Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Порази на Бердих и на Родик

По испаѓањето на Хрватот Иван Љубичиќ, 15. носител на УС-опен (пораз од Харисон), во второто коло на последниот Гренд-слем турнир годинава излетаа уште двајца високо поставени играчи.

Прво тоа му се случи на седмиот носител Чехот Томаш Бердих кој загуби од Французинот Лодра со 7:6 (3), 6:4 и 6:4. По полуфиналето на Рол��н Гарос и финалето во Вимблдон, Бердих дефинитивно имаше големи планови и на американскиот опен. Но, неговите сништа ги растури сјајниот Лодра, во меч во кој Бердих имаше само три брејк-топки, но не искористи ниту една.

Второто коло беше кобно и за уште еден од фаворитите во Њујорк, најголемиот домашен адут Енди Родик, девети носител на овој турнир. Американецот загуби од Србинот Јанко Типсаревиќ со 3:6, 7:5, 6:3, 7:6 (4). И во овој дуел Типсаревиќ имаше рецепт за сервисот на Родик, го напаѓаше првиот, а особено вториот удар на Американецот. По вториот сервис Родик освои само 54 отсто поени.

Второто коло го мина и Французинот Гаел Монфилс кој го совлада Русинот Андреев со 6:3, 6:4, 6:3.

Уште еден Французин имаше сјаен настап пред публиката. Жил Симон е на патот на враќањето. Во својот прв меч Симон загуби само седум гема и лесно го совлада домашниот играч Јанг со 6:1, 6:4 и 6:2. Идентичен број гемови загуби и Шкотот Енди Мари, четврти носител, во мечот против Словакот Лукаш Лацко. Заврши со 6:3, 6:2, 6:2, а со истиот резултат Вавринка го совлада Кукушкин.

Кај тенисерките со одлични партии продолжи Србинката Ана Ивановиќ. Иако играше против 21. носителка Кинеската Женг, таа доминираше од првиот до последниот поен победувајќи со 6:3 и 6:0.

Изненадување е поразот на Марион Бартоли во француското дерби против Вирџинија Разано.

Резултати, 1. коло: Мари (4) - Лацко 6:3, 6:2, 6:2, Лодра - Бердих (7) 7:6, 6:4, 6:4, Јужни (12) - Голубев 6:2, 6:3, 6:3, Харисон - Љубичиќ (15) 6:3, 6:7, 6:3, 6:4, Вавринка (25) - Кукушкин 6:3, 6:2, 6:2, Алмагро (14) - Стараче 4:6, 6:4, 6:4, 7:6, Квери (20) - Клах 6:3, 4:6, 7:5, 6:4, Симон - Јанг 6:1, 6:4, 6:2.

2. коло: Типсаревиќ - Родик (9) 3:6, 7:5, 6:3, 7:6, Монфилс (17) - Андреев 6:3, 6:4, 6:3.

Тенисерки, 2. коло: Ивановиќ - Женг (21) 6:3, 6:0, В. Вилијамс (3) - Марино 7:6, 6:3, Клајстерс (2) - Пеерс 6:2, 6:1, Хантукова (24) - Кинг 5:7, 6:3, 6:4, Пенета (19) - Шаваи 6:1, 6:4, Скијавоне (6) - Камерин 6:2, 6:1, Дулко - Азаренка (10) 5:1, Азаренка предаде, Разано - Бартоли (13) 7:5, 6:4.


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Без илузии против Србија
Литванците бришат се' пред себе
Словачки испит за македонската зрелост
Челзи пријави само четири домашни фудбалери
Каков татко, таков син
Ибрахимовиќ
„Металурзите“ во Порто коваат виза за ЛШ
Азаренка колабираше среде меч
Ван дер Варт се надева дека ќе биде првотимец во Тотенхем
Диего