Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада

Акра - Заборавете на нафтата и на водата за пиење, бидејќи светот наскоро може да остане без најскапоцената слатка работа - чоколадата, без што многумина не можат да живеат, предвидува Џон Мејсон, извршен директор на Истражувачкиот совет за заштита на природата од Гана.

„За 20 години чоколадата би можело да стане исто како и кавијарот“, изјави Мејсон, нагласувајќи дека чоколадата ќе стане толку ретка и скапа, така што просечниот човек не ќе може да си ја дозволи.

Можеби звучи неверојатно, но на ваков заклучок наведува едноставната пресметка за одгледувањето какао. Одгледувањето какао е работа што бара многу труд и време, а западноафриканските фармери што го произведуваат веќе не добиваат доволно поттик за да продолжат со процесот што трае од три до пет години.

Првиот недостиг, најверојатно, ќе се почувствува во форма на намален процент на какао во чоколадните производи, во кои се' повеќе ќе се употребуваат алтернативните супстанции. Во 2008 година цените на чоколадата се зголемија до тој степен што поевтините производи практично не може да се наречат чоколада, бидејќи место од какао се произведуваат од растително масло. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1706 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Слабата администрација ги крахира тендерите
Една година „Оне“ расте и се развива
Германија ќе ги поскапува цигарите
Органската храна барана стока
Хрватскa оди кон катастрофа
„ВТИ Маседонија“ прв виртуелен мобилен оператор во земјава
Украина би не' гасификацирала






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry