валјадолид, Пик Сегед, Шафхаузен и дебитантот Олборг од Данска.

Во таборот на „металурзите“ не бегаат од статусот фаворит во групата и сметаат дека првите две средби ќе бидат клучни за пласманот меѓу европскиот клупски ракометен крем. Тоа посебно се однесува на стартниот дуел со Белорусите, кој, според средниот бек Наумче Мојсоски, ќе биде директна пресметка за патникот во фазата по групи, иако и Порто има своја математика, полагајќи големи надежи во поддршката од трибините.

Динамо Минск е проект на Владата на Белорусија, која очекува финансиската потпора на клубот во последните две години, во кои тој освои две шампионски титули и еднаш триумфира во националниот Куп, да се ефектуира токму во Португалија. Лани Динамо не успеа во квалификациската група во Скопје, во која лесно излезе на крај со Будуќност и со Бешикташ, но убедливо загуби од Вардар про, иако на полувремето беше нерешено, а во почетокот од вториот дел Белорусите имаа и солидна предност.

Колку сериозно Динамо му приоѓа на турнирот во Порто зборуваат и одиграните шест контролни средби во осум дена, во кои забележаа три победи (34:25 со Виборг, 44:18 со Лансароте и 30:26 со Гвадалахара), едно реми (22:22 со Торевиеха) и два пораза (29:31 од Адемар Леон и 19:21 од Гранолјерс). Пред неколку дена се засилија со рускиот плејмејкер Павел Атман од Каустик Волгоград, во тимот е и неговиот сонародник, бекот Виктор Коваленко, кој остави одличен впечаток додека ги бранеше боите на Вардар про, како и литванските репрезентативци, голманот Егидиус Петкевичиус и левиот бек Ремигиус Чепулис.

Во првите две средби на тимот од Автокоманда ќе му судат Данците Гјединг и Хансен, а во последната Швеѓаните Канбро и Класон. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Без илузии против Србија
Литванците бришат се' пред себе
Словачки испит за македонската зрелост
Челзи пријави само четири домашни фудбалери
Каков татко, таков син
Ибрахимовиќ
Азаренка колабираше среде меч
Ван дер Варт се надева дека ќе биде првотимец во Тотенхем
Диего
Порази на Бердих и на Родик