Флеш-Вести
Каков татко, таков син: И малиот Џордан коцкар
Несомнено најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, имаше (можеби се' уште има) голем порок - комар. Се чини од тој вирус е заразен и најмладиот син Маркус (19).
По патот на светската будалаштина, Твитер, синот на Џордан, на светот му прати порака дека во еден ноќен стрип-клуб во Лас Вегас прокоцкал педесетина илјади долари.
Атлетика
Геј побрз од Картер во Загреб
Шлаг на митингот „Ханжековиќ“ во Загреб беше пресметката на двајцата најдобри спринтери во моментов Несто Картер и Тајсон Геј кои со 9.78 секунди го имаат најдобриот резултат на годината на стотка. Славеше Геј со 9.92, најбрза трка која ја доживеа Загреб.
„По 80 метри случајно го удрив Картер со рака поради што и двајцата забавивме. Се извинувам и навистина ми е жал. Трката не беше побрза затоа што малку побавно стартував, а и поради инцидентот. Да не се случеше тоа веројатно времето ќе застанеше околу 9.80 секунди.
Во скок во височина домашната миленичка Бланка Влашќ немаше вистинска конкуренција. Без поголеми проблеми сплиќанката се качи на највисоката скала со прескокнати 202 сантиметри.
Формула 1
Само господ знае што прави Фетел
Шефот на Мекларен Мартин Вајтмарш остро го критикуваше Себастијан Фетел по судирот со Џенсон Батон за време на Големата награда на Белгија. Германецот оваа сезона направи низа тешки грешки и е најголемо возачко разочарување на годината, заедно со Фернандо Алонсо. За судирот со Вебер во Турција можеби е делумно виновен, но почетничката грешка во Будимпешта и судирот со Батон во Белгија, се исклучиво негови грешки. Ред Бул најдобриот болид на патеката, во негови раце делува прилично ранливо. Се' повеќе се оние кои го критикуваат младиот германски возач, а им се придружи и шефот на Мекларен Мартин Вајтмарш.
„Себастијан им се препушти на лошите навики. Тој е дете кое секогаш се судира. Тоа не е нешто што очекуваш да го видиш во Формула 1, туку во јуниорските категории“, изјави првиот човек на британскиот тим кој не мисли дека Фетел тоа го прави намерно, но не му е јасно што прави на патеките.
„Знам дека тоа што се случи не беше намерно, но во најмала рака, беше чудна грешка. Ако одеше на внатрешната страна таму имаше само три сантиметри да мине и само господ знае што сакаше, а на крајот ја загуби контролата“.
Големата грешка на Себастијан Фетел скапо го чинеше и него и Џенсон Батон, обајцата останаа без важни бодови во борбата за титулата светски првак. |