Ејми Вајнхаус,
Семејството го добива наследството

Ејми Вајнхаус, која беше погребана вчера, го исфрлила бившиот сопруг Блејк Филдер Сивил од тестаментот и тој нема да добие ни пени од нејзиниот богатство, кое моментално вреди 10 милиони фунти.
Како што пишуваат британските медиуми, Ејми по разводот во 2009 година, се погрижила Блејк да не добие ништо од нејзините пари. Во традиционалната листа на милионери што ја објавува „Сандеј тајмс“, богатството на Ејми е проценето на шест милиони фунти, но таа цифра веќе достигнала 10 милиони.
Правните експерти велат дека наследството од Ејми ќе биде поделено меѓу членовите на нејзиното најблиско семејство: мајка и' Џенис, која страда од мултиплекс склероза, таткото Мич и постариот бр��т Алекс. Близок семеен пријател рекол дека е тешко да се очекува едноставен расплет на ситуацијата околу поделбата на имотот зашто таткото на Ејми е многу доминантен и има големо влијание врз нејзината мајка, иако се развеле кога пејачката имала девет години. На погребот, одржан вчера во Лондон, присуствувале само семејството и неколку најблиски пријатели и соработници на Ејми Вајнхаус. |