Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Бабунски селектор за еден меч

Шефот на младата селекција ќе ги води сениорите само на пријателскиот натпревар во Азербејџан на 10 август

Миодраг Мицковиќ

Бобан Бабунски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, ќе ја води најдобрата македонска селекција на пријателскиот натпревар со Азербејџан, што ќе се одигра на 10 август во Баку. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Хари Хаџи-Ристески, вчера разговараше со Бабунски, кој прифати да ја води репрезентацијата само на оваа средба, за која денеска ќе го објави списокот на кандидатите. Тоа мора да се направи порано заради вадењето визи за Азербејџан.

Што се однесува до прашањето кој ќе го замени Мирсад Јонуз на кормилото на репрезентацијата, тоа се' уште е отворено. Се' ќе зависи од групата во која ќе се најде Македонија во квалификациите за Светското првенство 2014 во Бразил. Тие треба да почнат во септември 2012 година, до кога ќе завршат и квалификациите за Европското првенство, кои за нашиот национален тим повеќе не се интересни, со оглед на тоа дека ги загуби сите шанси за настап на завршниот турнир во Полска и во Украина.

„Еднаш веќе изјавив, пак ќе повторам, нема потреба од брзање во изборот на нов селектор“, ни рече Хаџи-Ристески пред поаѓањето за Рио де Жанеиро, каде што првиот човек на ФФМ в сабота ќе присуствува на извлекувањето на квалификациските групи за мундијалот во Бразил. „Со најсериозните кандидати за селекторската функција ќе разговараме по ждрепката за квалификациите. Се' ќе биде познато на 3 или 4 август. Верувам дека новиот селектор ќе присуствува на пријателскиот меч со Азербејџан, за да ги види нашите можности, но нема да ја води селекцијата“.

По покана од Светската фудбалска федерација на ждрепката во Рио, покрај претседателот на ФФМ, ќе присуствуваат и потпретседателот Кенан Идризи, како и генералниот секретар Игор Климпер. Челниците на нашата федерација очекуваат Македонија да се најде во група со барем една од светските велесили Германија, Франција и Италија, со кои никогаш не сме се сретнале во квалификациите ниту за СП ниту за ЕП, а кои би биле магнет за полнење на трибините на стадионот „Филип Втори“.


#
Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Црн понеделник на градилиштата
За Илинден или на плажа или во спа-центар
Отворен стечај за А1 телевизија
Лустрацискиот воз излета од шините
Внимателно со зеленото копче
Политичари ќе висат на зградата на МНР за 1,8 милиони евра
Груевски - Владата ќе работи за подобра иднина на секој граѓанин
„Морал“ ќе слави со нови песни
Заспана совест
Приведени тројца Македонци вмешани во меѓународна трговија со кокаин
Ги сакам миговите на самотија
Забоболка, па што?
Претседателот Иванов помилува 85 лица
Бившиот сопруг исфрлен од тестаментот
Нов министер, стара дипломатија
Прво злато за Мајкл Фелпс на СП во Шангај
Преспа во еднодневна туристичка ренесанса
Собранието ја почна седницата за избор на новата влада
Затвор за 5.000 евра затаен данок
Просечната бруто плата во мај 30.736 денари, а нето 20.954 денари
Крали Марко и Скендербег - херои во манифестот на Брејвик
Онлајн вести

"""