Украина би не' гасификацирала
„Украина е подготвена да учествува во изградбата на гасоводот во Македонија, кој треба да биде дел од ’Јужен поток‘“, изјави завчера во Киев портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Александар Дикоусаров.
„Украинската страна изрази свој интерес за изградба на повеќе од 400 километри гасоводна мрежа во Македонија, која се проценува на околу 400 милиони евра“, рече тој.
Минатата недела за време на состанокот со премиерот Никола Груевски, претседателот Виктор Јанукович веќе изјави дека Украина сака да реализира во Македонија проекти од енергетскиот сектор, градежништвото и транспортот. Груевски посочи дека украинска компанија ќе подготви техничката документација за инсталација на еден крак од „Јужен поток“. (М.Т.) |