Германија ќе ги поскапува цигарите
Германската влада планира да го зголеми данокот на цигарите и на другите тутунски производи во следните четири години, со што сака да го дополни дефицитот од приходите од данокот на енергенсите.
Портпаролот на германската влада, Кристоф Штегманс, изјавил дека владата го прифатила планот со кој данокот ќе се зголеми преку „умерени чекори“ од следниот мај па се' до 2015 година.
На овој начин, цената на кутија со 19 цигари ќе се покачи од сегашните просечни 4,6 евра до пет. Цел на владата е на овој начин да добие дополнителни 200 милиона евра. (Ек.Р.) |