Челзи пријави само четири домашни фудбалери
Обидот на Фудбалската федерација на Англија да го смали бројот на странци во клубовите заврши неславно. Летниот преоден рок заврши во средата, а откога се' се сумираше Ф.А дојде до заклучок дека ретко кој од големите клубови се придржувал до правилата.
Имено, оваа сезона беше дозволено тимовите да пријават максимум 17 играчи надвор од Англија и Велс и минимум осум домашни фудбалери. Ама ништо од тоа. Нормата од 25 фудбалери многу екипи не ја исполнија. Во таа трансферна збрка профитираа Овен Харгрејвс од Манчестер јунајтед кој остана во тимот, иако сигурно ќе беше отпишан, како и Роке Санта Круз, кој веќе најави заминување од Сити. Таа среќа ја немаше Џонатан Вудгејт, кој поради повреда испадна од конечниот список на Тотенхем.
Челзи предничи по малиот број домашни фудбалери - само четири (Тери, Лампард, Ешли Кол и голманот Рос Трнбал). Арсенал има неверојатни 70 играчи во својот погон, од кои поголемиот број се под 21 година. Најголем број пријавени играчи кои конкурираат за првиот тим има Ливерпул, а потоа следи Сити. „Црвените“ пријавија дури 37 играчи кои му се на располагање на Хоџсон, а Сити 33.
Манчестер јунајтед е еден од ретките тимови кои ги задоволуваат критериумите. Овој гигант пријави 19 играчи, од кои 10 странски и девет домашни. Балансот зад кој стои Фергусон очигледно дава резултати.
Челзи
Странски играчи: 19
Домашни играчи: 4
Вкупно 23
Манчестер Ј
Странски играчи: 10
Домашни играчи: 9
Вкупно: 19
Арсенал
Странски играчи: 23
Домашни играчи: (70 играчи од домашниот погон од кои повеќето се помлади од 21 година, само четири англиски или со велшка националност)
Ливерпул
Странски играчи: 22
Домашни играчи: 15
Вкупно: 37
Тотенхем
Странски играчи: 14
Домашни: 15
Вкупно: 29
Манчестер Сити
Странски играчи: 20
Домашни играчи: 13
Вкупно: 33 |