„ВТИ Маседонија“ прв виртуелен мобилен оператор во земјава
„ВТИ Маседонија“ е прва компанија која во Агенцијата за електронски комуникации се нотифицира за работење на македонскиот пазар и во мобилни комуникациски услуги со користење туѓа мрежа, односно како виртуелен мобилен оператор.
„Заинтересирани страни неколкупати пројавија интерес за постојните услови за пристап до мрежа и почнување со работа на виртуелен мобилен оператор. Моментно компанијата ’ВТИ Маседонија‘ има добиено серија од 100.000 броеви за обезбедување телефонски услуги“, соопшти АЕК.
Нотифицираната компанија за виртуелен мобилен оператор би работела на пазарот во Македонија во конкуренција на постојните три оператори „Т-мобиле“, операторите „Оне“ и ВИП.
Виртуелниот оператор може да издава свои СИМ-картички, да поседува сопствен мобилен мрежен код, мобилен комутациски центар, да склучува договори за користење интернационален роаминг за своите претплатници, да менаџира со доделени серија броеви, како и да обезбедува услуги што ќе се продаваат под негов сопствен бренд. (Ек.Р.) |