Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Здравствената каса нема пари, ама не е во банкрот

За идната година ФЗО успеал да се избоксува за 353 милиони евра, најмногу досега


Здравствената каса нема доволно пари, но не е во банкрот, тврдат здравствените власти. Напротив, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за идната година ќе добие повеќе пари, но како и секоја година, тие не се доволни зашто трошоците постојано се зголемуваат, како за лекови, така и за боледувања и други расходи. Фондот за 2011 година успеал да се избори од Владата за 70 отсто од бараните средства, односно од 365 милиони евра, колку што Фондот барал пари од Владата за следната година, одобрени се околу 353 милиони евра, колку што е и' во предлог-буџетот. Фондот има практика секогаш кога преговара за буџетот со Владата да оди со најцрните сценарија за на крај да добие речиси колку што му треба. Едно од тие сценарија е и тоа што беше објавено во јавноста, но анализата е стара и е од летоска, пред донесување на ребалансот на буџетот за оваа година.

„Во август беше направена една сеопфатна анализа како платформа за почнување преговори со Министерството за финансии за буџетот за 2011 година. Но, од анализата се извадени од контекст одредени селектирани реченици“, тврди директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова, која додаде дека во јавноста не треба да се создава паника.

За првиот фондовец, најбитно е што Фондот годинава обезбеди согласност од Владата за постојано зголемување на здравствениот буџет. „Првиот резултат беше ребалансот на буџетот за 2010 година со дополнителни 16 милиони евра, а вториот ефект е предлог-буџетот на Фондот за 2011 година со дополнителни 21 милион евра. Историски гледано, предлог-буџетот за 2011 година на Фондот ќе биде највисок досега и ќе изнесува 353 милиони евра“, додаде Парнарџиева-Змејкова.

Во 2006 година буџетот на ФЗО беше околу 260 милиони евра, во 2009 година околу 310 милиони евра, а годинава околу 330 милиони евра.

Но, за Фондот и натаму е проблемот на собирање средства по основа на здравствениот придонес. Директорката Парнарџиева-Змејкова призна дека овие средства не се постојани, односно нивниот прилив е цик-цак, два месеца може да се намалува приливот, а третиот месец да се движи по нагорна линија.

И покрај тоа што се најавуваат различни апокалиптични сценарија за здравството, министерот за здравство Бујар Османи е категоричен дека во овој сектор суштинските реформи се спроведуваат. „Моментално се спроведуваат проекти од стотици милиони евра и сите тие приказни за колапс на здравството се неточни“, потенцира министерот Османи упатувајќи порака до здравствени работници, како и до пациентите и граѓаните да останат спокојни. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 876 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 26.11.2010 13:22:44
a da ja preispita fondot potrebata od negovo postoenje? da se prebroi i da presmeta za kolkav broj administracija stanuva zbor. Bi mozel da bide zamenet samo so edna sluzba vo ministerstvoto za zdravstvo. a?
Од: spire
Датум: 26.11.2010 14:31:39
A koja e ova kuklevo na slikava...... pretstavnik za MIS na Makedonija ili nesto drugo...... so vakvi nedokvakani kadri li se vodat vakvi vazni resori?????? Felix, i od Grujo da e, premnogu e, sigurno i ti se slagas so ovaa konstatacija...... Detska gradinka ne vodi drzava nikade vo svetot.....Osven Makedonija, zemja na apsurdite......
Од: vase
Датум: 26.11.2010 15:25:38
Za da dava komentari bilo koj od odredena oblast bi trebalo da e na isto obrazovno nivo so licnosta za koja se dava komentarot za da komentarot da bide izdrzan.Sekoj si ima svoe mislenje za bilo koja tema.Megutoa treba da se ceni vrednosta na licnosta za koja se dava komentarot i licnostite koj garantiraat za vrednosta na samata licnost.Zdrastvoto si e dobro i korespondira so zivotniot standard na naselenieto vo R.Makedonija.
Од: Kalimero
Датум: 26.11.2010 19:43:01
Portokalovite batki uspeale za 3 godini da go zgolemat budzetot na fondot za 50 milioni evra, a od toa da ne vidat nikakva fajda graganite. Mislam deka toj fond postoi od osigurenicite za gragnite na Makedonija. Znaci 50 miliona evra poveke ovie batki trosat na nivnite gluposti, t.e. `reformi` vo zdravstvote. E sto e mnogu kradenje mnogu e. Kolku portokalovi bolnicari se svirat po bolnicite, dodeka javnoto zdravstvo e vo kolaps. Dvajca menadzeri, dzabe vi se i 5 da stavete, kradete na sekoj cekor. .Zdrastvoto si e dobro i korespondira so zivotniot standard na naselenieto vo R.Makedonija. - Ovaa e komentar na Vase i bi go dopolnil, Zdravstvoto korespondira so Bladata koja go vode.
Од: Komentator
Датум: 27.11.2010 12:06:42
vo ovaa golema recenica a ne vo vinoto.. se krie vistinata ...nemame pari ama ne sme bankrot...E..sega neka nekoj mi objasni jas veke na dvaesti vidov vo paricnikot i vo banka deka nemam denar poveke od penzijata ...neka nekoj ubavo mi objasni nekoj dobar ekonomista dali jas sega sum bankrot....ili do idniot peti mozam prirodno da ziveam bez hrana voda i taka nataka ...sto znaci iako nemam pari ne sum BANKROt:....

Најди! во Утрински
Политика
Ивановски ја поднесе тужбата до Врховен
Нема квадрат под илјадарка
Каменица има топлана, ама ќе се грее на дрва
Електронски картички за студентите
Ајтов - омилен синдикалец на неколку министри за одбрана?
Македонската агенција пишува на бугарски
Со формална превенција нема здрави заби
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars