Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Една година „Оне“ расте и се развива

Заклучно со септември 2010, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници, што претставува раст од 21 отсто споредено со истиот период лани

Со раст и развој во сите сегменти од своето работење, телекомуникацискиот оператор „Оне“, сопственост на „Телеком Словенија“, групацијата заокружи една година од работењето на македонскиот телекомуникациски пазар. Со големо искуство, континуирани инвестиции, иновативни и развојни проекти, „Оне“ се етаблираше како технолошки лидер на македонскиот пазар, кој прв пат ја понуди 3-Г услугата, прв лансираше пристап до безжичен Интернет, стана прв алтернативен оператор во фиксна телефонија и прв оператор што лансираше безжична дигитална телевизија – Бум ТВ.

Во изминатата година „Оне“ успешно го реализираше спојувањето на трите компании („Космофон“, „Германос“ и „Он-нет“) и ја оптимизираше ефикасноста, што доведе до уште подобри резултати во целокупното работење. Тоа не предизвикало, пак, намалување на бројот на вработените, туку прераспоредување на дел од нив на други работни места поради воведените нови услуги.

Заклучно со септември 2010 година, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници со што бележи раст од 21 отсто споредено со истиот период лани.

Преку инвестициите за изградба на најсовремена сопствена мрежа, „Оне“ обезбедува покриеност на 99,5 отсто на населението со квалитетен и непречен сигнал во мобилната и во фиксната телефонија, а како резултат на инвестициите во развој на најсовремената дигитална мрежа низ целата земја, „Оне“ овозможи покриеност на 92 отсто од населението во Македонија со сигналот на првата дигитална безжична телевизија Бум ТВ и ја зацврсти својата позиција на технолошки лидер на пазарот. Заклучно со 30 септември 2010 година, Бум ТВ има 40 илјади активни корисници, со што преставува најбрзорастечка платформа за дистрибуција на ТВ-сигнал во Македонија.

„Растот во сите сегменти е најдобар доказ дека сме на вистинскиот пат и претставува дополнителен мотив да продолжиме да работиме во интерес на корисниците, посветени на спроведувањето на компаниската политика да креираме и да нудиме услуги достапни за сите, без финти и скриени трошоци, притоа збогатувајќи го животот со комуникација и забава”, истакна вчера генералниот извршен директор на „Оне“, Клавдиј Годнич.

Супериорниот телевизиски пакет од најпопуларните македонски и странски ТВ-канали, кои безжично се пренесуваат со одличен квалитет на сликата и звукот секаде во Македонија – Бум ТВ станува уште поатрактивен со воведување на новата услуга за паузирање, снимање и премотување. Со ПВР корисниците самите можат да одберат време и одложено да ги проследат омилените ТВ-серии, фудбалски натпревари, музички емисии... (А.С.)


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар

Од: Marjan
Датум: 12.11.2010 12:39:17
se e odlicno osven internet uslugite...od one ili on net WADSL internet e katastrofa ..... toa treba da se razvie podobro a i cenata da se namali najmalce za 50% .
Од: Vili
Датум: 12.11.2010 14:21:09
Ne e tocno deka slikata i tonot na boom tv se besprekorni. Mnogu cesto slikata "mrzne", a tonot bruji. toa treba da se popravi.

Најди! во Утрински
Економија
Слабата администрација ги крахира тендерите
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Германија ќе ги поскапува цигарите
Органската храна барана стока
Хрватскa оди кон катастрофа
„ВТИ Маседонија“ прв виртуелен мобилен оператор во земјава
Украина би не' гасификацирала






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry