Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Органска��а храна барана стока

Побарувачката на органски производи во светски рамки секоја година се зголемува и речиси се изедначува со пласманот на конвенционалните, додека во Македонија потрошувачката е се' уште многу мала, најмногу поради слабата куповна моќ на граѓаните.

„Кај нас се' уште нема поголем пласман на органското производство, синџирот меѓу производителите, трговците и потрошувачите не е целосно формиран. Производството е околу 50 отсто поскапо од конвенционалното, а приносот е мал. Финансиските резултати се видливи по подолго време. Засега се' уште ги немаме, но голема е сатисфакцијата што произведуваме здрава храна“, изјави Ѓорѓи Хаџикотаров, претседател на Федерацијата на производители на органски производи, за време на отворањето на традиционалната манифестација „Ден на органското производство“ во рамки на саемот „Агрофуд 2010“.

Органските производи просечно се за 20-30 отсто поскапи од конвенционалните. „Еден килограм органски мед чини од 250 до 300 денари. Но, цената не е секогаш најбитна. Потрошувачите веќе препознаваат квалитет и ако им се нудат два типа производа, тие ќе се одлучат за органскиот. Свеста се' повеќе се развива“, смета Хаџикотаров.

Според него, засега во Македонија органски најмногу се произведуваат мед и различни видови овошје, а најмалку градинарски производи иако се најбарани. Месото и млекото годинава беа водечки во однос на зголемениот број органски производители.

„Од досега постигнатото во оваа сфера, вклучувајќи ги развојот, стратегијата и проекциите за натамошен напредок на произведувањето органска храна, оправдано се сметаме за лидер во регионот“, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. (МИА)


#
Статијата е прочитана 519 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Слабата администрација ги крахира тендерите
Една година „Оне“ расте и се развива
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Германија ќе ги поскапува цигарите
Хрватскa оди кон катастрофа
„ВТИ Маседонија“ прв виртуелен мобилен оператор во земјава
Украина би не' гасификацирала






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry